Родик: Алкараз е комбинација од Ѓоковиќ, Федерер и Надал

 Шампионот на УС Опен од 2003 година, Енди Родик, оцени дека Карлос Алкараз е комбинација на големата тениска тројка Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

Според поранешниот американски тенисер, најдобрата верзија на Шпанецот ќе дојде кога нема да има потреба постојано да биде извонреден.

„Мислам дека во нашата генерација играчите сакаа да го гледаат Роџер бидејќи тој беше технички супериорен“, рече Родик (41) на својот поткаст „Сервирај со Енди Родик“.

„Алкараз е речиси комбинација од трите, но тој сè уште го пронаоѓа својот пат. Мислам дека неговата најдобра верзија ќе биде кога ќе користи малку повеќе од Новак во својата игра, кога ќе ги направи работите малку подосадни и не секогаш спектакуларни“. додаде Родик.

Јанчев: Интензивно се работи на изградбата на кејот на реката Луда Мара до болницата

Интензивно се работи на изградбата на кејот на реката Луда Мара до Општа болница Кавадарци која ќе го дополни убавиот кеј кој се протега се до с.Ваташа.

Во тек е изградбата на минор коритото, ќе се постави ново улично осветлување и урбана опрема, ќе се продолжи кеј-шеталиштето што претходно беше најзапуштениот дел во нашиот град. Проект од особено значење за овој дел на градот. Финансиската конструкција за овој проект изнесува 1 милион евра.

Кавадарци за сите, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Омилениот нискобуџетен филм на Тарантино

 Квентин Тарантино е познат по љубовта кон среднобуџетните и нискобуџетните тн. „Б-филмови“ и слични „жанровски експерименти“.

Оние филмови, пак, коишто тој ги режираше, како „Убиј го Бил“ 1. и 2. дел и „Отпорен на смртта“, се класици што неодоливо потсетуваат на акционите филмови од 1970-тите. Таа страст го навлекла режисерот и на култниот филм „Побрзо, маче, убиј, убиј!“ (Faster, Pussycat! Kill! Kill!) во режија на Рас Мајер, од 1965 година.

А пак, една од глумиците во тој филм - Сузан Бернард имала посебно влијание врз Тарантино. Следствено, нејзиниот син - режисерот Џошуа Џон Милер за „Колајдер“ (Collider) споделува како, додека работел на својот филм „Егзорцизам“, Тарантино неочекувано му се јавил...

- Тој ми рече: „Само што гледав филм со Вашата мајка, и тоа е најдобриот филм што некогаш сум го гледал, и никој не знае за тоа!“, открива Милер.

Тој тоа го сфатил како знак на поддршка и дополнителна мотивација да го заврши својот проект.

Филмот на Милер, во којшто глуми Расел Кроу, имал тежок пат до реализацијата. Снимањето почнало 2019 година, но пандемијата го одложило, па тоа продолжи дури во 2023 година „Егзорцизам“ беше премиерно прикажан на 21 јуни оваа година - на истиот датум, но пет години по смртта на Сузан Бернард. Тарантино, пак, дента го прикажа филмот „Побрзо, маче“ во полноќната програма на неговото омилено кино. Милер се пошегува:

- Ако не Ви се допаѓа филмот, внимавајте - мајка ми ќе дојде по вас.

Иако „Побрзо, маче, убиј, убиј!“ беше критички и комерцијален неуспех по издавањето, подоцна стана култно дело поради субверзијата на родовите улоги во 1960-тите. Очигледно, Тарантино го смета за еден од најдобрите филмови на сите времиња. /МИА

Претседателката Сиљановска Давкова го прими Венко Филипче

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими Венко Филипче, претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и претседател на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието.

На средбата беа разменети мислења за општествениот амбиент, со посебен акцент на политичките и безбедносните состојби.

Во разговорот Венко Филипче ја информираше претседателката за актуелните партиски промени врзани за изборот и конституирањето на новите партиски органи и функционери.

Во својство на претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче ја нагласи потребата од активна соработка на Советот со Владата во функција на спроведување на Планот за раст и Реформската агенда.

Претседателката го информираше за нејзиното видување на евроинтеграцијата и можните решенија за отпочнување на преговорите со Европската Унија, соопштуваат од Кабинетот.

притисни ентер