Роботите до 2030 ќе избришат 20 милиони работни места

Како што автоматизацијата продира во нашиот секојдневен живот, зголемувањето на бројот на роботи може да избрише 20 милиони слободни работни места до 2030 година.

Оваа прогноза произлегува од новата студија објавена денеска од Оксфорд Економикс, независна истражувачка компанија од Британија."Иновациите во областа на вештачката интелигенција, машинското учење и компјутерската сила сугерираат значително забрзување во примената на роботите во услужните дејности ", се вели во студијата објавена денеска.

Студијата анализира седум напредни економии во светот: САД, Германија, Британија, Франција, Шведска, Јужна Кореја, Јапонија и Австралија.

"Овие земји беа избрани врз основа на квалитетот на достапните податоци, и затоа што тие се претставници на глобалната економија. Можеме да претпоставиме дека големите градови ќе бидат под помало влијание од руралните економии ориентирани кон производство ", изјави Едвард Коун од Оксфорд Економикс, еден од авторите на студијата.

Од 2000 година, околу 1,7 милиони работни места низ целиот свет се изгубени поради роботиката. Секој нов робот заменува околу 1,6 работници во производството, што би можело да доведе до намалување производната работна сила до 2030 година, за 8,5 отсто помалку од денес.

"Да, магацинските работници од Амазон веројатно ќе ги заменат роботите во наредните две до три години, но не очекувам луѓето да бидат заменети со роботи кои работат во неструктурирани услови за уште 20 до 30 години. Сè уште има нови достигнувања ", вели Каи-фу Ли, претприемач и поранешен виш директор во Гугл и Мајкрософт.

"Клучниот момент на овие приказни е импликациите во реалноста. Фрустрирачки е тоа што роботите ќе ги заменат работниците, кои потоа ќе одат во други сектори. Но, роботите потоа ќе дојдат и во тие сектори. Роботите нè превземаат. Ние можеме да се движиме од производство до изградба или транспорт, но роботите, исто така, ќе ги загрозат овие работни места ", вели Едвард Коун.

Сепак, роботите можат да подобрат некои сектори, како што се здравствената заштита, каде што машините можат да работат заедно со луѓе, наместо да ги заменат. Оваа студија е поврзана со неодамнешната CitiGroup студија наречена "Технологија на работа v4.0", што покажува дека околу 47 проценти од сите работни места во САД ќе бидат заменети со автоматизација и вештачка интелигенција. CitiGroup исто така откри дека употребата на роботи ја зголемува ефикасноста во голем број индустрии. Во банкарскиот сектор, виртуелните финансиски советници се 80 отсто поекономични од луѓето и можат да одговорат секој ден на 1,5 до два милиони кориснички прашања.

Ова исто така значи дека зголемувањето на бројот на роботи за 30 отсто до 2030 година довело до зголемување од околу 4,9 трилиони долари во глобалниот БДП, што е еквивалентно на денешниот БДП во Германија.

Подемот на роботиката уште повеќе ќе ја зацврсти позицијата на Кина како центар на светското производство. Во моментов, секој трет робот работи во Кина. До 2030 година ќе ги има 14 милиони.

ЛШ: Тројца фудбалери на Баерн неизвесни за дуелот со Реал

Фудбалерите од средниот ред Џамал Мусиала и Конрад Лајмер, како и дефанзивецот Матијас де Лихт се под знак прашалник за првиот натпревар од полуфиналната пресметка на Баерн Минхен во Лигата на шампионите против Реал Мадрид

Фудбалерите од средниот ред Џамал Мусиала и Конрад Лајмер, како и дефанзивецот Матијас де Лихт се под знак прашалник за првиот натпревар од полуфиналната пресметка на Баерн Минхен во Лигата на шампионите против Реал Мадрид идниот вторник, објави германскиот клуб.

Мусиала вчера не настапи во победата на Баерн во Бундеслигата над Ајнтрахт Франкфурт поради воспаление на тетивата.

„Тој навистина сакаше да игра, а и ние. Имаше два дена кога не чувствуваше никаква болка, но тоа повторно се врати вчера“, објасни тренерот на Баварците, Томас Тухел.

Лајмер го истегна зглобот на натпреварот со Ајнтрахт, додека Де Лихт има повреда на лигаментите на коленото.

„Ќе видиме дали и двајцата ќе бидат подготвени за натпреварот во вторник. Ќе треба да почекаме да видиме што ќе покажат дополнителните тестови“, додаде Тухел.

Во Скопје санкционирани 142 возачи, 52 за брзо возење

Вкупно 142 мерки, меѓу кои  52 за непочитување на брзината на движење се изречени во контролите на сообраќајот што вчера ги спроведе Секторот за внатрешни работи Скопје на територија на град Скопје.

Како што информира МВР, при тоа се изречени и 15 мерки за возење без возачка дозвола, шест за користење мобилен телефон при возење, шест за управување под дејство на алкохол,...

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат сообраќајните контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, какао што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски убиен кај Вејце

Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце.

Мурал со ликот на Бобан Трајковски денеска на пладне ќе биде откриен во центарот на Куманово, во рамките на одбележувањето на 23-годишнината од неговата трагична смрт кај тетовското село Вејце.

Муралот е изработен од уметниците Младен Трендевски - Трендо, Горан и Дејвид, сограѓани на Бобан, а организатори на настанот се Здружението Сила и колегите на Трајковски од специјалната единица Волци.

На 28 април 2001 година, во 17:45 часот, се случи масакрот во Вејце, кога осуммина припадници на специјалната единица Волци и полицајци од посебната единица беа начекани во подмолна заседа и беа убиени, а потоа масакрирани и запалени.

притисни ентер