Во Скопје санкционирани 142 возачи, 52 за брзо возење

Вкупно 142 мерки, меѓу кои  52 за непочитување на брзината на движење се изречени во контролите на сообраќајот што вчера ги спроведе Секторот за внатрешни работи Скопје на територија на град Скопје.

Како што информира МВР, при тоа се изречени и 15 мерки за возење без возачка дозвола, шест за користење мобилен телефон при возење, шест за управување под дејство на алкохол,...

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат сообраќајните контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, какао што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети

Американската компанија „Епл“ ги претстави новите модели на „Ајпад про“, а познавачите сметаат дека се работи за можеби највпечатливите подобрувања досега. Речиси сѐ околуу нив е ново и подобро од порано, велат стручњаците.

Новиот таблет се напојува со „М-4“ процесор што е 1,5 пати побрз од „М-2“, и до четирипатипати подобри перформанси. Делотворноста е надополнета со вештачка интелигенција. Покрај тоа, ова е и најтенкиот производ на „Епл“ воопшто - 11-инчниот модел е 5,3 мм, а 13-инчниот модел е 5,1 мм. тенок. Алуминиумската обвивка на таблетот, којашто е достапна во сребрена и „вселенско“-црна боја, е направена од 100 отсто рециклирани материјали.

Говорејќи за екраните, „Мини-ЛЕД“ и „ИПС ЛЕД“ се веќе минато и се заменети со „ОЛЕД“ технологија. Тоа ја приспособува брзината на слики меѓу 10 и 120 херци, со резолуција од 2.420 x 1.668 пиксели за 11-инчниот модел или 2.752 x 2.064 пиксели за моделот голем 13 инчи.

„Епл“ ја претстави и „Пенцил про“ верзијата со новиот сензор чувствителен на стискање, што може да се користи за брзо менување на поставките.

Новите модели на се достапни на интернет-продажба во 29 земји. Во продавниците на „Епл“ пристигнуваат на 15 мај. Во зависност од спецификациите и големината, „Ајпад про“ чини од 1.200 до 2.760 евра, конкретно во Германија.

По желба, на заштитното стакло може да се додаде нано-текстура за да се намали отсјајот и светлоста. Овој додаток чини 130 евра и е достапен само за моделите со меморија од 1 и 2 терабајти.

Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име

Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Сиљановска Давкова.

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова во своите јавни настапи има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, почитувајќи ги основните човекови права и слободи и согласно европските вредности и начела, информира денеска Кабинетот на претседателката.

Претседателката Сиљановска Давкова, како што се наведува во соопштението, ќе се придржува до официјалната примена на уставното име.

- Согласно Уставот, како што беше подготвена од службите на Собранието, свечената заклетва беше потпишана со користење на уставното име. Македонските институции во последниве пет години речиси целосно ги исполнија обврските од Преспанскиот договор и претседателката очекува сите македонски партнери да ги почитуваат билатералните и мултилатерални обврски кои ги презеле кон земјата, се вели во соопштението.

Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија

 Вулканот Ибу на островот Халмахера во Индонезија еруптираше денеска во траење околу пет минути, исфрлајќи пепел пет километри високо во воздухот, соопшти индонезискиот Центар за вулканологија и геолошки опасности.

Засега не се издадени наредби за евакуација.

Во сила е третото ниво на предупредување, од вкупно четири, а забранети се сите активности во радиус од пет километри, изјави раководителот на Центарот Хендра Гунаван.

притисни ентер