Ристевски: Заборавете го Кејнс, заборавете државна интервенција

„ Може да се постави радикална економска реформа“

Владата е таа што треба да владе, да престане да се однесува како да е опозиција, сега е на власт. Да излегува секојдневно со решенија, не ова СДСМ, она СДСМ. Не може во првите 100 дена да излезете со политики на гаснење пожар. Може да се постави радикална економска реформа. Заборавете го Кејнс, заборавете државна интервенција. Ние имаме слободен пазар, само отворениот пазар може да реши дисторзија на цени и се останато. Гаснат бизниси, илјадници мали и микро бизниси гаснат секојдневно. Имате фискална политика, даночно ќе растеретувате за да поттикнете понуда на пазарот, понудата ја следува ценовната дисторзија. Ако следиме поединечно, има шетање по идеологии. По овие стратегии и политики владата треба да застане и да каже „ова е нашата радикална економска реформа, ова е нашата политичка реформа“, рече Љупчо Ристовски во Само Вистина.

Ди Каприо се врати во Америка, со девојката забележани на улиците на Њујорк

После долгиот одмор во Италија, Леонардо ди Каприо се врати во Америка.

Тој е снимен со неговата 26-годишна девојка Виторија Серети на улиците во Њујорк додека се возат со изнајмени велосипеди. 49-годишниот актер носел маска на лицето.

Леонардо минатата недела беше во Рим, каде заедно со неговата девојка ги видоа најголемите знаменитости. Мајката на актерот Ирмелин Инденбиркен и очувот Дејвид Вард биле со познатиот пар во Рим.

Потсетуваме, се шпекулираше дека Ди Каприо сака да побегне од скандалот кој ја тресе Америка.

Имено, актерот се најде во фокусот на јавноста поради наводните снимки кои откриваат дека се дружел со Диди. Се дозна дека Ди Каприо бил омилен гостин на забавата на Диди. Во клип од 2018 година, кој неодамна беше повторно објавен, Вог го праша Диди кој е број еден на неговата листа на гости за неговите „бели забави“. Тој одговори: „Леонардо ди Каприо“.

Објавени се и фотографии од „белата забава“ во 1998 година, на кои актерот се смее и пуши. Сепак, извор близок до Ди Каприо вели дека актерот со години не бил во контакт со Диди, иако има докази дека двајцата заедно присуствувале на Демократската национална конвенција на 29 јули 2004 година и дека актерот бил на забавата на Диди за 50-от роденден. .

Извор: Индекс.хр

Зеленски: Северна Кореја се приклучува во војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање до нацијата вечерва рече дека Северна Кореја се приклучува во војната во Украина.

-Меѓу главните работи денеска беше извештајот на разузнавачките агенции за намерите на Русите за есенскиот и зимскиот период. Сè е многу детално. Практично зборуваме за вмешаност на Северна Кореја во војната, рече Зеленски во видео пораката.

Претходно тој предупреди дека Москва и Пјонгјанг, односно рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, се договориле за „префрлање на луѓе“ од Северна Кореја во Русија и Украина за да се борат на страната на Русите.

Кремљ негираше, соопштувајќи дека станува збор за „лажна вест“.

Погба може да ја продолжи кариерата во САД

Пол Погба може да ја продолжи кариерата во првенството на САД. За играчот од средниот ред на Јувентус е заинтересиран за ФК Лос Анџелес, објави во понеделникот италијанскиот новинар Николо Шира.

Триесет и едно годишниот Французин е многу блиску до раскин на договорот со италијанскиот клуб. Веќе беше објавено дека Погба е во преговори со Олимпик Марсеј.

По 32 одиграни натпревари, ФК Лос Анџелес е на второто место во Западната конференција на МЛС.

Светскиот шампион со Франција, Погба, чија забрана поради допинг беше намалена од четири години на 18 месеци, ќе се врати на терените на крајот на ноември на егзибициски меч во Дубаи, објавија организаторите. /МИА

притисни ентер