Ентероколити и овчи сипаници - најчести заразни заболувања во септември

Ентероколити и овчи сипаници се двете најчести заразни заболувања евидентирани во септември, покажуваат податоците објавени во месечниот билтен на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.

Во текот на месец септември до ИЈЗ, пристигнати биле пријави за вкупно 796 заболени лица од акутни заразни заболувања - без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ во Република Северна Македонија, со вкупна инциденца од 43,3 на 100.000 жители.

- Вкупниот број на пријавени лица во месец септември е за 17,2 отсто помал во однос на претходниот месец август 2024 година. Во однос на месец септември 2023 година, се регистрира намалување на пријавените лица од акутни заразни заболувања за 9,9 проценти, додека во однос на аритметичката средина за десетгодишниот период, се регистрира намалување од 50,0 отсто, се наведува во извештајот.

Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции без ХИВ/СИДА, регистрирани биле 13 заболени лица - пријавени се 11 случаи на вирусен хепатитис Б, по еден случај на сифилис и инфекции со хламидија.

Пријавени биле три потврдени случаи на ХИВ и два на СИДА во септември, лица кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 49 години.

Во вкупниот број на пријавените случаи на вакцино-превентабилни болести, 84,4 отсто биле на голема кашлица, појаснуваат од ИЈЗ, како резултат на тековната епидемија на територијата на град Скопје, Куманово и на Тетово.

Во Република Северна Македонија во текот на месец септември, пријавени биле вкупно 288 случаи на Ковид-19. Во текот на месецот, регистрирани биле пет починати лица асоцирани со Ковид-19, сите од возрасната група над 60 години.

Пријавени биле два смртни случаја од акутно заразно заболување - без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ. Првиот регистриран смртен случај во месец септември е од бактериски менингит. Се работи за 74-годишно женско лице од Тетово. Кај пациентот, покрај основната болест, регистриран е и коморбидитет. Вториот регистриран смртен случај е од енцефалитис предизвикан од west nile вирусот (WNV). Се работи за 78-годишно машко лице од Кочани кај кое симптомите на заболувањето започнале на 9 септември, а во КИБФС било хоспитализирано следниот ден.

Во текот на месец септември, пристигнати се 10 пријави за заразни заболувања кај странски државјани кои престојувале во државава. /МИА

Ди Каприо се врати во Америка, со девојката забележани на улиците на Њујорк

После долгиот одмор во Италија, Леонардо ди Каприо се врати во Америка.

Тој е снимен со неговата 26-годишна девојка Виторија Серети на улиците во Њујорк додека се возат со изнајмени велосипеди. 49-годишниот актер носел маска на лицето.

Леонардо минатата недела беше во Рим, каде заедно со неговата девојка ги видоа најголемите знаменитости. Мајката на актерот Ирмелин Инденбиркен и очувот Дејвид Вард биле со познатиот пар во Рим.

Потсетуваме, се шпекулираше дека Ди Каприо сака да побегне од скандалот кој ја тресе Америка.

Имено, актерот се најде во фокусот на јавноста поради наводните снимки кои откриваат дека се дружел со Диди. Се дозна дека Ди Каприо бил омилен гостин на забавата на Диди. Во клип од 2018 година, кој неодамна беше повторно објавен, Вог го праша Диди кој е број еден на неговата листа на гости за неговите „бели забави“. Тој одговори: „Леонардо ди Каприо“.

Објавени се и фотографии од „белата забава“ во 1998 година, на кои актерот се смее и пуши. Сепак, извор близок до Ди Каприо вели дека актерот со години не бил во контакт со Диди, иако има докази дека двајцата заедно присуствувале на Демократската национална конвенција на 29 јули 2004 година и дека актерот бил на забавата на Диди за 50-от роденден. .

Извор: Индекс.хр

Зеленски: Северна Кореја се приклучува во војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање до нацијата вечерва рече дека Северна Кореја се приклучува во војната во Украина.

-Меѓу главните работи денеска беше извештајот на разузнавачките агенции за намерите на Русите за есенскиот и зимскиот период. Сè е многу детално. Практично зборуваме за вмешаност на Северна Кореја во војната, рече Зеленски во видео пораката.

Претходно тој предупреди дека Москва и Пјонгјанг, односно рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, се договориле за „префрлање на луѓе“ од Северна Кореја во Русија и Украина за да се борат на страната на Русите.

Кремљ негираше, соопштувајќи дека станува збор за „лажна вест“.

Погба може да ја продолжи кариерата во САД

Пол Погба може да ја продолжи кариерата во првенството на САД. За играчот од средниот ред на Јувентус е заинтересиран за ФК Лос Анџелес, објави во понеделникот италијанскиот новинар Николо Шира.

Триесет и едно годишниот Французин е многу блиску до раскин на договорот со италијанскиот клуб. Веќе беше објавено дека Погба е во преговори со Олимпик Марсеј.

По 32 одиграни натпревари, ФК Лос Анџелес е на второто место во Западната конференција на МЛС.

Светскиот шампион со Франција, Погба, чија забрана поради допинг беше намалена од четири години на 18 месеци, ќе се врати на терените на крајот на ноември на егзибициски меч во Дубаи, објавија организаторите. /МИА

притисни ентер