Ријана потсети на својот сексепил во сопствената колекција на долна облека (ФОТО)

Популарната пејачка од Барбадос , Ријана ја претстави новата колекција од својата линија на долна облека Savage x Fenty.

Со фотографии на социјалните мрежи потсети на својот сексепил , облечена во долна облека со тропски мотиви. нејзините фанови не штедеа коментари и лајкови.

Најголемиот број ги фалеа нејзините нозе и облините , а имаше и такви кои бараат од музичката ѕвезда да сними нови песни.

Таа објави дека во Њујорк , Лас Вегас и Сан Хозе ќе отвори нови продавници со нејзините модели долна облека. Ројана во колекцијата има над 90 креации на долна облека , а секое парче е со цена пониска од 100 долари.

Фото: Дебитираше новиот спортски кабриолет „Mercedes“ со 442 „коњи“

„Mercedes“ го претстави „AMG CLE53 Cabrio“.

Станува збор за кабриолет со средна големина со четири седишта и шестцилиндричен бензински мотор поддржан од „лесен“ хибрид од 48 волти.

Моторот инаку е ажурирана верзија на 3.0-литарскиот шестцилиндричен мотор од моделот „CLE 450“.

Вкупната моќност на погонскиот систем е 442 КС, а максималниот вртежен момент е 560 Nm (600 Nm во кратки интервали).

„Благиот“ хибриден систем може да додаде 22 КС и 200 Nm вртежен момент на погонот, но тие му помагаат на моторот само при мали брзини.

Во комбинација со „AMG“ деветстепен менувач и погон на четири тркала, „CLE53 Cabrio“ може да забрза од 0 до 100 km/h за 4,4 секунди (или 4,2 секунди со опционалниот пакет „Dynamic Plus“).

Максималната брзина е 250 km/h (280 km/h со гореспоменатиот пакет).

Исто како и „Mercedes-AMG CLE53 Coupe“, „Cabriolet“ се одликува со сопствена каросерија која нуди значително поширока патека на тркалата.

Разликата е 58 mm напред и 75 mm назад, а тркалата се стандардни со дијаметар од 19 инчи, додека како опција се достапни 20-ки.

Зголемени се и сопирачките на дискови од 370 mm на предната оска и 360 mm на задната оска.

Елементите специфични за кабриолетот го вклучуваат паметниот систем „AirScarf“ на „Mercedes“ интегриран во предните седишта, додека самиот покрив е акустички слоевита ткаенина што може да се подига и спушта при брзина до 48 km/h.

Волуменот на багажникот зависи од тоа дали механизмот на покривот е складиран, при што стандардниот багажник од 385 литри е намален на 295 литри.

Извор: Б92

Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април во однос на март изнесува 0,7 проценти, а цените на мало се зголемени за 1,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во транспортот за 2,8 проценти, комуникации за 1,6 проценти, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки за 0,9 проценти, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0,6 проценти, разновидни стоки и услуги за 0,4 проценти и здравје за 0,2 проценти.

Намалување на трошоците на животот е забележано во групите мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 проценти и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 проценти.

На исто ниво останале трошоците на животот во групите алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование.

Цените на мало во април во однос на март се зголемени за 1,1 процент.

Во однос на април лани, трошоците на живот се зголемени за четири проценти, а цените на мало за 3,5 проценти.

Барселона не може да го купи Феликс од Атлетико Мадрид

Напаѓачот на Барселона, Жоао Феликс може да го напушти каталонскиот клуб, пренесува „Cadena SER“. Правата над фудбалерот му припаѓаат на Атлетико Мадрид.

Раководството на каталонскиот тим поради финансиски проблеми не може да си дозволи да купи играч за 60-70 милиони евра.

Инаку, самиот Феликс сака да остане во Барселона.

Дваесет и четиригодишниот Феликс оваа сезона во Ла Лига постигна седум гола и три асистенции.

Феликс кариерата ја почна во Бенфика од каде направи трансфер во Атлетико Мадрид. Во 2023 најпрво замина на позајмица во Челзи, па во Барселона. /МИА

притисни ентер