Ременски ги избегна новинарските екипи по шестчасовниот распит во Обвинителството за ,,Рекет”

По шест часа вршење увид во доказите во Обвинителството за гонење на организиран криминал и  корупција пратеничката Фросина Ременски и на доаѓање и на заминување избега од медиумските екипи. 

Остана нејасно кој ја пуштил Ременски од задниот влез на објектот, ако се земе предвид фактот дека на новинарите им беше кажано од полициските службеници дека споредните влезови се заклучени.

Пратеничката речиси половина ден сама без придружба на адвокат ги разгледуваше доказите кои обвинителката Русковска ги има против неа за втората истрага која ја отвори за случајот Рекет поврзана со аферата во невладината Меѓународен сојуз на првоосомничениот Бојан Јовановски каде Ременски е почесен претседател.

Според информациите од истрагата таа присуствувала на средбите кои Јовановски ги организирал при што го искористила својот углед и авторитет, па оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт. Пред три месеци Ременски за прв пат беше повикана од Русковска да даде изјава во Обвинителството, а тогаш а демантираше дека присуствувала на средби со бизнисмени. Остана без пасош, а има и забрана да го напушти Скопје како мерка на претпазливост. При претрес во нејзиниот дом Обвинителството одзеде два телефони, но и компјутери и други предмети.

Првоосомничениот Боки 13 и неговиот татко Миле Јовановски не дојдоа на увид, тоа наместо нив вчера го направил нивниот адвокат Сашо Дуковски. Увид досега направиле и заменик-претседателката на невладината, Јасна Мандиќ, како и асистентката на Боки, Христина Блажевска.

Јовановски, кој е претседател на Меѓународниот сојуз како првоосомничен е под истрага за две дела – за перење пари и други приноси од казниво дело и за измама.

Од Обвинителството за организиран криминал и корупција информираат дека од следната недела осомничените во истрага ќе бидат повикани да дадат исказ и пред обвинителката Русковска.

Стано: ЕУ се уште не решила дали ќе учествува на инаугурацијата на Путин, Борел е против

 Европската Унија и нејзините земји членки засега се уште не решиле дали ќе присуствуваат на утрешната инаугуративна церемонија во Москва со што официјално треба да започне новиот мандат на рускиот претседател Владимир Путин

Европската Унија и нејзините земји членки засега се уште не решиле дали ќе присуствуваат на утрешната инаугуративна церемонија во Москва со што официјално треба да започне новиот мандат на рускиот претседател Владимир Путин, соопшти денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

- Можам да потврдам дека поканата од Кремљ за утрешната инаугурација на Путин е пристигната и до земјите членки и до Делегацијата на ЕУ во Москва. Ние секогаш имаме за цел да изградиме координиран европски пристап кога е во прашање надворешната политика, па во моментов меѓу земјите членки се дискутира како да се одговори земајќи ги предвид сите релевантни елементи, истакна Стано.

Тој нагласи дека засега не е донесена никаква конечна одлука во однос на поканата, но потенцира дека високиот претставник на ЕУ за надворешна политика безбедност Жозеп Борел е против учество на претставници на Унијата на овој настан во Москва.

Хамас навести дека сака да ги продолжи преговорите за прекин на огнот

Портпаролот на Хамас, Абдел Латиф Ал-Кану изјави за Франс Прес дека неговата организација ќе продолжи со преговорите за постигнување договор „кој обезбедува неодреден прекин на огнот“, пренесува Бета.

Палестинската исламистичка милитантна организација Хамас денеска навести дека сака да ги продолжи преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа, иако Израел побара да се евакуираат жителите од источните населби на градот Рафа на југот на територијата пред можна воена операција.

Портпаролот на Хамас, Абдел Латиф Ал-Кану изјави за Франс Прес дека неговата организација ќе продолжи со преговорите за постигнување договор „кој обезбедува неодреден прекин на огнот“, пренесува Бета.

Израелската армија денеска им нареди на жителите да евакуираат неколку населби во источниот дел на Рафа, предупредувајќи дека војниците се подготвуваат за воена операција.

Египет, Катар и САД веќе неколку месеци се обидуваат да придонесат за воспоставување примирје меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, првенствено со цел пауза во борбите и ослободување на Палестинците од израелските затвори во замена за израелските заложници киднапирани од палестинските екстремисти во терористичките напади во јужен Израел во октомври.

Индиректните разговори во Каиро вчера завршија без напредок.

Хамас бара договорот за прекин на огнот да обезбеди крај на израелската офанзива во Појасот Газа, на која Израел се противи, тврдејќи дека сака да го уништи Хамас.

Египетската телевизија Ал Кахера њуз, повикувајќи се на добро информиран извор, денеска јави дека вчерашниот смртоносен напад на Хамас на граничниот премин Керем Шалом од Израел кон Газа предизвикал ќорсокак во преговорите за примирје. Хамас и Владата на Израел меѓусебно се обвинуваат за недостиг на напредок во преговорите.

Во меѓувреме, египетските преговарачи ги засилија напорите да се запре ескалацијата на насилството, рекол изворот.

Израелските медиуми јавуваат дека четворица војници загинале во ракетниот напад на Хамас во близина на преминот преку кој минувале илјадници камиони со хуманитарна помош за Газа.

Игнорирајќи ги меѓународните повици за воздржаност, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху постојано повторува дека планира да почне голема копнена офанзива во Рафа, каде што тврди дека се кријат последните баталјони на Хамас.

Јанчев: Ставена во функција спомен фонтаната во чест на Сашко Гешовски

Ставена во функција спомен фонтаната во чест на Сашко Гешовски, информираше градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. 

По повод 33 години од смртта на првата жртва во бившата ЈНА, војникот Сашко Гешовски првите луѓе на Кавадарци го реализираа ветеното.

притисни ентер