Рељиќ на седмата позиција на Олимписката ранг листа

Македонската олимпијка во таеквондо, Милијана Рељиќ е рангирана на седмата позиција на Олимписката ранг листа.

Со ова, според нејзиниот тренер Александар Ефтимов, почнува процесот на собирање на поени за Олимписка А норма за следните Олимписки Игри Лос Анџелес 2028, каде што првите пет натпреварувачки имаат директна норма за настап.

-За две до три недели почнуваме со настапот на Г1 турнирите, а во декември сме дел од Големото Гранд При Финале во Кина, најголемо натпреварување по Олимписките Игри. Тука се освојуваат многу поени за олимписката ранг листа. По краткиот одмор, вратени сме во тренажен процес и се надевам дека повторно ќе ја израдуваме македонската јавност со нови успеси, вели Ефтимов.

Рељиќ е најсериозна кандидатка од македонските спортисти за обезбедување А норма за следните Олимписки Игри. Тренерот Ефтимов ветува медали од Гранд При натпреварите и од други европски и светски првенства.

Рељиќ ја победи двократната олимписка шампионка, Британката Џејд Џонс со одличен настап на Олимписките Игри Париз 2024./МИА

Ѓорчев: Мора да работиме дома, мора да имаме ефикасна влада

„Идеално никаде не постои, погледнете ги проблемите Германија со економијата и во Канада со инфлацијата“

Бугарија има политика која трае години наназад, одат во седми избори, но се единствени. Ние не сме единствени. Ние имаме политичари кои што избриша под со Македонските позиции, тие не беа позиции на ВМРО-ДПМНЕ туку на Македонскиот народ. Растени сме со поезијата на Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски. Штетата која што му е направена на народот долго време ќе треба да се исправи. Во ЕУ никој не може да ни гарантира, а и во самата Унија има слаби страни. Поради структурните прашања во ЕУ нема цврста одлука дека Западен Балкан ќе се интегрира. И во самата Бугарија неколкуте изборни циклуси не дозволуваат преговарање, за преговори треба да имате стабилна страна. Не може ние да дадеме и од друга страна да не знаеме што не' чека. Ако немаме одлука за приближување кон ЕУ, животот оди понатаму. Имаме економија, инвестиции, здравство, образование со кои треба да се носиме. Има низа Европски земји, кои не се членки на ЕУ а се супер средени, рече Влатко Ѓорчев во Само Вистина.

Макрадули: Ако има план за ЕУ, ајде нека биде претставен

„Ќе чекаме ли влада да се состави во Бугарија?“

Како држава мораше да го искористиме геостратешкиот момент, јазикот заштитен, идентитетот заштитен. Па не постои област за која сите членки ќе се согласат дека нема да блокираат на европскиот пат, не е можна. За разлика од Србија немаме 35 поглавја “реши го Косово“. Низ историјата сме покажале дека ги почитуваме малцинствата. Не само имаме план. Кое е решението? Ајде на затворена седница нека го презентираат решението. Каде одиме, накај БРИКС, руски ли ќе учат во училиштата? Видовме 100 дена, теми се само етничките.Македонскиот јазик го има низ сите пори во Брисел, ако влезете со навреди да комуницирате со соседите, тука нема решение. Во изборната кампања се збореше за план, ајде нека биде претставен, како што спомна Филипче нека биде на затворена седница ако има чувствителни точки. Ако секој ни кажува што е нашата задача, не треба да одиме со глава во ѕид, рече Јани Макрадули во Само Вистина.

Напуштен замок во Франција е поврзан со потонувањето на „Титаник“ (ВИДЕО)

Напуштениот замок датира од 19 век, а се наоѓа во департманот Нивр, во централна Франција.

Последниве години го посетуваат бројни урбани истражувачи, додека нивните снимки откриваат опремени простории со стари теписи и мебел, уметнички дела, садови, детски играчки...

Се разбира, сè е покриено со дебел слој прашина, а замокот изгледа како да е замрзнат во времето.

Во Франција има многу напуштени, величествени згради, но оваа е особено вредна за внимание. Зошто? Бидејќи е поврзан со трагедијата на некогаш најголемиот трансокеански брод.

Тиктокерот, кој се нарекува @deserted_places, ја обиколи трошната зграда и им ја покажа на своите милиони следбеници.

Тој тврди дека замокот некогаш бил во сопственост на норвешкиот бизнисмен Енгелхарт Корнелиус Остби, кој е одговорен за неговата луксузна трансформација.

Тиктокер прикажува пространи соби, ходници и скали, потоа тенџериња и тави во кујната, книги во работната соба кои чекаат да бидат прочитани, притоа нè воведува во интересна историја.

Тој наведува дека Енгелхарт и неговата ќерка Хелен патувале во прва класа на Титаник, откако се качиле во Шербур. Секој имал своја кабина, каде што биле кога бродот удрил во сантата мраз.

Исплашени и збунети се качиле во чамецот за спасување. Меѓутоа, Енгелхарт се вратил во кабината за да земе потопла облека и тогаш неговата ќерка последен пат го видела жив, пренесува Express.

Неговото тело подоцна било пронајдено и пренесено во американскиот град Провиденс, каде што била „базата“ на ова семејство. Таму бил погребан на 11 мај 1912 година.

@deserted_places exploring the castle of the victims of the titanic! 🤩 @Ramy IG:pimpmycamel #abandonedplaces #abandonedhouse #abandoned #cave #fyp #horrortok #viral ♬ original sound - Deserted.places

Преживеаната ќерка презела дел од бизнисот на нејзиниот татко, а истата година отпатувала за Германија. Од одредени причини морала да се крие, па преку Англија завршила во САД.

За време на Втората светска војна повторно се вратила во Европа, поточно во Белгија, но морала да бега од германските бомби. Таа останала во Провиденс до крајот на својот живот и работела како волонтер во локалната болница.

Таа е погребана во 1978 година покрај нејзиниот татко и, како што тврди тиктокерот, никогаш повеќе не го посетила замокот во Нијевро.

притисни ентер