Спикерот Гаши на средба со претседателот на Големото национално собрание на Туркије

Претседателот на Собранието на РепубликаМакедонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со претседателот на Големото национално собрание на Туркије, Нуман Куртулмуш,

Претседателот на Собранието на РепубликаМакедонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со претседателот на Големото национално собрание на Туркије, Нуман Куртулмуш, кој претстојува во возвратна официјална посета на земјава со група пратеници. На средбата присуствуваа пратениците: Бејџан Иљас, претседател на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Туркије, Никола Мицевски, Фатмир Битиќи, Мевмед Џафери и Мерита Колчи Коџаџику, членови на Групата и генералната секретарка, Марина Димовска.

Претседателот Африм Гаши изрази задоволство од реализирањето на возвратната посета на претседателот Нуман Куртулмуш, која се совпаѓа со одбележувањето на 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик во земјава. Тој нагласи дека турската зедница е консткруктивен дел од општественото ткиво на Република Македонија и клучен фактор за соживотот во земјата.

Претседателот на Собранието нагласи дека Република Македонија и Република Туркије негуваат силно традиционално пријателство и партнерство, а меѓусебната соработка е динамична на сите нивоа и особено на парламентарно ниво. Тој изрази уверување дека средбите меѓу пратениците од двете собранија во голема мера може да придонесат за натамошно унапредување на одличните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Туркије.

Гаши изрази благодарност за целокупната поддршка што Република Туркије ѝ ја пружа на Република Северна Македонија уште од независноста и нагласи дека Туркије меѓу првите држави ја призна нашата земја и прва отвори амбасада и назначи амбасадор во Скопје.

Претседателот на Собранието на Република Македонија се осврна на и економската соработка меѓу двете земји, при што посочи дека Република Туркије е меѓу нашите најзначајни трговски партнери и континуирано инвестира во нашата економија.

Претседателот на Големото национално собрание на Туркије, Нуман Куртулмуш, изрази задоволство од развојот на билатералните односи меѓу Република Туркије и Република Македонија и нагласи дека двете земји земји ги поврзува историско и длабоко вкоренето пријателство. Тој изрази задоволство што присуството на претседателите на Големото национално собрание на Туркије на одбележувањето на 21 Декември во земјава веќе прераснува во традиција.

Куртулмуш нагласи дека Република Туркије силно ја поддржува европската интеграција на Република Македонија и изрази надеж дека двете земји заеднички ќе го заокружат овој процес.

Во врска со економската соработка меѓу двете земји, Куртулмуш изрази задоволство од зголемувањето на трговската размена и присуството на турските компании во земјата, особено во инфраструктурните проекти.

Гаши и Куртулмуш нагласија дека високо ја вреднуваат успешната соработка во рамките на НАТО и заедничкото учество во мировни операции, како и воената соработка меѓу двете земји, а пред сè во областа на воената обука и едукација и донациите на опрема за потребите на нашата Армија. Изразија задоволство и за активностите на Агенцијата за соработка и координација на Република Туркије – ТИКА, Фондацијата „Маариф“ и Инстититутот Јунус Емре во Република Македонија.

Соговорниците се осврнаа на потребата за ревидирање и надградба на билатералниот „Договор за слободна трговија“ меѓу двете земји, во насока на поголема либерализација на трговските производи. Истовремено, нагласија дека постојат големи можности за натамошно унапредување на меѓусебната соработка во полето на културата, образованието, туризмот и други области од заеднички интерес.

Претседателите на две собранија разменија мислења и за актуелните случувања во регионот и во светот и ја нагласија потребата за мир, безбедност и стабилност.

На крајот од средбата, Гаши и Куртулмуш изразија уверување дека долгогодишното партнерство меѓу двете држави и позитивниот тренд во развојот на билатералните односи и соработката и натаму ќе се унапредуваат.

Фото: Манекенка со бујни облини

Познатата американска манекенка Кара дел Торо на радост на следбениците на социјалните мрежи неодамна позираше за брендот за луксузна долна облека „Lounge“.

Фотографиите од сетот воодушевија многумина, бидејќи американската убавица е невообичаена манекнака. Таа има истакнати бујни облини што е секако нејзин најголем адут.

Кара дел Торо позираше во неколку модели на чипкаста долна облека, но највпечатлив беше оној кој ги истакна нејзините бујни гради.

Фото: Кристина Агилера во топлес за роденден

Кристина Агилера ги воодушеви фановите со провокативно роденденско издание!

Светската музичка ѕвезда Кристина Агилера повторно ги воодушеви своите фанови.

Таа на посебен начин го прослави својот 44 роденден, споделувајќи фотографија на Инстаграм на која позира во провокативно издание.

Пејачката била облечена во кожени шорцеви, црна капа и штикли, а градите ги покрила со раката.

- Роденденски костум #44 - стои во описот на фотографијата, со која го предизвикала воодушевувањето на своите фанови.

Зеленски се сретна со директорот на ЦИА во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека се сретнал со директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс во Украина.

-Барнс сега ја посети Украина за последен пат како директор на ЦИА, рече Зеленски во пораката објавена на Телеграм, додавајќи дека двајцата имале многу средби за време на војната, но дека за повеќето од нив не се разговарало во јавноста.

-Тој и јас имавме многу средби за време на оваа војна и јас сум благодарен за неговата помош. Обично таквите средби не се објавуваат, а сите наши состаноци во Украина, во другите европски земји, во Америка и во другите делови на светот се одржаа без официјални информации рече Зеленски.

САД се најважниот финансиски и воен поддржувач на Украина во војната што започна пред речиси три години. Вашингтон, исто така, редовно споделуваше воено разузнавање со Украина за да ја поддржи нејзината одбрана.

Се очекува Барнс да се повлече од функцијата шеф на ЦИА откако републиканецот Доналд Трамп ќе дојде на власт во јануари 2025 година.

притисни ентер