Најголем број од новите случаи повторно се регистрирани во Куманово – 18 новозаболени, потоа во Скопје каде има 15 нови случаи и Прилеп 14 лица позитивни на вирусот. Нови случаи се регистрирани и во Тетово, Струга, Велес, Битола, Гостивар и Кочани.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 828 лица. Според местото на живеење најголем дел до заболените се во Скопје вкупно 312, а бројката на болни во Куманово се искачи на 200. Најмал број на позитивни на коронавирусот има во Пробиштип каде е регистриран само еден случај.
На Клиниката за инфективни болести, како што информираат здравствените власти, се примени двајца нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 69. Од нив, 18 се на кислородна поддршка, а осум на респираторна машина.Во Градската болница „8 септември“, примени се девет нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 31 пациент, од кои шест се на респираторна машина. Во болницата во Битола се хоспитализирани шест пациенти. Пациентите се стабилни, а еден пациент е повремено на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат 8 пациенти со лесна клиничка слика. Тринаесетмина се лекуваат во болницата во Штип, а уште 13 се следат на домашно лекување.