Редовно го изневерувам сопругот, му се допаѓа- инфлуенсерка ужива додека мажот ја гледа (ФОТО)

Карол Суза (38) вели дека ја има сета поддршка од сопругот да го изневерува и да спие со други мажи.

- Јас сум убава жена, сингл мажи запознавам преку „Инстаграм“ и тоа му се допаѓа на мојот сопруг - вели инфлуенсерката која постојано објавува жешки фотографии на оваа мрежа. Таа е многу активна и на бразилска мрежа слична на „OnlyFans“.

Карол открива како тоа функционира и зошто решила да се отвори за нејзината врска на овој начин, со надеж дека ќе ги охрабри другите да уживаат во сексуалната слобода.

- Започна од љубопитност и двајцата навистина уживавме - изјави Керол за „NeedToKnow“.

„Оттогаш истражуваме и си ги исполнуваме желбите“, изјави инфлуенсерката.

- Поголемиот дел од времето Рафаел учествува така што ме снима, но понекогаш сме само ние, јас и мојот љубовник, останува интимно - објаснува таа.

Таа додава и дека неодамна имала желба сама да запознае сингл момци и дека тоа било неверојатно.

За Керол, која доаѓа од Бразил, не се работи толку за секс со други луѓе колку за чувство на слобода - нешто што таа го смета за исклучително важно.

Парот, кој неодамна се венчал, но се заедно осум години, се соочил со низа критики од другите, но тврдат дека нивната врска е посилна од кога било.

Исто така, признаваат дека на почетокот имало љубомора.

- Бидејќи тоа беше нешто ново, Рафаел почувствува извесна љубомора, но неговата желба сепак преовлада - рече таа.

Таа рече дека тоа е нешто што се случува со почит и дијалог.

Министерство за правда: Седум месеци посветени на реформи во правосудството

- Ја поништивме одлуката на претходната Влада за десеткратно зголемување на Нотарската тарифа-како одговор на неоснованото прекумерно зголемување на тарифата направено непосредно пред заминувањето на претходната власт. 

- После 8 години Комората на вештаци стана функционална! Запишана е во Централен регистар со што обезбедуваме поголема транспарентност, независност и професионалност во процесот на вештачењето.

- Започнавме со реформи за Судскиот совет. Одржавме стручни расправи за измените на Законот за Судски совет , го слушнавме мислењето на експертите, судиите, обвинителите. Реформската агенда која официјално беше одобрена од Европската комисија на 23 октомври годинава не обврзува до јуни 2025 година да имаме нов закон за Судски совет.

-Како резултат на средбите со неколку синдикални организации,пристапивме кон изработка на нов Закон за судска служба, со оглед дека за суштински реформи во правосудството, не е доволно да се фокусираме само на судите, нивниот статус и одговорност . Судскиот систем го сочинуваат и илјадници вработени како судски службеници, лица кои вршат технички и помошни работи во судовите, и судски полицајци без кои судството не може да функционира.

-Отворивме канцеларија на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство. Со овој чекор се обезбедуваат услови за подобра заштита на човековите права и паричен надоместок за жртвите, согласно начелото на општествена солидарност.

- Подготвивме законски измени на Законот за бесплатна правна помош, кој Собранието веќе го донесе. Со ова се прошири пристапот до правда за најранливите граѓани во нашето општество.

- Како резултат на бројните средби со експертската јавност, граѓанските и меѓународните организации, одржавме јавни расправи за Законот за кривична постапка за понатамошно модернизирање и рационализирање на нашите правни процеси,по што ќе се пушти во владината процедура.

-Пристапивме кон завршување на деценискиот процес за кодификацијата на граѓанското законодавство. На барање на граѓанските организации, и стручната јавност, планирани се јавни расправи за Граѓанскиот законик со цел да се презентира концептот, но и да се слушнат коментарите и идеите за подобрување на концептот, кој за цел има зголемување на правната сигурност на граѓаните.

- Овозможивме целосна имплементација на системот Фемида - аудио-визуелен систем за снимање на судските рочишта што ќе обезбеди транспарентност во судските постапки, пред судовите на целата територија на државата, вклучувајќи го тука и Управниот суд. На ова се чекаше дури 14 години.

- Стапија на сила меѓународната спогодба за размена на податоци за проверка на изјави за имотна состојба и Конвенцијата на Советот на Европа за пристап до официјални документи.

-Реформите се одвиваат во согласност со Развојната Секторска Стратегија за правосудство за периодот 2024 – 2028 со нејзиниот Акциски план. Приоритет е да го реконституираме Советот за следење на имплементацијата на Развојната Секторска Стратегија за правосудство.

Следуваат многу нови проекти, мерки и активности!

Министерство за правда

Снежните врнежи предизвикаа сообраќаен хаос во Велика Британија и Германија

Обилните снежни врнежи и замрзнат дожд предизвикаа сериозни проблеми со транспортот на многу места во Европа, особено во Велика Британија и Германија.

Во северните делови на Англија, на надморска височина над 300 метри, се забележани снежни наноси до 40 сантиметри. Постојат стравувања дека некои населени места би можеле да останат отсечени од остатокот од светот.

Електричната енергија е прекината во делови од Бирмингем, Бристол и главниот град на Велс, Кардиф.

Аеродромите во Ливерпул, Манчестер и Лидс беа затворени во ноќта меѓу сабота и недела, но сообраќајот постепено беше обновен. Неколку спортски натпревари беа откажани, но големото дерби на англискиот фудбал помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед сепак се одигра и заврши нерешено, 2:2.

Сообраќајниците во Обединетото Кралство вчера беа преоптоварени, бидејќи многумина се враќаа дома по божиќните и новогодишните празници. Дел од железничките линии беа привремено затворени.

Во Германија, снегот и мразот исто така предизвикаа хаос. На аеродромот во Франкфурт беа откажани 120 од предвидените 1.090 летови, додека на аеродромот во Минхен беше отворена само една писта.

Во јужната провинција Баден-Виртемберг, осум лица се повредени откако автобус излета од патот. /МИА

Синдикатот бара измена на Законот за мобинг

Од 2013 година досега 25 обраќања до ССМ по овој основ.

Измените на Законот за заштита од вознемирување на работното место или носењето на нов закон останува отворено прашање иако иницијативата за измени е започната уште пред три години.

Од Сојузот на синдикати на Македонија во изјава за МИА велат дека постапката за анализа на потребата од изготвување на нов закон е почната и е формирана работна група, но досега никој не ги повикал.

- Практиката покажа дека законските решенија не обезбедија задоволителна правна рамка за ефикасна заштита од вознемирување на работното место. Од тие причини пред три години се започна со постапка за анализа на потребата од изготвување на нов закон, ССМ има свој претставник во работната група, но од непознати причини веќе цела година работната група не е повикана да го даде своето мислење и да продолжи со работа, нагласуваат од ССМ.

Посочуваат дека имплементацијата на Законот донесен во 2013 година покажала оти има потреба од подобрување на одредбите и негово усогласување со меѓународните трудови стандарди.

До ССМ, која нуди бесплатна правна заштита за правата од работен однос, од 2013 година досега имало 25 обраќања по основ на вознемирување на работното место.

Најголем број обраќања имало во 2013 година, осум, а следната 2014 година седум обраќања.

Во 2024 година, до ССМ по овој основ помош побарале две лица, а претходната година три лица. Податоците од ССМ покажуваат дека во 2017 и 2018 година немало ниту едно обраќање, а по едно обраќање е евидентирано во 2016 година и 2019 година. Во 2015 година имало три обраќања.

- Карактеристично е тоа што во ССМ има голем број обраќања во врска со вознемирувањето на работнoто место, но од лица кои не се членови на синдикатот. Овие податоци упатуваат на тоа дека вознемирувањето на работното место најчестo се случува во средини каде што работниците не се синдикално организирани и едуцирани за своите права, додека синдикално организираните работници по пат на обуки и советувања организирани од ССМ сè повеќе стануваат свесни, го препознаваат и го пријавуваат мобингот, односно бараат законска заштита на своето право да работат во здрава и безбедна работна средина, со најмал можен стрес и почитување на човековото достоинство, велат од ССМ за МИА.

Психичкото вознемирување е негативна појава на работното место која има последици врз физичкото и менталното здравје на работниците, влијае на продуктивноста и квалитетот на работата, а пошироко има сериозни негативни импликации во семејството и општеството воопшто.

Оваа широко распространета негативна појава, бара сериозен пристап од сите институции во државата, со цел да се обезбедат правни и општествени услови и претпоставки за негово намалување и спречување. Потребно е да се работи и на едукација на работниците за остварување, унапредување и заштита на нивните права.

- Многу е битно превентивното делување, обуката која треба да се спроведува и за работодавачите и за работниците за да се стекнат со сознанија за своите права и обврски и одговорности во оваа област, а сериозен придонес треба да дадат и инспекциските служби во заштитата на работниците и нивните права. Само со интегрирани активности на сите субјекти во општеството може да се надминат сериозните последици од оваа негативна појава во областа на трудот и работењето, нагласуваат од ССМ.

[Начините за дигитализација на бизнисите што ги водат жените претприемачки заради полесен пристап до средства за нивно финансирање беа тема на регионалната обука што денеска во Кочани ја орган]

До Службата за бесплатна правна помош при ССМ од година во година се зголемува и бројот на обраќања за неправилности во однос на примената на Законот за работни односи и за непочитување на недела неработен ден во областа на здравствената заштита, комуналните препријатија и рударството.

Минатата и оваа година најголемиот број обраќања се однесуваат на примената на Општиот колективен договор (ОКД) за јавен сектор, односно исплатата на регресот за годишен одмор уреден првпат по подолг временски период со овој ОКД што минатата година го потпиша ССМ. Обраќањата има и во врска со зголемувањето на платите во јавниот сектор, исплатата на јубилејните награди и примената на новата методологија за пресметка на платата.

Во приватниот сектор најчестите обраќања се во врска со неисплатени плати, додатоци или надоместоци на плата, а посебно додатокот за минат труд којшто, како што посочуваат од ССМ, најчесто не се исплаќа кај работодавачите каде синдикатот нема свои членови.

притисни ентер