Развод од 100 милиони евра! ПејачкатаДрагана Мирковиќ се разделува од сопругот

Развод од 100 милиони евра! Мегапопуларната балканска музичка ѕвезда Драгана Мирковиќ се разделува од сопругот- 5 милиони вреди возниот парк!

Една од најпопуларните пејачки на Балканот, Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг, бизнисменот Тони Бијелиќ се разведуваат по 24 години брак!?

Мегапопуларната пејачка синоќа ја изненади и шокираше јавноста со објава дека по 24 години брак се разведува од сопругот Тони Бијелиќ.

Драгана ја информираше јавноста дека веќе некое време не живее со сопругот, а извори блиски до парот тврдат дека бизнисменот се иселил од замокот крај Виена во кој живееле заедно со децата.

Сега многу медиуми објавуваат детали за имотот на познатиот парот.

Според голем број на светски портали Драгана Мирковиќ е најбогатата пејачка во регионот, со имот со проценета вредност од фантастични 100 милиони евра.

Највредно нешто на име на Драгана е замокот Ебенфурт во Австрија, кој по реновирањето со површина од 12 илјади квадратни метри се проценува на над 50 милиони евра.

Имотот стекнат за време на бракот вклучува и телевизија ДМ сат како и зградата во Пожаревац каде е сместена медиумската станица, како и возен парк вреден над пет милиони евра, пишува српски Курир.

Пред повеќе од една деценија, брачната двојка ја купи и фабриката за автомобили „Мајбах купе “, која сè уште ја поседуваат.

НБА: ЛА Лејкерс избегна „метла“

Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен го совлада синоќа Денвер Нагетс со 119-108 во конференциското четвртфинале на Западната конференција во НБА лигата и ја забележа првата победа во серијата во која Денвер сега води со 3-1.

Лејкерси до воведниот триумф ги предводеше првата ѕвезда Леброн Џејмс со 30 поени. Ентони Дејвис придонесе со 25 поени, а Остин Ривс и Д’Анџело Расел додадоа по 21 поени.

На спротивната страна, Никола Јокиќ го заврши натпреварот со трипл дабл (33 поени, 14 асистенции и 14 скокови).

Лејкерси го победија Денвер за прв пат во последните 12 натпревари од декември 2022 година, но им претстои тешка задача на петтиот натпревар кој ќе се игра во Денвер. Ниту еден тим во историјата на плејофот на НБА не успеал да се врати во серијата до четири победи по негатива од 0-3.

„Сè уште заостануваме 1-3. Денеска ја завршивме работата и ја продолживме нашата серија, но мораме да бидеме уште подобри“, изјави Џејмс.

СДСМ: Бојкоти и црни сценарија се одлика на ДПМНЕ

Одлика на ДПМНЕ се бојкоти, блокади и црни сценарија.

Го бојкотираа Киро Глигоров во 1993, кога требаше да влеземе во Обединетите Нации. Го бојкотираа и референдумот за членство во НАТО, го бојкотираа пописот и членството во ЕУ.

Ги бојкотираа најважните моменти од нашата независност и затоа ВМРО-ДПМНЕ нема апсолутно никакво право да зборува за нечиј бојкот.

На 27-ми април, 2017-тата година ВМРО-ДПМНЕ дозволи најобични насилници и силеџии да влезат во парламентот, да тепаат пратеници, да кренат рака на новинари, собраниски служби и да го погазат уставниот поредок на држата.

Со бојкот, црни сценарија и насилство држава не се гради.

На 8-ми мај, граѓаните треба масоввно да излезат на гласање и да не дозволат повторно да се врати режимот во најава.

СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Масовна излезност на 8ми мај и недвосмислена поддршка за ВМРО-ДПМНЕ

Масовна излезност на 8ми мај и недвосмислена поддршка за ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат сила за коренити промени и враќање на Македонија на народот.

Масовна излезност на 8ми мај и недвосмислена поддршка за ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат сила за коренити промени и враќање на Македонија на народот.

Поразот на власта е катастрофален. СДС изгуби повеќе од двојно на 24ти април, потребно е на 8ми мај победата на ВМРО-ДПМНЕ да биде уште поголема.

Големата победата ќе отвори пат за влада без уцени. Големата победа ќе потопи секакви надежи на Ковачевски кој на Ахмети му ветува и премиер, само за да владее некако.

Ковачевски го потценува народот. И не сфаќа дека поразот кој го претрпе, се должи и на тоа што државата ја даде на тацна на бандитите од ДУИ.

Масовната излезност и поддршката за ВМРО-ДПМНЕ ќе ги испрати СДС и ДУИ во опозиција, и ќе отвори пат за економска трансфромација на Македонија.

Време е државата да ја вратиме во рацете на народот. Македонија повторно твоја.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер