СДСМ: Бојкоти и црни сценарија се одлика на ДПМНЕ

Одлика на ДПМНЕ се бојкоти, блокади и црни сценарија.

Го бојкотираа Киро Глигоров во 1993, кога требаше да влеземе во Обединетите Нации. Го бојкотираа и референдумот за членство во НАТО, го бојкотираа пописот и членството во ЕУ.

Ги бојкотираа најважните моменти од нашата независност и затоа ВМРО-ДПМНЕ нема апсолутно никакво право да зборува за нечиј бојкот.

На 27-ми април, 2017-тата година ВМРО-ДПМНЕ дозволи најобични насилници и силеџии да влезат во парламентот, да тепаат пратеници, да кренат рака на новинари, собраниски служби и да го погазат уставниот поредок на држата.

Со бојкот, црни сценарија и насилство држава не се гради.

На 8-ми мај, граѓаните треба масоввно да излезат на гласање и да не дозволат повторно да се врати режимот во најава.

СДСМ

Командант на специјалците од Харков: Русите само си влегоа, немаше одбрана, ниту отпор

Како командант на специјална единица за извидување, Денис Јарославски се бореше во ненадејната офанзива на Украина во Харков во есента 2022 година, која ја потисна почетната руска инвазија сè до границата.

Но, сега Денис и неговите луѓе се соочуваат со можност да го направат тоа повторно. Во последните денови, руските сили постигнаа мали, но значајни успеси токму долж границата во регионот Харков.

Нивното напредување е длабоко само неколку километри, но проголта околу 100 километри украинска територија. На посилно бранетиот исток на Украина, на Русија ѝ требаа месеци да го постигне истото.

Денис сака да знае што се случило со украинската одбрана.

„Немаше прва линија на одбрана. Го видовме тоа. Русите само влегоа. Тие само влегоа“, изјави Денис за Би-Би-Си.

Јарославски на новинарите на Би-Би-Си им покажал снимка од беспилотно летало снимена пред неколку дена на која се гледа мала колона руски војници кои едноставно шетаат преку границата, без противење.

Тој вели дека надлежните тврделе дека одбраната се гради со големи трошоци, но според него таа одбрана едноставно не постоела. „Тоа е или небрежност или корупција. Тоа не беше неуспех, тоа беше предавство“.

Сите знаеја дека овој упад најверојатно ќе се случи. И украинските и западните разузнавачи знаеја дека Русија гради сили преку граница - со проценки дека собира до 30.000 војници.

Претседателот Владимир Путин, исто така, јавно ја изјави својата цел да создаде тампон зона во регионот Харков за да ја заштити руската територија од украинските артилериски напади.

Но, Украина се чини дека е лошо подготвена - и покрај официјалните негирања.

Денис, зборувајќи од паркот во Харков, вели дека за еден час ќе се врати на линијата на фронтот со своите луѓе во близина на градот Вовчанск, на само 5 километри од руската граница.

Се наведува дека руските војници веќе влегле во предградието на градот. Денис вели дека се плаши дека наскоро би можел да се врати во руски раце.

Украинските власти продолжуваат да инсистираат дека на Харков не му се заканува копнена инвазија. Но, колку повеќе Русија напредува, толку е поголема веројатноста таа да дојде во домет на руската артилерија.

Во паркот во Харков, Денис вели дека верува оти руските сили ќе се обидат да се фокусираат на исток и да го заземат целиот Донбас. Но, тој вели дека Русија исто така се обидува да ги искористи украинските слабости на фронтот долг 1.000 километри. Тие најдоа еден во Харков.

„Секако дека сум лут“, вели Денис. „Кога се боревме за оваа територија во 2022 година, изгубивме илјадници луѓе. Ги ризикувавме нашите животи. А сега затоа што некој не изгради утврдувања, повторно губиме луѓе.“

Грчки медиуми: Провокација од Сиљановска, ја нарече земјата „Македонија“

Честитки до Сиљановска Давкова стигна и од претседателите на европската комисија и на советот на ЕУ, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел кои нагласија ја определбата за соработка во продолжување на европскиот пат на земјата. 

Грчките медиуми пак веднаш реагираа зошто Сиљановска не го употребувала уставното име на државата при давањето на заклетвата.

Тоа го направија и од ДУИ, но и мнистерот за правда Кренар Лога, за кого заклетвата на новата претседателка била, како што рече ништовна…За дел од експртите очекувани се реакциите од јужниот сосед….

Еуфорија во Мадрид: Илјадници ја поздравија шампионската екипа на Реал (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид денеска со дефиле по улиците на Мадрид го прославија освојувањето на шампионската титула во Примера, пренесуваат шпанските медиуми.

Реал минатиот викенд ја обезбеди титулата во Ла Лига, но управата на клубот реши да ја одложи прославата за една недела. Тимот од Мадрид стигна до 36-та титула на национално првенство во клупската историја.

Реал синоќа на гостински терен ја победи Гранада со 4:0 во натпреварот од 35.коло во шпанското првенство, а мадридскиот клуб моментално е на првото место на табелата и има 15 бода повеќе од второпласираната Жирона на три кола пред крајот на првенството.

Шампионскиот трофеј му беше доделен на мадридскиот тим на церемонија во клупскиот тренинг центар, а играчите потоа со отворен автобус минаа низ улиците на шпанската престолнина.

Шпанските медиуми потсетуваат дека титулата по традиција се славеше на плоштадот Сибелес.

Реал го победи Баерн со 2:1 во реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите во Мадрид на 8 мај. Клубот од Мадрид победи во финалето на Лигата на шампионите, бидејќи првиот натпревар одигран на 30 април во Минхен беше нерешен, 2:2.

Реал на 1 јуни ќе игра против Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на шампионите на Вембли во Лондон.

притисни ентер