Разбојници влегле во стан во Гази Баба и одзеле пари од возрасна жена и нејзиниот внук

Две лица со употреба на сила, вчера, на подрачје на Гази Баба влегле во стан каде што живеела Р.А.(65) со нејзиниот малолетен внук и физички со метален предмет го нападнале внукот и им одзеле пари.

Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил околу 6:45 часот во станот, каде што Р.А. живеела како потстанар.

– На 22.12.2024 околу 10.00 часот во СВР Скопје, Р.А.(65) од Скопје пријавила дека околу 06.45 часот во станот на подрачје на Гази Баба, каде што живеее како потстанар со нејзиниот малолетен внук, две лица со употреба на сила влегле во станот, физички и со метален предмет го нападнале внукот и им одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението на МВР.

Авион принудно слета во Венеција- итните служби го блокираа просторот околу авионот

Авион на „Бритиш ервејс“, кој летал од Лондон до Шарм ел Шеик, принудно слетал на аеродромот во Венеција, откако четири лица се пожалиле дека им е лошо, јавија денеска италијанските медиуми.

Веднаш по слетувањето на авионот, на пистата пристигнало амбулантно возило кое згрижило една патничка и три стјуардеси, а пожарникарите ја блокираа областа околу авионот, објави Tgcom24.

Патничката и стјуардесите имале поблаги невролошки симптоми, а состојбата на тревога набрзо била укината бидејќи по лекарски преглед било констатирано дека не се работело за посериозна клиничка слика.

Во исто време е утврдено дека во авионот немало загадувачки материи.

Сите четири жени, британски државјанки, одбиле да бидат пренесени во болница на дополнителни испитувања.

Поради ваквата ситуација дошло до мало нарушување на авиосообраќајот на аеродромот во Венеција.

Повторно е отворена фонтаната ди Треви во Рим, но само за ограничен број туристи

Фонтаната ди Треви во Рим вчера повторно е отворена по завршувањето на вонредните работи за одржување пред јубилејната католичка „Света година“, која се слави на секои 25 години.

Работата за реновирање траеше три месеци и чинеше 327.000 евра, пренесе Анса.

На инаугурацијата на оваа легендарна знаменитост присуствуваа градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери, како и градскиот советник за туризам, Алесандро Онорато, советникот за култура, Масимилијано Смериљо и надзорникот за наследство, Клаудио Паризи Пресиче.

Пристапот до споменикот сега ќе биде ограничен на 400 посетители истовремено со цел да се избегне присуството на голем број луѓе.

Посетителите засега нема да мора да плаќаат билет, иако во иднина не е исклучено негово воведување, изјави Гуалтиери.

За време на работите за одржување, беше поставена патека за туристите да ја видат римската атракција додека се чистеше.

На посетителите им беше дозволено да ја фрлат својата паричка во „кофа“ од преминот, изразувајќи ја својата желба да се вратат во Вечниот град.

Фонтаната сега ќе биде отворена секој ден за ограничен број посетители.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да се грижеа, немаше институциите да ги остават во девастирана состојба

Неспособните СДС добро е што прогледуваат и што самите констатираат дека државата и институциите ги оставија во лоша состојба.

Од прв момент на снежни врнежи, службите се на терен и ги чистат патиштата низ државата. Нема непрооден пат, дури ни на највисоките планински превои. Патиштата се чистат од снегот и се фрла сол и песок.

ВМРО-ДПМНР работи на сите полиња и ја средува државата од пустошот кој го остави СДС за време на седум годишното владеење.

ВМРО-ДПМНЕ посветено работи за да обезбеди подобар живот за сите во Македонија и тоа е препознаено од граѓаните. Граѓаните препознаваат и за тоа зборува предноста и довербата од 5 спрема 1 во корист на ВМРО-ДПМНЕ.

СДС кои на последните избори добија црвен картон, а со последните анкети се губат од политичкиот од политичката мапа во државата, немаат никаков кредибилитет да зборуваат за функционирање на институциите.

До некаде, добро е што СДС прогледа и што индиректно потврдуваат во каква состојба ВМРО-ДПМНЕ од нив ја наследи државата, но време и да кажат дека тоа е поради нивната седумгодишна неспособност во практикувањето на власта, оставајќи ги институциите во девастирана состојба. И за тоа треба јавно да излезат и за им се извинат на македонската јавност, се наведува во партиската реакција.

притисни ентер