Расчистени недоразбирањата, Металург ја укинаа суспензијата на Станиќ

По из­вр­ше­ни­те раз­го­во­ри со си­те вме­ша­ни стра­ни, дис­цип­лин­ска­та ко­ми­си­ја на Ме­та­лург зак­лу­чи де­ка не­ма ос­но­ва за по­на­та­мош­но во­де­ње на по­стап­ка­та и со свое ре­ше­ние ја уки­на сус­пен­зи­ја­та на Дар­ко Ста­ниќ, соопштуваат од таборот на македонскиот ракометен вицепрвак.

Дека не­до­раз­би­ра­ња на ре­ла­ци­ја­ Ме­та­лург - Ста­ниќ се рас­чи­сте­ни потврдува и голманот на тимот од „Автокоманда“.

- Де­не­ска имав по­долг раз­го­вор со ге­не­рал­ни­от спон­зор на Ме­та­лург. Беа отво­ре­ни си­те те­ми и беа разг­ле­да­ни си­те проб­ле­ми. Со го­ле­мо за­до­волс­тво мо­жам да ка­жам де­ка по­бе­ди здра­ви­от па­мет и де­ка ги рас­чи­стив­ме си­те не­до­раз­би­ра­ња. Нај­бит­но е тоа што е до­го­во­ре­на здра­ва ко­му­ни­ка­ци­ја, не­што што до­се­га ни не­до­сти­га­ше. Све­сен сум за мо­јот од­нос на нат­пре­ва­рот про­тив Ди­на­мо Минск, но и јас сум са­мо чо­век со свои ма­а­ни и доб­ле­сти, изјави Станиќ за официјалната веб страна на РК Металург.

Тој додава дека за прв­пат во сво­ја­та ка­ри­е­ра бил суспендиран и дека жали поради тоа, но изразува надеж дека тоа во иднина нема да се случи.

- Се­то тоа е ве­ќе зад нас. Це­лос­но му се вра­ќам на нат­пре­ва­ру­вач­ки­от си­стем и се на­де­вам, како и мно­гу­па­ти до­се­га, де­ка ќе го да­дам мо­јот при­до­нес во ид­ни­те ус­пе­си на Ме­та­лург. Не чекаат важ­ни нат­пре­ва­ри, а прв ме­ѓу нив е ме­чот со Вар­дар, про­тив кој се­ко­гаш сум по­себ­но мо­ти­ви­ран, би­деј­ќи се ра­бо­ти за ви­стин­ски дер­би - нат­пре­вар,истакнува српскиот голман кој настапува во Металург.

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се одлучува за иднината на државата.

Прашањето е каква држава сакаме да изградиме?

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните но тоа може да има сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 и да гласаат ЗА, за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево

Русија ги засилила нападите во правец кон Авдејево, соопшти утринава Генералштабот на вооружените сили на Украина, наведувајќи дека украинските сили во изминатите 24 часа одбиле 50 руски напади на тој дел од фронтот.

Руските сили се фокусираа на неколку сектори на фронтот во Донбас, пренесува Униан.

Во правец кон Бахмут, украинските сили одбиле 22 руски напади, а во изминатите 24 часа на линијата на фронтот се случиле 134 судири.

Кина во историска мисија- лансира сонда на темната страна на Месечината

Кина денеска ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6, соопшти кинеската Национална вселенска администрација.

Сондата ќе собира примероци од темната страна на Месечината. Тоа ќе биде прва ваква мисија во историјата на човештвото, јавуваат кинеските медиуми.

Во тек се последните подготовки за мисијата, која ќе започне од местото за лансирање Венчанг во кинеската провинција Хејнан.


притисни ентер