Рамос повторно му донесе триумф на Реал

Со голот на Серхио Рамос во судиското надополнување, Реал Мадрид синоќа го победи Депортиво Ла Коруња со 3:2, иако до 84.минута губеше со 1:2.

Реал Мадрид кој на овој натпревар настапи ослабен без Кристијано Роналдо, Лука Модриќ, Карем Бензема и Герет Бејл, го изедначи клупскиот рекорд од 35 средби без пораз.

На другите натпревари од 15.коло на Примера:

Малага – Гранада 1:1,
Осасуна – Барселона 0:3,
Сосиедад – Валенсија 3:2 и
Лас Палмас – Легањес 1:1.

Денеска играат:

Еибар – Алавес,
Селта Виго – Севиља,
Еспањол – Спортинг Хихон и
Бетис – Атлетик Билбао.

Последниот натпревар од оваа рунда се игра утре меѓу Виљареал и Атлетико Мадрид.

Табела: Реал Мадрид 37 бода, Барселона 31, Севиља 27, Сосиедад 26, Атлетико Мадрид 25,..

Барела ќе остане во Интер за рекордна сума

 Италијанскиот репрезентативец Николо Барела се согласил да го обнови договорот со Интер до 2029 година, објави денеска весникот „Газета дело спорт“.

Според новите услови на договорот, Барела ќе стане најплатен Италијанец во Серија А. Играчот од средниот ред ќе заработува 6,5 милиони евра годишно плус различни бонуси со кои износот ќе надмине седум милиони евра.

Досега најскапо платени италијански фудбалери во Серија А се соиграчот на Барела, Алесандро Бастони (5,5 милиони евра) и Федерико Киеза од Јувентус (пет милиони евра).

Во наредните денови се очекува Интер да го продолжи договорот и со тренерот Симоне Инзаги.

Џастин и Хејли Бибер објавија среќна вест, ќе станат родители

Џет сет двојката Џастин и Хејли Бибер објави среќна вест, дека наскоро ќе станат родители.

Светсксата музичка ѕвезда Џастин Бибер и неговата сопруга манекенката Хејли на Инстаграм објавија дека чекаат дете.

Парот објави неколку заеднички фотографии, кои најверојатно се направени на обновување на заветите, а на кои се гледа трудничкиот стомак на убавата Хејли.

Хели и Џастин се во брак шест години и ова ќе биде нивното прво дете.

Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци

Околу 104.000 пакувања леб се повлечени од продажба во Јапонија, откако во две пакувања се пронајдени делови од стаорци, соопшти производителот на леб „Паско Шикишима“.

Компанијата потврди дека е покрената истрага откако во две пакувања леб биле пронајдени делови од телото на стаорци, пишува Јапан Тајмс.

„Сакаме длабоко да се извиниме што предизвикавме непријатности на нашите муштерии и клиенти“, се вели во соопштението на компанијата.

Се додава дека производството ќе биде прекинато до крајот на истрагата.

притисни ентер