Кој е Ибрахим Акил кој беше убиен во денешниот напад врз Бејрут

Акил, познат и како Тахсин, е клучен оперативец на Хезболах од основањето на групата во раните 1980-ти, јави Ал Џезира.

Како и повеќето високи воени функционери на Хезболах, Акил беше фигура во сенка, не даваше јавни изјави, ниту имаше јавни настапи.

Според американскиот Стејт департмент, тој служел во највисокото воено тело на групата – Џихадискиот совет.

САД минатата година распишаа награда од седум милиони долари за информации што ќе доведат до негова идентификација или апсење. Вашингтон го обвини за вмешаност во самоубиствен бомбашки напад врз американските поморски касарни во Бејрут во 1983 година, во кој загинаа 241 Американец за време на либанската граѓанска војна.

Во 2019 година, САД го прогласи за „глобален терорист“.

Иако либанската група не го објавува рангот на своите членови, израелската војска тврди дека Акил бил шеф на единицата Радван, елитните сили на Хезболах. /МИА

ОН „многу загрижени“ по нападот во Бејрут, повикаа на „максимална воздржаност“

Обединетите нации соопштија дека се „многу загрижени“ по израелскиот напад во кој беше убиен висок командант на Хезболах во либанскиот главен град Бејрут и ги повикаа сите страни да покажат „максимална воздржаност“.

- Ние, се разбира, сме многу загрижени за зголемената ескалација … Вклучувајќи ги и смртоносните напади што ги видовме во Бејрут денеска. Ги повикуваме сите страни веднаш на деескалација. Сите мора да покажат максимална воздржаност, изјави Стефан Дижарик, портпарол на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Во нападот, кој ИДФ го опиша како „насочен“, загина Ибрахим Акил, шеф на елитните сили на Хезболах – Радван и најмалку 10 други команданти на Хезболах во предградието Дахије во Бејрут, кое се смета за упориште на Хезболах.

Итна седница на Советот за безбедност на ОН

Советот за безбедност на ОН почна итна седница поради бранот експлозии насочени кон Хезболах во Либан оваа недела.

Состанокот беше побаран од Алжир во име на арапските држави, а доаѓа по последниот израелски воздушен напад врз Бејрут, во кој загинаа најмалку 14 лица, а десетици се ранети. /MИА

Киев ја забрани употребата на Телеграм од страна на армијата и официјалните лица

„Русите лесно го хакираат“.

Украинскиот Совет за одбрана и национална безбедност објави дека ќе ја забрани употребата на „Telegram“, популарната апликација за пораки основана од Русинот Павел Дуров, на деловните електронски уреди на повеќето нејзини војници и офицери, сомневајќи се дека руските служби имаат пристап до пораките. .

„Донесена е одлука да се забрани инсталирањето и употребата на „Telegram“ на службените уреди на владини претставници, воен персонал, вработени во безбедносниот и одбранбениот сектор, како и на компании кои управуваат со критична инфраструктура“, се вели во соопштението на Советот.

Војската „често го користи за да разговара за доверливи оперативни прашања“, изјави за АФП висок функционер на украинската безбедност, кој сакаше да остане анонимен. „Тоа е голем извор на протекување информации бидејќи Русите многу лесно ја хакираат апликацијата „Telegram“ “, објасни тој.

Вработените од кои се бара да користат „Telegram“ како дел од нивните должности, особено за дистрибуција на официјални соопштенија за печатот, не се опфатени со ова правило, појаснуваат од Советот, бидејќи апликацијата е главниот канал за комуникација помеѓу војската и јавните органи.

Оваа одлука е донесена за време на состанокот за „заканите по националната безбедност“ што ги носи апликацијата, додава Советот, институција под надлежност на украинското претседателство.

Шефот на украинското воено разузнавање Кирило Буданов презентираше „потврдени информации“ кои покажуваат дека руските разузнавачки служби „имаат пристап до личната кореспонденција на корисниците на „Telegram“, дури и до избришаните пораки, како и до нивните лични информации“, според Советот.

И претставници на украинските безбедносни служби тврдат дека Москва користи „Telegram“ за сајбер напади или геолокација на корисници.

Хамас ја осуди „ескалацијата на ционистичката агресија“ по убиството на високиот командант

Терористичката организација Хамас соопшти дека го осудува „бруталниот“ израелски напад врз Бејрут, во кој ИДФ го уби високиот командант на Хезболах Ибрахим Акил.

Во соопштението, терористичката група од Газа вели дека „ја осудува бруталната и терористичка агресија започната од армискиот авион на ционистичкиот непријател врз јужното предградие на Бејрут“ и тврди дека нападот бил „ескалација на ционистичката агресија“, јави Тајмс оф Израел. /МИА

притисни ентер