Работниците во „Мерцедес“ добија рекордни бонуси

Од 1997 година, Мерцедес дел од својот профит го дели со работниците. Годинава им исплатија рекорден бонус.

Минатата година околу 100.000 работници на Мерцедес добија бонус од 6.000 евра, со што раководството ги награди работниците за профитабилната 2021 година. Следејќи ја оваа практика, заедно со релативно успешната мината година, Мерцедес одлучи на работниците годинава да им исплати рекорден бонус од 7.300 евра, што е повеќе од сегашниот максимален износ на исплата од 6.465 евра.

Оваа сума ќе ја добијат околу 93.000 работници. Висината и исплатата на бонусот ја договориле менаџментот и работничкиот совет, а ќе се исплати со платата за април. Почнувајќи од деловната 2023 година, ќе се воспостави нов систем за пресметка на бонусот за учество во добивката. Mercedes вели дека новата стратегија ќе биде „усогласена со постоечкиот систем за управување“.

„Заедно, постигнавме многу во 2022 година. И покрај предизвикувачкото опкружување, нашиот тим на Mercedes-Benz направи уште еден голем чекор кон успешна трансформација на нашата компанија. Како признание за оваа изведба, се договоривме со главниот работнички совет дека ќе платиме специјален бонус од 7.300 евра оваа година. Овој број е значително над претходниот максимален износ. Со најголемиот бонус за делење профит во историјата на компанијата, сакаме да ја изразиме нашата благодарност за исклучителната посветеност на нашите колеги“, рече Сабине Колајзен, член на Управниот одбор на Mercedes-Benz Group AG одговорна за човечки ресурси и директорка за работни односи.

Рекордниот бонус доаѓа во време кога Mercedes донесе одлука за рекордни инвестиции во електричната гама. До крајот на деценијата компанијата ќе инвестира над 43 милијарди евра. До 2030 година на повеќето пазари ќе нуди исклучиво електрични модели, а дотогаш планира да изгради осум фабрики за батерии. Од друга страна, инвестициите во развој на мотори со внатрешно согорување ќе се намалат за 80 отсто до 2026 година.

Ди Марија пред трансфер во Турција

Турскиот гигант Бешикташ испраќа сезона полна со неуспеси и веќе размислува за новата кампања. „Црните орли“ се во потрага по нов тренер, а планираат и летни трансфер потези.

На „Тупраш“ има сериозен интерес за аргентинскиот ветеран Анхел Ди Марија и ќе преземат конкретни чекори за да го привлечат, тврди „ТРТ Спор“. Тоа се очекува да се случи во наредните денови.

Триесет и шест годишниот офанзивен играч за врска најверојатно ќе ја напушти Бенфика на крајот на сезоната бидејќи му истекува договорот. Има опција да се продолжи за уште една сезона, но тоа веројатно нема да се случи.

Ди Марија има втор престој во португалскиот гигант. Тој минатото лето се врати на „Луж“ откако го напушти Јувентус. Играше и за Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и ПСЖ.

Доколку дојде до трансфер на Аргентинецот во Бешикташ, тоа најверојатно ќе биде неговиот последен европски тим.

Канал 5 во манастриот Богородица Елеуса познат по крстот на бесконечноста

Манастирот свиен во зеленилото и мирот тивко сведочи за религијата и неговата историја, сите преживени премрежја посебености и убавини што ги има само тој. 

Што е бесконечноста во нашата религија?

Воскресението и Христос

Христовото воскресение е суштината на христијанството, без него верата ќе беше празна, раскажува отец Стоил Димитриев во вековниот манастир Пресевета Богородица Елеуса или Милостлива во струмичко Вељуса раскажуваше за воскресението и за неговата верба во него.

Манастирот свиен во зеленилото и мирот тивко сведочи за религијата и неговата историја, сите преживени премрежја посебености и убавини што ги има само тој. Изграден во 11 век во времето на визнатиската империја бил омилен на тогашниот Алексиј Комин го ослободил од плаќање на данок. Неговиот симбол е познатиот вељушки крст или крстот на бесконечноста што е вграден со тули во самиот манастир.

На влезот од манастирот ве пречекуваат оригинални делови од најстариот мермерен иконостас и фрагменти од мозаичните декорации на подот, кои и покрај многуте несреќи и пожари сведочат спокојно дека тие се уште се во манастирот цели 1000 години. Мошне е ретка и фреската на Исус во куполата, бидејќи Исус ретко се прикажува како дете на 12 години. Отец Димитриев раскажува дека во денешното брзо време луѓето матријално имаат се, ама духовната храна ја немаат за неа се гладни. Пред нив но не ја гледаат. Денешницата бара инстант решенија, во црквата нема брзи решенија.

Во манастирот има монахињи, тие во секоја нивна активност ја кажуваат исусовата молитва затоа тука се е убаво и спокојно, раскажува отецот. Тие во нивната продавница имаат чаеви, сапуни. А секој посетител за вековната убавина на вељушкиот манастир монахињите со благослов ќе раскаже за симболите на манастирот и религијата.

Четири години по бегството од штипскиот затвор, кондовецот Агим Красниќи е уапсен во Косово

По четири години во бегство кондовецот Агим Красниќи е упасен во Косово кој се бараше со меѓународна потерница.

Полициски единици во петокот околу полноќ во Урошевац запреле „ауди“ со македонски регистарски таблици, при контрола и преглед на автомобилот биле пронајдени три пиштоли и муниција. Уапесни се четири лица, македонски државјани. Според информациите се работи за Агим Красниќи, Бесим Красниќи, Фадил Точи и Сеад Рамадани Цапи.

Потврда добило и македонското министерство за внатрешни од Интерпол, потврдуваат за Канал 5.

Косовоската полиција соопшти дека тројца од нив се бараат за тепачка и пукање што се случило лани во Урошевац.

-Четири лица се спроведени во полициска станица, поради сомнение дека се барани лица, инволвирани во кривични дела, а три од нив приложиле лажни документи за идентификација. При проверка на лицата, констатирано е дека трите лица се осомничени и барани за случајот во Урошевац на 17.10.2023 година. Лицето Б.К. македонски државјанин, се барало со меѓународна потерница, распишана од властите во Македонија,--Полиција на Косово.

Агим Красниќи во 2008 година во Македонија беше осуден на 15 години затвор поради тоа што во 2005 година во неговото родно село Кондово со својата група подготвуваше напад на Скопје. Беше прогласен за виновен за серија кривични дела меѓу кои и изборни нерегуларности. По скоро 13 години поминати зад решетки, Красниќи избега по слободен викенд од штипскиот затвор каде ја извршуваше казната во 2020 година, на два месеци пред тогашните парламентарни избори.

Активна е и меѓународната потерница за Бесим Красниќи кој се бара за дела како кражба, разбојништво, предизвикување општа опасност, тероризам, насилство. И во потерницата за Фадил Точи се наведени тероризам, насилство, тргување со оружје и други дела. На сите им е определен 48 часовен притвор со цел спороведување на истрага. За екстрадиција на Агим Красниќи е рано да се одлучува со оглед на тоа што првин треба да одговараат за делата кои таму ги сториле, а потоа македонското министерство за правда да ја започне постапката.

притисни ентер