Аналитичари: Реториката се заостри по првиот круг, Левица се најголемите губитници на 24 април

На три дена до двојните избори дел од политичките аналитичари во земјава ценат дека, иако на моменти имало црна изборна кампања, сепак генералната оценка е дека изборната реторика се одвивала во границите на очекуваното.

За некои пак преекспонирано било прашањето за уставни измени и европската иднина на земјата, а по резултатите од првиот круг се разгорела и меѓуетничката реторика.. Дел од познавачите велат дека најголеми губитници на првиот круг од претседателските избори биле СДСМ и Левица.

-Кој е најголем губитник, ако мислите на политичките партии, тоа е СДСМ со оглед на резултатот на кандидатот што го подржува нели за претседател. Левица не е фактор-партија која може значајно да влијае, поготово со своите радикални ставови, антиевропски и анти-НАТО, таа нема некои шанси да биде позначаен фактор,- -Никовски.

-Факт е дека појавата на Максим Димитриевски, на ЗНАМ направи еден пресврт во структурата на македонските политички партии и тука најголем губитник е Левица и мислам дека појавата на ЗНАМ е исклучително значајна бидејќи со своите досегашни политики, СДСМ покажа дека не е достоен за улогата која долги години ја имаше на македонската политичка сцена,- – Иванов.

Адвокатот Јанаки Митровски пак смета дека реториката на дел од партиите била клучна за изборниот исход...

-ДУИ и Левица, ДУИ кои што традиционално одат на предзнакот УЧК и со закани кои што стануваат се поотворени од Бујар Османи дека не може да има Влада без нив што не го пишува никаде и политичката партија Левица која што станува се поочајна и се повеќе игра на национализам бидејќи веројатно тоа им е последната сламка за спас,- Јанаки Митровски – Адвокат.

Дел од поранешните членови на Левица не се со големи очекувања на партијата на претстојните избори, причината за тоа ја гледаат во внатрешните поделби.

-Со оглед на тоа дека циркулираат слики како Апасиев стои до штанд за делење флаери, апсолутно Левица е најголемиот губитник, човекот во 2016, кога теренските активности се сведуваа на на објаснување дека партијата постои, тој не се појави на штанд, така што тие остварија резултат кој што е далеку од нивните очекувања. Сметам дека сликата од првиот круг е релевантна иако луѓе сакаат да си верглаат некоај реторика дека ќе се зголеми или намали, пред првиот круг очекував Левица да се бори помеѓу 8 и 12 мандати, сега мислам дека би биле пресреќни ако се 4,- -Бранко Ристов – Поранешен член на Левица.

Според дел од политичките аналитичари, првиот круг од претседателсктите избор е показател за тоа што може да се очекува и во среда, други пак велат дека не ништо завршено и дека граѓаните ќе имаат нова можност за одлуки.

Верстапен го израмни рекордот во Ф1 за последователни пол-позиции

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, повтори достигнување кое не беше постигнато повеќе од 30 години.

Холанѓанецот беше најбрз во денешните квалификации за Големата награда на Емилија-Ромања и го повтори рекордот на уште еден трикратен шампион во Формула 1, Аиртон Сена, освојувајќи осум пол-позиции по ред. Сена успеа да го стори тоа во 1988-1989 година.

Покрај тоа, Верстапен го повтори рекордот за последователни пол-позиции на почетокот на сезоната - во 1993 година, Ален Прост освои седум квалификации по ред.

Главната трка на патеката „Енцо и Дино Ферари“ ќе се вози утре со почеток во 15 часот. /МИА

Видео: Страшна глетка, невреме кај Градско

Страшно невреме вечерва во делови од Македонија, до нашата редакција пристигна видео од страшната глетка на автопатот кон Скопје веднаш после Градско.

На снимката може да се забележат поројни врнежи од дожд и повремени грмотевици.

Во голема полициска акција во Албанија запленет имот вреден над 4,5 милиони евра

Во голема полициска акција, во содејство со Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК), спроведена во повеќе градови во Албанија, запленет е имот вреден над 4,5 милиони евра.

- Пронајдени и одземени како материјални докази се 2.996.760 евра готовина; значителни количини злато и скап накит; часовници од скапи марки со приближна вредност од 500.000 евра; огнено оружје; прилагодени регистарски таблички; луксузни возила (од кои пет блиндирани возила во вредност од над 500.000 евра); системи за надзор со камера, покер маса и слично, објави Министерството за внатрешни работи.

Се додава дека во рамки на оваа мега-операција, биле погодени седум структурирани криминални групи со значителна моќ и географски опфат на нивните криминални активности во некои од поголемите градови во земјата, како што се Тирана, Драч, Валона, Лежа, Фуш Круја и Решен, а биле издадени 43 налози за апсење.

Уапсени се 20 лица, а по останатите, меѓу кои и поранешен пратеник и четворица високи полициски раководители се трага./МИА

притисни ентер