Прва победа за Аргентина, Еквадор со максимален учинок

Фудбалерите на Аргентина ноќеска ја постигнаа првата победа во квалификациите за Светското првенство 2018 година, додека Еквадор е единствената селекција со максимален учинок во Јужноамериканските квалификации.

Аргентина во натпреварот од 4.коло ја совлада Коумбија на гости со 1:0, додека Еквадор славеше триумф на гостувањето кај Венецуела.

Пораз претрпе шампионот на Јужна Америка Чиле на гостувањето кај Уругвај, додека победи на домашен терен постигнаа Бразил и Парагвај.

Резултати на натпреварите од 4.коло:
Колумбија – Аргентина 0:1,
Венецуела –Еквадор 1:3,
Парагвај – Боливија 2:1,
Уругвај –Чиле 3:0,
Бразил – Перу 3:0.

Табела: Еквадор 12 бода, Уругвај 9, Бразил 7, Парагвај 7, Чиле 7, Аргентина 5, Колумбија 4, Боливија 3, Перу 3, Венецуела 0. /МИА

Во 14 часот во седиштето на ВМРО- ДПМНЕ,средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и „ВРЕДИ”

Денеска во 14 часот, во, седиштето на ВМРО- ДПМНЕ, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „ВРЕДИ”, ќе одржат  средба за договор за формирање на новата влада.

Досега на лидерската средба се договорени општите начела на соработка која ќе се базира на три цели: евроинтеграции, економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.

Изет Меџити претходно изјави дека владата ќе има околу 80 пратеници.уставните измени се приоритет за нив, а со ВМРО-ДПМНЕ ќе бараат меѓународни гаранции.

.

Царинска управа: Запленети 4,8 килограми злато при влез на ГП Богородица

Царински службеници запленија 4,8 килограми златен накит со проценета вредност од 20,4 милиони денари, по контрола на автобус на граничниот премин Богородица при влез во државата.

Како што соопшти денеска Царинска управа, царинските службеници на граничниот премин Богородица селектирале автобус кој сообраќал на линија Истанбул - Гостивар, при што бил извршен детален претрес.

Во пределот за багаж била пронајдена црна торба, во која во девет пакетчиња обвиткани со најлон е откриено злато со тежина од 4,8 килограми. Возачот кој првично изјавил дека нема ништо за пријавување по откривање на златото потврдил дека торбата е негова.

-Нашите царински службеници се грижат за забрзан транспорт на легална трговија, но истовремено ги штитат приходите на државата спречувајќи шверц и криминал. Во случајот е спречено избегнување плаќање увозни давачки во износ од 5 милиони денари, се наведува во соопштението од Царинска управа.

Случајот, како што велат од Царинска управа, е преземен од страна на инспекторите од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги при што против возачот ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија. Златото согласно закон ќе биде предадено во Народна банка.

„Гответе со Дракче“ - Гибаница од бајат леб

Во среда  (15.05.2024) во емисијата гостин ни беше Влатко Плевнеш.

Состојки за денешниот рецепт:

1 бајат леб

500 мл. минерална вода

3 јајца

500 гр. кисело млеко или јогурт

100 гр. сирење

200 гр. кашкавал

микс од сувомесни производи

(печеница, сланина, свински врат и др.)

масло

зачини по желба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер