Протест на вработените во Народниот правобранител - незадоволни од платите

Незадоволни од платите и статусот кој го имаат како службеници.

Членовите на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ), денеска, пред Народниот правобранител одржаа мирен протест каде го искажаа својот револт од нивниот статус кој го имаат како административни службеници.

Државниот советник на Народниот правобранител и претседател на синдикалната организација при НП, Марјан Поњавиќ, во изјава за медиумите побара без одлагање да се зголемат платите на вработените во Народниот правобранител, бидејќи како што рече, нивните месечни примања во моментов заостануваат многу зад платите на останатите независни регулаторни тела како и на вработените во администрацијата воопшто.

-Имено, во контекст на ова наше барање би сакал да ве информирам дека при основање на НП во 1998 година, платите на стручната служба биле со еднаков коефициент на ранг на судиите на Основен суд, што значи дека државата во минатото имала повеќе сенс за значењето на оваа институција како заштитник на правата на граѓаните, рече Поњавиќ.

Според него, секоја омбудсман институција треба да биде самостојна, независна и целосно одвоена од институциите спрема кои презема дејствија за заштита на правата на граѓаните, и додаде дека тоа не е случај кај нас. Во моментов не можат да се надминат одредени слабости, вели тој, кои се искажани и нотирани во извештаите за напредокот на државата од страна на Европската Комисија.

-Склучување на Предлог-закон за изменување и дополнување на Закон за НП, кој се наоѓа во Собрание би се спровела препораката на Европската комисија против расизам и нетолеренција на Советот на Европа, која препорачува властите да дадат финансиска независност на канцеларијата на НП, за користење на своите буџетски средства без да се бара одобрение или согласност од Министерството за финансии, а воедно да се подобри финансиската состојба на вработените во НП, рече Поњавиќ.

Поради тоа, тој вели час поскоро е потребно ново законско решение со кое вработените во НП нема да бидат во кругот на вработени опфатени со Законот за административни службеници, туку ќе бидат самостојни и независни. Исто така тој додаде дека за вработување во Народниот Правобранител и за пополнување на испразнети работни места нема да се бара согласност од Министерството за финансии.

Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, вели службата на Народниот правобранител не треба да биде врзана по Закон за административни службеници, бидејќи нивната работа не е административна. Тој вели тие извршуваат работни задачи по претставки на граѓаните и на вработените во јавниот сектор и ги заштитуваат нивните права и интереси, затоа вели не е логично вработените во НП да бидат врзани по Закон за административни службеници.

-Со години го чекаме носењето на посебниот Закон за службата, со години сме игнорирани од власта. Не може со оваа проблематика на работа да имаат ваква висина на плати, кажа колегата Марјан дека во 1998 година висината на платите биле на ранг на судиите, тоа не е чудно и не треба да бие чудно, бидејќи тие одлуки и решенија што се носат, се решенија по претставки и може да се смета дека Народниот правобранител, односно службата е еднаква на судиите во Основните судови, рече Деаноски.

Во еден ден му извадиле 20 заби и му вградиле 12 импланти- се вратил дома и починал

Жителка на кинескиот град Јонгканг, неодамна поднела жалба до Општинското здравствено биро, а по смртта на нејзиниот татко.

Г-ѓа Шу наведува дека на несреќниот човек во еден ден во локалната стоматолошка клиника му биле извадени 20 заби и вградени 12 импланти. Таа тврди дека тоа ја предизвикало неговата прерана смрт 13 дена подоцна.

Ќерката тврди дека таткото во последните денови од животот претрпел „страшни болки“, пред да доживее срцев удар на 28 август, пренесува Oddity Central.

Таа бара одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата.

Според писмената согласност на пациентот, на мажот му биле извадени природните заби, по што на вилицата му биле дупнати 12 дупки за импланти.

Претставникот на клиниката, каде што била извршена процедурата, објаснува дека бројот на заби кои може да се вадат одеднаш го одредува лекарот, врз основа на општата состојба на пациентот.

Не постои специфична регулатива, а клиниката и лекарот мора да ја имаат предвид толеранцијата на болката на пациентот и ризикот од инфекција.

„Колку повеќе заби отстранувате, толку повеќе пациентот реагира на болка и поголема е веројатноста за постоперативна инфекција“, рече Ксијанг Гуолин, директор на Центарот за орална медицина во Вухан.

Истрагата е во тек, но претставник на Општинското биро за здравство изјави дека „докажувањето на вината може да биде тешко“, со оглед на тоа што смртта настапила 13 дена по постапката.

Ужас во Франција: Маж си ја убил сопругата и двете мали деца, на една и 5- годишна возраст

Во Морман, во Сена-ет-Марн, во областа Ил-д-Франс, е уапсен човек кој рекол дека штотуку го убил „своето семејство“.

Околу 06:00 часот во Мормант, полицаец кој не бил на должност, кој одел на работа, видел маж вооружен со нож како напаѓа друг минувач на улицата, објави ТВ БФМ.

Пешакот е повреден во раката, а другиот во вратот, „и двајцата без значителни последици“, изјави обвинителот Жан Мишел Бурле.

Полицаецот успеал да го стави под контрола и да го уапси.

Потоа рече дека штотуку го убил „своето семејство“, сопругата и двете деца на една и петгодишна возраст.

Осомничениот нема криминално досие, туку „психијатриска историја“, додаде обвинителот.

Тој во моментов е хоспитализиран за да се утврди дали е способен да биде во притвор.Отворена е истрага за убиство со умисла, соопшти обвинителот.

Во Франција во просек се случува фемицид на секои три дена.

Во 2023 година, родителите убиле повеќе од 60 деца, според Voa d-lanfan, здружение кое брои убиства врз основа на случаи објавени во медиумите.

„Операција саксија“ е во тек во Амстердам, жителите во тешка меѓусебна кавга

Властите во холандската престолнина Амстердам ја почнаа „операција саксии“, бидејќи, како што истакнаа, прекумерното поставување саксии околу зградите го загрозува пристапот до објектите.

Жителите со вознемиреност реагираа на плановите на властите во Амстердам да ги отстранат, според нив, непромислено поставените саксии, објави Гардијан.

Во пристапот што локалните медиуми го нарекоа „операција саксии“, централниот кварт на холандската престолнина ги ограничува жителите да постават два саксии со дијаметар од 50 сантиметри, направени од „одржлив“ материјал и поставени на предниот ѕид на зградата.

Ќе се отстранат цели „градини“ со саксии на паркинзи и под дрвја, се вели во меморандумот на градските власти.

На состанокот на градскиот совет во вторникот, претседателката на Централниот извршен комитет на Амстердам, Амели Стренс, рече дека напуштените саксии со цвеќиња се непривлечни, лоши за биолошката разновидност и ги прават објектите помалку достапни за оние кои користат помагала за мобилност и инвалидски колички.

Некои жители на Амстердам се задоволни што градот реагира на загриженоста на луѓето за преполните тротоари, додека други посочуваат дека напуштените или паркирани велосипеди и тераси во баровите зафаќаат голем дел од јавните површини, како и отпадот, наведувајќи дека преголем број туристи го посетуваат градот.

притисни ентер