Продолжи судењето за случајот Тотал ТВ

Тасев е обвинет дека во периодот од 2015 до 2017 година спротивно на законот за трговските друштва и без да свика собир на содружници склучувал договори со што нанел штета, според проценките на вешто лице, од 800.000 евра на содружникот Илијовски.

Со читање на докази, приговори и сослушување на вештото лице Орце Миладиновски заврши уште едно рочиште за случајот „Тотал ТВ“ во кој е обвинет управителот на компанијата Никола Тасев за злоупотреба на службената должност и склучување на договори без согласност од содружниците. Иако обвинителството очекуваше судењето да влезе во завршница, сепак се закажа уште ново рочиште за наредниот месец каде излагање пред судот треба да има последното вешто лице – Ѕвонко Кочовски кој денеска не беше присутен, зашто како што беше речено, имало потешкотии тој да биде известен. Обвинителката во случајот – Лидија Раичевиќ се надева дека наскоро процесот ќе има завршница...

-Се наоѓаме во пролетната фаза на предметот Тотал ТВ за кој што предмет обвинението е поднесено во месец декември. Јас сум задоволна од начинот на закажувањето на рочиштата и динамиката со која што оди, но сепак се надевам дека завршницата во овој предмет ќе ја дочекаме што поскоро.- Лидија Раичевиќ – Обвинителка

Адвокатот на оштетениот Тони Илијовски вели дека судот требало да биде поагилен и поефикасен, бидејќи судењето се оддолжило повеќе од очекуваното. Според него, спорот се одолговлекува од страна на одбраната, бидејќи истиот требало да се реши уште додека бил обвинителен акт, сметајќи ја сериозноста на самата штета, кривичното дело и предвидената казна..

-Сметавме дека денеска треба да се заврши, меѓутоа еве доаѓа до уште едно одлагање и се надеваме следниот пат, како што вети одбраната дека таа ќе го обезбеди присуството на вештото лице, па се надеваме дека ќе добиеме некаква конечна разрешница или барем навестување дека сме веќе при крај и завршување на самиот спор. Ако е стратегија, гледано објективно како се случуваат работите, функционира, успеаја најмалку да избегнат можност да добие поголема казна како што беше предвидено пред измените на законот.

Никола Тасев е обвинет дека во периодот од 2015 до 2017 година спротивно на законот за трговските друштва и без да свика собир на содружници склучувал договори со што нанел штета, според проценките на вешто лице, од 800.000 евра на содружникот Тони Илијовски. Во меѓувреме, минатиот месец против Тасев беше поднесена уште една кривична пријава од уште еден малцински содружник во Тотал Тв Македонија.

Трамп најави уште еден митинг во Батлер, градот каде што беше извршен обид за атентат врз него

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп, најави дека наскоро ќе одржи уште еден митинг во Батлер, Пенсилванија, каде што беше извршен обид за атентат врз него на 13 јули.

„Ќе се вратам во Батлер, во Пенсилванија, на голем и убав митинг“, напиша тој на социјалните мрежи.

Трамп не го прецизираше датумот, а деталите ќе ги соопшти подоцна.

Блинкен пристигна во Лаос на разговори со партнери од Југоисточна Азија

Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен утринава пристигна во Лаос и ја започна новата турнеја низ Азија, при што има намера да го реафирмира лидерството на САД наспроти зголеменото влијание на Кина.

Блинкен треба да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Асоцијацијата на нации од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Виентиан, посветен на Мјанмар и тензиите во Јужното Кинеско Море.

Се очекува Блинкен да се сретне и со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

Ова е 18-та турнеја на Блинкен низ Азија откако ја презеде функцијата пред повеќе од три години, што ја одразува конкуренцијата меѓу САД и Кина.

За време на турнејата, покрај Лаос, Блинкен ќе ги посети и Виетнам, Јапонија, Филипините, Сингапур и Монголија.

Мнозинството Европејци оптимисти за иднината на ЕУ

Вкупно 58 отсто од жителите на земјите членки на ЕУ се оптимисти за иднината на Унијата, а 55 проценти од нив изјавиле дека се сигурни во силата на европската демократија, покажуваат најновите резултати од истражувањето Евробарометар. 

Од друга страна, 37 отсто од анкетираните Европејци изразуваат песимизам околу иднината на ЕУ, а додека 41 проценти не се уверени во јачината на демократијата во блокот.

Како главни предности на ЕУ, 38 отсто од испитаниците ги идентификувале почитувањето на демократијата, човековите права и владеењето на правото, 34 проценти нејзината економска, индустриска и трговска моќ, а 28 отсто добрите односи и солидарност меѓу земјите членки на Унијата.

Како приоритетни области на кои треба да се посвети ЕУ, по 33 проценти од анкетираните ги посочиле заштитата на животната средина и борбата со климатските промени и справувањето со илегалната миграција, за 29 отсто тоа се безбедноста и одбраната, за 25 проценти војната во Украина. Дури 64 отсто од граѓаните на ЕУ загрижени за безбедноста на ЕУ во следните пет години.

Половина од анкетираните или 50 отсто, токму војната во Украина ја сметаат за најголем предизвик со кој се соочува ЕУ, по што следуваат илегалната миграција, која за главен предизвик ја сметаат 41 отсто Европејци и животната средина и климатските промени, кои се врвен предизвик за 35 проценти од испитаниците.

Доверба во перформансите на европската економија во следните пет години искажале 51 отсто од Европејците, додека 45 проценти се скептични во однос на економските перспективи до 2029 година.

На прашањето „кои вредности најдобро ги отсликуваат ЕУ во споредба со другите земји во светот“, по 53 отсто од Европејците ги посочиле почитувањето на основните права и вредности, како и слободата на говор и изразување.

Анкетата е спроведена помеѓу 25 јуни и 2 јули годинава и со неа биле опфатени 25.658 граѓани од сите 27 земји членки на ЕУ.

притисни ентер