Проблеми во бракот на Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша поради порака на фудбалер

 Познатиот српски фудбалер Душко Тошиќ во телефонот на својата сопруга  пејачката Јелена Карлеуша пронашол порака од фудбалерот Огнен Врањеш, и веднаш му вратил жестоко предупредување.

Но, првотимецот на Андерлехт Врањеш не му останал должен и бесно му напишал: „Пуши к..“.

Поради овие пораки бракот на фудбалерот и пејачката е пред развод.А се започнало пред стартот на Лигата на нации.

Јелена карлеуша и босанскиот фудбалер Огнен Врањеш имале контакти и претходно преку социјалните мрежи. Имено, Врањеш минатата година бурно реагирал кога популарната Џеј Кеј упатила пораки на сметка на селекторот на Србија Младен Крстајиќ, лута што тој не го повикал нејзиниот сопруг Душко во репрезентацијата за дуелите во Лига нации.

Врањеш тогаш жестоко „удрил“ по Тошиќ и, и порачал на Карлеуша дека нејзиниот сопруг не игра ниту во Кина.

-А реално ли е покрај малите Кинези да игра на секој трет натпревар?Алооо биди реална, напишал Врањеш и ја означил Карлеуша.

Потоа наводно тој продолжил да и испраќа пораки на популарната пејачка, а се кулминирало кога Душко ги пронашол пораките во телефонот на својата сопруга.

Расправата меѓу сопружниците се случила токму на новогодишната ноќ, по која пејачката го прекинала својот настап, бесна откако Душко испратил пијалак до една девојка.

Душко и Јелена расправијата ја продолжиле и дома , а во еден момент фудбалерот го земал телефонот на сопругата и ја видел преписката на јелена и Огнен.

Протест пред Берлинскиот слободен универзитет во знак на солидарност со Појасот Газа

 Пропалестинските активисти денеска протестираа пред Берлинскиот слободен универзитет, апелирајќи на студентски отпор низ Германија во знак на солидарност со луѓето во Појасот Газа.

Според процените на портпаролката на Универзитетот во протестите учествувале од 80 до 100 луѓе.

Активистите на групата Студентска коалиција Берлин повикаа на запоседнување на германските универзитети и побараа крај на „колонијалното угнетување“.

Околу 150 активисти на 3 мај протестираа пред Универзитетот Хумболт во Берлин.

Повеќе од две недели на голем број универзитети во САД, во Велика Британија и други земји има протести против израелската офанзива врз Појасот Газа./МИА

Јом Хашоа одбележан во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје

Со едноминутно молчење во чест на жртвите во холокаустот, денеска беше одбележан Денот на сеќавањето на жртвите. Традиционално овој ден  се одбележува на годишнината на востанието во Варшавското гето.

Маја Нану, член на управниот одбор на еврејската заедница, нагласи дека Македонија, рамо до рамо со целиот свет, им оддава почит на своите 7.144 евреи, жртви на нацизмот, депортирани во логорот на смртта, Теблинка.

Самоил Садикарио, пензиониран професор на медицинскиот факултет, член на Еврејската заедница, чии предци биле партизани, изразува жалење што се помалубројни се Евреите во Македонија. Особено му е жал што поради, како што рече, нечија луда идеа, загинале шест милиони евреи во светот.

Во чест на Денот на сеќавањето на жртвите од холокаустот, во музејот на холокаустот беше отворена и детска изложба, а најдобрите три цртежи беа и наградени.

Катарската делегација пристигна во Каиро

Делегација на Катар пристигна во главниот град на Египет, Каиро, каде ќе продолжат индиректните преговори меѓу Израел и Хамас.

Хамас вчера соопшти дека го одобрил предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, што го предложиле посредниците од Египет и од Катар.

Разговорите во Катар треба да доведат до итен и траен прекин на огнот во Појасот Газа. /МИА

притисни ентер