Принцот Вилијам им делеше ручек на бездомниците, сите го споредуваат со неговата мајка (ВИДЕО)

Принцот Вилијам го покажа својот хуманитарен карактер за време на празничната сезона.

Имено, на официјалниот Инстаграм профил кој го споделува со сопругата, принцезата Кејт, објавено е видео на кое Вилијам им дели ручек на бездомниците.

Принцот ја посети фондацијата The Passage во Лондон, а за оваа прилика среќно стави бела престилка. Тој со широка насмевка им подели храна на бездомниците, а подоцна се сликаше со некои од нив.

„Искрена благодарност до сите волонтери на The Passage кои неуморно работат за поддршка на бездомниците, особено за време на празничната сезона. Ваквите работи даваат надеж и создаваат чувство на заедница за оние на кои им е најпотребно“, стои во описот на Инстаграм.

Видеото за краток период доби речиси 69 илјади лајкови. Набрзо почнаа коментарите на фановите кои покрај брадата на Вилијам ја пофалија и неговата несебичност и хуманитарен карактер.

„Тој ќе биде најдобриот крал што оваа земја некогаш го видела“, „Природно е да ѝ служи на заедницата“, „Ми се допаѓа како е присутен кога разговара со другите“, „Обединетото Кралство е среќно што го има како принц“, напиша еден.

„Тој го наследи тоа од принцезата Дијана“, „Сигурни сме дека твојата покојна мајка се гордее со тебе“, „Тој оди по стапките на мајка си. Таа го научи дека не секој има среќа како него“, коментираат други, сеќавајќи се на покојната принцеза Дијана.

За брадата на принцот веќе се зборуваше и претходно. Имено, Вилијам на крајот на ноември го посети Солсбери Плејн каде имаше тренинг со велшката гарда, а навивачите беа воодушевени од неговиот имиџ.

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

Компанијата Вива внесе празнична магија во болничките ходници, со донација на новогодишни пакетчиња за најмладите пациенти во Универзитетската клиника за детски болести и Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, во Скопје.

Овие моменти беа исполнети со искрена благодарност и возбуда. Насмевките на децата и нивните блескави очи се доказ дека малите гестови создаваат големи радости. Новогодишните пакетчиња, полни со внимателно избрани сокови и овошни каши направени од 100% овошје, беа мала, но значајна порака дека грижата за децата треба да биде врвен приоритет.

„Децата секогаш се во центарот на нашите активности. Како општествено одговорна компанија, се стремиме не само да ги израдуваме, туку и да ги едуцираме за здравите навики уште од најмала возраст. Затоа, производите во пакетчињата се 100% природни и содржат витамини и минерали, токму кога им се најпотребни на децата. Секое насмеано лице и секој момент на радост за нас е непроценлив, и со оваа донација сакавме да внесеме празничнаеуфорија во нивното секојдневие,“ велат од менаџментот на Вива.

Во годината кога Вива го одбележа својот 30-годишен јубилеј, оваа донација е уште еден доказ за посветеноста кон најмладите и придонесот кон пошироката заедница. Празниците се време кога најмногу се чувствува важноста на споделувањето и грижата за другите, а оваа иницијатива е потсетник дека радоста што ја даруваме е најубавиот подарок што можеме да го дадеме.

Холандија: Над половина од родителите сметаат дека е в ред децата да испијат малку алкохол

Над половина од родителите сметаат дека е в ред нивните деца да испијат малку алкохол за празниците.

Повеќе од половина од родителите во Холандија со деца на возраст од 16 или 17 години сметаат дека е прифатливо нивните тинејџери одвреме-навреме да испијат чаша алкохолен пијалак за време на празниците, според истражување спроведено од агенцијата „РТЛ њуз панел“ (RTL News Panel).

Испитувањето покажа дека 58 отсто од родителите веруваат дека е прифатливо нивните деца да се напијат малку алкохол при божиќните и новогодишните прослави, пишува „НЛ тајмс“ (NL Times).

Многу од родителите, патем, велат дека им е тешко да се одлучат за строга забрана за алкохол, според наводите, плашејќи се дека тоа може да доведе до тајно консумирање алкохол.

Собрани рекордни донации за инаугурацијата на Доналд Трамп

 Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата претседател на САД на 20 јануари, а за неговата инаугурација се собрани значително повеќе средства отколку за инаугурацијата на актуелниот претседател Џо Бајден.

Големи корпорации како Тојота, Форд, Џенерал Моторс, Амазон, Мета, ОпенАИ донираа по еден милион долари, а Убер два милиони долари. Форд и Џенерал Моторс ветија дека ќе обезбедат и возила за овој настан.

„Седумцифрени чекови“, според „Волстрит журнал“, биле донирани од Еј-ти-ен-ти (AT&T), Чартер Комуникејшнс (Charter Communications), Стенли Блек енд Декер (Stanley Black & Decker), Интуит (Intuit), Чартер Комуникејшнс (Charter Communications), Прат Индустрис (Pratt Industries) и групата Фарма (The PhRMA Group).

Донациите доаѓаат и од банки како Benk of Amerika i Golden Saks, како и платформите за размена на криптовалути Kraken и Coinbase.

Некои компании, кои порано се дистанцираа од Трамп по нападот на Капитол на 6 јануари 2021, сега го поддржуваат. Според информативниот портал Аксиос, ова може да биде обид за „додворување“ со цел подобрување на односите со новиот претседател.

притисни ентер