Прилепскиот театар ќе учествува на три фестивали меѓу кои „Експонто“ во Љубљана

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ од утре до 23-ти овој месец ќе учествува на три фестивали во државата и странство.

На денешната прес-конференција директорот на Центарот за култура „Марко Цепенков“, Тони Четлески оцени дека тоа е голема потврда за успешната работа на ансамблот.

Учествата на фестивалите ги почнуваме утревечер со настапот на Фестивалот за камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица. На 13-ти септември театарот го отвора Меѓународниот фестивал „Експонто“ во Љубљана, а на 23 септември учествува на МОТ во Скопје, рече Чатлески.

На фестивалот „Ристо Шишков“ ансамблот утревечер ќе ја изведе претставата „Буре Барут“ од Дејан Дуковски во режија на Наташа Поплавска, по што в недела ќе гостува во Љубљана.

Особено е задоволството што ќе отвориме таков реномиран фестивал што се одржува под покровителство на претседателот на Република Словенија. Фестивалот ќе го отвориме со претставата „Швејк во Втората светска војна“ според Брехт во режија на Мартин Кочовски, истакна раководителот на ансамблот Стојан Дамчески.

Ова е трето учество на Прилепскиот театар на овој реномиран меѓународен фестивал на кој учествуваат ансамбли од девет европски земји.

Прво учествувавме со „Тапани во ноќта“, а потоа со „Кавкаски круг со креда“ која во 2011 беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот. Ова е особена чест, рече Дамчески.

Ансамблот заминува за Словенија в петок, а учеството на фестивалот го финансира Министерството за култура.

Прилепскиот театар на 23 септември во рамки на МОТ ќе настапи со претставата „Сон на летната ноќ“ од Шекспир, во режија на Нела Витошевиќ./МИА

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи

ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им сугерира и број на гласачко ливче.

По објавениот документ од кој се гледа како Битиќи бара од компании да го поддржат затоа што им исплаќал државна помош тој требаше да се повлече од политиката.

Фактот што Битиќи не само што не се повлече, туку и не се извини, говори како СДС и ДУИ ја заробија државата и како 100тина функционери управуваат со државата како да е нивен личен имот.

ДКСК не смее да чека, да отвори случај и да се отвори постапка и пред другите институции.

Злоупотребите на институциите мора да запрат. По 8ми мај ќе се стави крај ма ваквите практики, а таквите како Битиќи ќе се соочат со одговорност.

Време е да ја вратиме државата на народот. Македонија повторно твоја,се наведува во партиското соопштение.

Пендаровски со порака по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака:

„Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество.

Квалитетните, професионални и независни новинари, коишто ја сфаќаат сериозноста и тежината на креирање на јавното мислење, можат да претставуваат силен глас на јавноста.

Затоа мора да продолжиме да вложуваме во воспоставувањето стандарди со кои медиумите ќе можат слободно и независно да работат и да се развиваат. Да градиме атмосфера во која медиумските работници ќе се чувствуваат безбедно и заштитено. Да имаме доблест да ја прифатиме критиката и да ја поддржиме слободата на изразувањето. Само така ќе имаме моќни и силни медиуми и новинари коишто ќе бидат објективни во известувањето и ќе ѝ служат на јавноста, а не на политичките елити и на изворите на финансирање.

На сите медиумски работници им го честитам Светскиот ден на слобода на медиумите.“, соопштуваат од неговиот кабинет.

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се одлучува за иднината на државата.

Прашањето е каква држава сакаме да изградиме?

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните но тоа може да има сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 и да гласаат ЗА, за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер