Презентиран новиот Прирачник за безбедност на новинарите

Во просториите на Јавното обвинителство денеска беше презентиран новиот прирачник за безбедност на новинарите, во организација на ЗНМ, а во соработка со јавното обвинителство и МВР. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

СВИРКАЧ ЗА КАНАЛ 5: Недостасуваат пари во касата на Министерството за заедници!

До Канал 5 ТВ стигна допис во кој свиркач доставува документ за наводна неправилност во финансиското работење на Министерството за односи меѓу заедниците кое сега е раководено од Иван Стоилковиќ во кое се вели...

...дека годинава е составена комисија за попис на парични средства во касата при Министерството кое донеодамна го раководеше Артан Груби.

Во истото се нотира дека е направен попис за три валути и тоа: денари, евра и долари, при што збирно се констатира следново:

- вкупниот долг/недостаток на ДЕНАРИ во касата во период од 2012 до 2020 год. е 426.507 ден.

- долгот/недостатокот во ДЕВИЗИ за период 2013 до 2019 год. е 27.237 евра и 98 долари.

Останува нејасно зошто нема извештаји и за другите години заклучно со последната фискална 2023 год, како и информацијата дали актуелниот министер Стоилковиќ поднел соодветен поднесок до надлежните институции.

Руте: НАТО ќе продолжи да промовира стабилност и безбедност надвор од своите граници

Значително ја зголемивме нашата поддршка за Украина, со цел, прво, таа да може да се одбрани од руската агресија сега и, второ, да се спротивстави на идните руски закани во иднина, додаде Руте .

НАТО ќе продолжи со промоција на стабилноста и безбедноста надвор од своите граници преку своите мисии и операции, како КФОР и Мисијата во Ирак, порача денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте во воведното обраќање на заседанието на Северноатлантскиот совет на ниво на министри за одбрана, на кое учествува и македонскиот министер Владо Мисајловски.

- Значително ја зголемивме нашата поддршка за Украина, со цел, прво, таа да може да се одбрани од руската агресија сега и, второ, да се спротивстави на идните руски закани во иднина, додаде Руте .

Тој нагласи дека на состанокот ќе се разговара и за имплементација на одлуките од јулскиот Самит на НАТО во Вашингтон за зајакнување на одбраната, преку инвестиции во вооружените сили и капацитети, со цел справување со предизвиците со кои се соочува Алијансата.

Според него, ќе се дебатира и за зајакнување на капацитетите на одбранбената индустрија и зголемување на нејзиното производство ширум Алијансата, како и за заштита на критичните синџири за снабдување.

Заседанието на Северноатлантскиот совет се одржува во рамки на дводневниот состанок на министрите за одбрана на НАТО, што започна вчера во Брисел. Во текот на вчерашниот дел беа одржани министерски состанок на членките кои придонесуваат за зајакнување на Глобалната коалиција за пораз на групата Исламска држава (Д-ИСИС), како и средба на министрите за одбрана на НАТО со нивните колеги од партнерските земји од азиско-пацифичкиот регион - Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд, на која се разговараше за продлабочување на соработката во повеќе области, пред се во сферата на иновациите, индустриското производство и борбата против хибридните закани и кибер нападите.

Дополнително, во форма на работна вечера се одржа и заседание на Советот за соработка НАТО-Украина, на кое присуствуваа и украинскиот претседател Володимир Зеленски и министерот за одбрана Рустем Умеров.

Три децении Вива – одбележани со настан за паметење

Вива го прослави својот 30-годишен јубилеј!

Скопје, 18 октомври 2024 – Вива, водечкиот македонски производител на природни овошни сокови, го прослави својот 30-годишен јубилеј со настан на кој присуствуваа претставници на бизнис заедницата, партнери, соработници и лојални потрошувачи, славејќи ја приказната на брендот, кој од семеен бизнис прерасна во глобален амбасадор на македонскиот квалитет.

Во текот на вечерта, присутните имаа можност да се осврнат на триесетгодишното патување на Вива. Од скромни почетоци во 1994 година, компанијата успеа да се етаблира како лидер за производство на овошни сокови на домашниот пазар и еден од водечките производители во регионот. Вива денес извезува во над 30 земји и има креирано преку 90 различни производи во своето портфолио.

Јубилејната прослава беше збогатена со настап на познатиот хрватски пејач Петар Грашо, кој со својот репертоар придонесе за добра забава на присутните. Покрај забавната програма, настанот истовремено претставуваше и можност за зајакнување на односите помеѓу деловните партнери и зацврстување на корпоративната соработка.

На настанот сопствениците на Вива искажаа длабока благодарност до сите партнери, соработници, верни потрошувачи и вработени на компанијата, кои се дел од успешната приказна на овој бренд.

Во исто време, беа истакнати и клучните достигнувања на компанијата, како и нејзината ориентираност кон преработка на свежо овошје и зеленчук, со посебен акцент на иновации и одржливи деловни практики.

Вива во наредните декади ќе продолжи со својата визија да иновира, да создава нови производи и да освојува нови пазари, со цел да остане лидер во Македонија и да прерасне во глобален бренд. На тој начин, компанијата ќе продолжи да претставува пример за македонските компании и да докажува дека квалитетот на македонските производи по ништо не се разликува од големите светски брендови. Настанот беше одличен начин за одбележување на три децении труд, пасија и посветеност, а Вива со нетрпение го очекува продолжувањето на своето патување во годините кои следат.

притисни ентер