Претставена е новата Škoda Elroq, позната е и цената на трите варијанти (ВИДЕО)

Škoda го претстави Elroq, најприфатливото електрично возило во својот сегмент, земајќи ја предвид големината на батеријата и стандардната опрема.

Така барем тврди Škoda. Почетната цена на европските пазари ќе биде околу 33.000 евра, пишува ХАК Ревија.

Се продава од првиот квартал од следната година.

Elorq е компактен (долг е 4488 mm) со меѓуоскино растојание од 2765 mm. Тоа значи дека моделот е 98 mm подолг од Karoq и има 127 mm подолго меѓуоскино растојание.

Внатрешноста е очекувано минималистичка, со мал дигитален панел, инфозабавен екран и опционален head-up дисплеј. Однадвор, тоа е речиси класична Škoda, освен мали промени на предната табла, посебни дневни светла и црна лента што се протега меѓу нив.

Гласовниот асистент Laura го интегрира ChatGPT, кој станува стандарден во групата VW. Бидејќи се работи за Skoda, има и низа детали за Simply Clever. Тие вклучуваат чадор во вратите, кутија за складирање за задните патници и стругалка за мраз со мерач за длабочина на шарата на гумата. Багажникот има голем волумен од 470 литри.

Кросоверот се наоѓа на MEB платформата на VW и ќе се нуди со голем број различни погонски единици. Почетниот Elroq 50 има батерија од 55 kWh и мотор поставен назади кој произведува 170 КС и 310 Nm вртежен момент. Ова му овозможува на моделот да забрзува од 0 до 100 km/h за 9 секунди, да достигне максимална брзина од 160 km/h и опсег на WLTP од 375 km.

Elroq 60 има поголема батерија од 63 kWh и опсег од повеќе од 400 km. Оваа верзија доаѓа со мотор од 204 КС и вртежен момент од 310 Nm. Додека максималната брзина останува непроменета, времето на забрзување од 0 до 100 km/h е намалено на 8,5 секунди.

Top Elroq 85 има батерија од 82 kWh и домет од 581 km. Моторот развива 286 КС и има вртежен момент од 545 Nm, што овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за 6,6 секунди и максимална брзина од 180 km/h. Škoda, исто така, ги потврди плановите за Elroq 85x, кој располага со систем за погон на сите тркала со двоен мотор.

Времето на полнење и технологијата варираат во зависност од моделот, но кросоверот поддржува еднонасочни брзини на брзо полнење од 145 kW, 165 kW и 175 kW. Вториот може да ја наполни батеријата од 82 kWh од 10 до 80% за само 28 минути.

Богата програма во рамки на Фестивалот на велешка пита и вино „Питијада 2024"

Покрај штандовите со традиционална велешка пита пастрмајлија и македонски вина од винарии од Повардарието во рамките на Фестивалот на велешка пита и вино „Питијада 2024“ што ќе се одржи од 11 до 13 октомври

Покрај штандовите со традиционална велешка пита пастрмајлија и македонски вина од винарии од Повардарието во рамките на Фестивалот на велешка пита и вино „Питијада 2024“ што ќе се одржи од 11 до 13 октомври, ќе има и есенски базар на кој ракотворците ќе можат да ги изложат своите уникатни изработки. Базарот ќе биде лоциран на ул. „Благој Ѓорев“ (кај влезот на гимназијата), информира градоначалникот Марко Колев.

Во сабота, 12 октомври со почеток во 11 часот, ќе биде преставена изложбата на стари автомобили олдтајмери, што ја организира здружението „Kings of the streets", а автомобилите ќе бидат поставени на потегот од кружен тек „Авона“ до стоковната куќа „ Бос“.

Во недела, 13 октомври, во организација на „Велес бајкинг" за сите љубители на велосипедизмот ќе се одржи и XI рекреативна велосипедска тура „Велес mtb tour 2024", која ќе започне во 10 часот од Винарија „Шато Сопот Македонија“.

Градоначалникот Марко Колев ги повика сите љубители на традиционална велешка пита пастрмајлија и квалитетни македонски вина да го посетат Велес за време на „Питијадата 2024“ на која како и секоја година ќе има богата музичка програма со многу естрадни ѕвезди од земјава и странство.

Митева до Дамева: Судски совет треба да одговори дали правдата е задоволена

Судски совет треба да одговори дали правдата е задоволена, а не да зборуваме за статистики.

“Сметам дека е многу некоректно да давате класификации и дефиниции за тоа од каде е добиен тој процент на доверба и тоа го темелите врз основа на решените или нерешените предмети во извештајот“, се осврна Марија Митева, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа во собраниската комисија на тема Извештај на ЕК за Македонија за 2023 година.

Митева појаснува дека не е важно било која страна да биде задоволна, туку е важно правдата да биде онаа која е задоволена.

Според неа „На 2% доверба во судството да се отвара прашањето лично и да се зборува дека не се знае како е дојдено до тоа и дополнително дека јавноста треба да биде посуштински навлезена во работењето на судовите е навреда, пред се кон граѓаните кои многу директно ги чувствуваат криминалот и корупцијата кои владеат во судството“.

Митева обраќајки се до Дамева од Судскиот совет укажа дека таа добро маневрира со говорот и зборовите со цел да не се фрли дамка врз судиите и тоа од причина што се смета дека така ќе се избегне реалната слика.

Како пример Митева го посочува случајот со одлуката на судијата Пајазит Пајазити кој определи куќен притвор кај роднина, нешто невидено до сега, а дискусија по однос на ова воопшто немаше и некако случајот се заобиколи.

,,Она што јавноста очекуваше од вас како Судски совет и требаше да се направи, не видовме таква дискусија која навлегуваше во суштината на оваа катастрофа”, и се обрати Митева на Дамева и додаде уште една небулоза, ,,Замислете Судскиот совет во сопствениот извештај за сопственото работење наведува препораки.” Имено рече Митева,

,,Изминатата година сте детектирале слабости самите на себе, сте си донеле извештај со кој си препорачувате што да направите и за истото тоа самите на себе сте донеле заклучок”, посочи Митева

Василевска: Разочарувачки е годишниот Извештај за работата на судскиот совет за 2023 година

Годишниот Извештај за работата на судскиот совет на Република Македонија за 2023 година е разочарувачки, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска на денешната собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Таа продолжи и додаде:

„Немаме доверба во судството, бидејќи тоа е партизирано, кронизирано. Политички спреги влијаат на развојот на каририте во судско обвинителскиот систем. Има луѓе кои се неправедно гонети, инструменти на прунуда кои наликуваат од тоталитарните системи наместно на она што би требало да биде и е дел од оценската мисија“, истакна Василевска.

Таа укажа дека треба да се почне со морална и етичка одговорност најнапред.

„Она што ние како нова власт во нашите зложби и оние професионалци кои беа консултирани не се само од Македонија туку и пошироко во регионот е укажувањето дека навистина спрегите кои се длабоко вкоренети во судско обвинителскиот систем и дефинитивно не можат да се ресетираат со еден удар бидејќи тоа е тоталитарен пристап но исто така може да почне со морална и етичка одговорност“, вели Василевска.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Илјадници демонстранти се придружија на маршот „Никогаш повторно војна“ низ центарот на Берлин

Илјадници демонстранти го послушаа повикот на иницијативата „Никогаш повторно војна“ за марш низ центарот на Берлин на Денот на германското обединување, јави ДПА.

Тие носеа транспаренти кои повикуваат на дипломатија наместо на војна и на запирање на испораката на оружје за Украина, додава германската агенција.

Многу учесници на маршот вееја знамиња со гулабот на мирот, откако од три правца се собраа пред „Колона на победата“, во центарот на Берлин.

Берлинската градска полиција соопшти дека не бил регистриран ниту еден позначаен инцидент, дополнувајќи дека во обезбедување на протестот биле распореди околу 1.000 полицајци.

Полицијата излезе со проценка дека бројот на учесници на маршот е околу 10.000, додека организаторите соопштија дека на протестот имало 30.000 лица.

Демонстрантите на една од рутите изразија солидарност со луѓето во Појасот Газа, држејќи плакати со повик за „крај на окупацискиот терор“ и „НАТО турка војна и геноцид – Солидарност со Донбас и Газа“, пренесува ДПА.

притисни ентер