Претставата „Иднина“ вечер во Драмски, во рамки на фестивалот РУТА

Во рамките на Меѓународниот театарски фестивал „Рута“ вечерва во Драмскиот театар во Скопје ќе се одржи претставата „Иднина“, која е во копродукција на ансамблите на Београдско драмско позориште и Местно гледалишче Љубљана.

Претставата е во режија на Жига Дивјак.

Улогите ги играат Бернарда Оман, Грегор Груден, Лара Волф, Изток Драбик Југ, Грегор Зорц, Лотос Шпаровец, Милена Васиќ, Јана Бјелица, Марија Пикиќ, Милан Зариќ, Стефан Старчевиќ и Милан Колак.

-Иднина е претстава скриена во оваа мрежа на меѓусебни влијанија. Жига Дивјак е еден од највлијателните млади словенечки режисери, кој со своите општествено ангажирани претстави ги обработува најактуелните општествени теми. Општествената ангажираност ја користел во својата работа уште како студент кога со проектот „Непосредно пред револуцијата“ (2013-2015), во кој тргнува од претпоставката дека театарот може да влијае и постепено да го трансформира општеството, го здобил вниманието на јавноста, се вели во објавата на веб-страницата на Драмскиот театар.

Хамас: За една година загинаа над 42.000 Палестинци

Министерството за здравство во Газа денеска соопшти дека во изминатите 24 часа во израелските напади врз Појасот Газа загинале 84 луѓе, меѓу кои има и жени и деца.

При израелските напади врз Појасот Газа повредени се 158 лица.

Од почетокот на израелската воена офанзива на 7 октомври минатата година вкупно загинаа 42.603 луѓе, а 99.795 се повредени.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху пред неколку дена најави дека борбите ќе продолжат сè додека не бидат ослободени сите заложници од страна на Хамас.

ОН повикаа на отворање на повеќе точки до Појасот Газа за испорака на хуманитарна помош

Обединетите нации денеска го повикаа Израел да отвори повеќе контролни пунктови кон Појасот Газа за да ја олесни испораката на хуманитарна помош, јави ДПА.

-Не можеме да направиме хуманитарни залихи во потребниот обем за Газа преку само неколку несигурни и тешко достапни контролни пунктови, напиша Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (УНХКО) на „Х“.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) пред две недели започнаа нова офанзива против Хамас во северниот дел на Појасот Газа. Оттогаш, хуманитарните организации предупредуваат дека населението е изложено на екстремен глад и катастрофални услови и го повикаа Израел да ги отвори контролните пунктови под негова контрола во областа.

Во меѓувреме, мировната мисија на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) денеска предупреди дека пристапот до свежата вода во Либан е погоден од непријателствата. Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) исто така предупреди за опасноста од епидемии на колера како резултат на недостатокот на чиста вода за пиење во т.н. „сина линија“ меѓу Израел и Либан, која ја надгледува УНИФИЛ.

Според Детскиот фонд, најмалку 28 извори на вода се оштетени, при што се погодени околу 360.000 луѓе, главно во јужниот дел на земјата.

Нејмар се враќа во тимот на Ал-Хилал во азиската Лига на шампиони

 Бразилскиот фудбалер Нејмар учествуваше на тренинг со својот тим Ал-Хилал и ќе се приклучи на тимот за гостувањето кај Ал-Аин во азиската Лига на шампиони откако се опорави од тешката повреда на коленото, соопшти клубот од Саудиската професион

Нејмар (32) нема играно откако се повреди за време на квалификацискиот натпревар на Бразил против Уругвај во октомври минатата година. Бразилецот заработи повреда на предните вкрстени лигаменти (АЦЛ) и беше опериран во ноември.

Откако се пресели во Саудиска Арабија од францускиот шампион Пари Сен Жермен за околу 90 милиони евра во август минатата година, Нејмар одигра само пет натпревари поради различни повреди.

-Ал-Хилал е среќен да објави дека Нејмар ќе се приклучи на тимот за гостувањето кај Ал-Аин. Тој се врати, објави клубот на социјалната платформа „X“.

Маркетиншката компанија на Нејмар - „НР Спортс“ објави дека љубовта на Бразилецот кон фудбалот и неговата надеж да игра на следниот Мундијал го враќаат во игра.

-Иако нема конечна одлука за неговото враќање на терените, бројот 10 ќе може да игра во понеделник за да ја продолжи својата извонредна траекторија. Ова беа денови на болка, мака и многу копнеж за фудбал, кои се надминати со помош на семејството и пријателите, кои секогаш се тука за нашиот број 10. И сите фанови ширум светот кои му дадоа целосна поддршка на социјалните мрежи, се вели во соопштението.

Објавата на социјалните мрежи, објавено во саботата, покажува како Нејмар зборува за неговото закрепнување и прикажува снимки од неговите напори да се врати на теренот.

-Секогаш кога ќе се повредам, се враќам. Но, не се враќам на половина пат, вели расплаканиот Нејмар во видеото.

притисни ентер