Претседателката на Словачка по атентатот врз Фицо: Ова е напад и врз демократијата (ВИДЕО)

Словачката претседателка Зузана Чапутова одржува вонредна медиумска конференција по атентатот на премиерот Роберт Фицо.

„Физичкиот напад врз премиерот е пред сѐ напад врз човек, но и врз демократијата“, рече претседателката на почетокот на својот говор.

Таа апелираше до сите да се со мислите за што поскоро опоравување на Роберт Фицо.

Таа претходно го осуди „бруталниот и безмилосен“ обид за атентат врз премиерот Роберт Фицо.

Да потсетиме, Фицо беше ранет попладнево пред Центарот за култура во градот Хандлова.

Напаѓачот веднаш бил совладан и уапсен.

УЈП: Преку „меки“ мерки и соработка кон подобрување на даночната усогласеност

Управата за јавни приходи заедно со Регионалните Стопански комори во Битола и Кавадарци, оваа седмица оствари работни средби со претставници на различни трговски дејности и претставници од туристичко угостителскиот сектор.

На средбите претставниците на УЈП ги потсетија даночните обврзници на одредбите од Законот за регистрирање на готовински плаќања, Законот за данокот на додадена вредност и Законот за данокот на личен доход, со цел зголемување на доброволната усогласеност и градењето на партнерскиот однос на УЈП со даночните обврзници.

Раководителот на Сектор за даноци и услуги на даночни обврзници во УЈП, Мухедин Авдиќ, даде кратко објаснување и потсетување во делот на регистрирањето на готовинскиот промет, обврските кои произлегуваат од издавањето под закуп на недвижен имот и доходот кои го остваруваат физичките лица од времен карактер, а се со цел позитивно да се влијае на зголемувањето на доброволната усогласеност кај даночните обврзници.

Авдиќ истакна дека во ек на туристичката сезона, Управата за јавни приходи, преку вакви средби врши потсетување на даночните обврзници за нивните даночни обврски, а преку објавени Соопштенија на веб страната на УЈП, медиуми и социјални медиуми, учество на локални телевизии и радија, советодавни посети индиректно влијае врз подигање на даночната свест кај даночните обврзници. На средбите се даде и кратко објаснување од УЈП и се пренесе искуството при неправилната примена на Законот за регистрирање на готовинските плаќања од страна на даночни обврзници во тек на даночната контрола, и како треба да се постапи заради правилна примена на Законот и надминување на проблемите при регистрирањето на готовинскиот промет.

Присутните на средбите побараа изнаоѓање на решенија за формализирање на оние физички лица кои во домашни услови произведуваат производи (торти, колачи, изработка на накит, украси и др) а не го пријавуваат доходот од истите, решавање на проблемот со кафематите бидејќи се влијае на нелојалната конкуренција на оние кои служат кафе во угостителските објекти, контрола на паркинзите каде не се издаваат фискални сметки а фирмите треба да го пријават како трошок, дел од присутните упатија и предлог за праг на толеранција за неслагање на каса, формализирање на дивите таксисти и други предлози од кои имаат потреба.

Самата средба ја означија како состанок кој ќе даде плодни резултати и предложија во иднина да се организираат заеднички состаноци на Управата за јавни приходи, Државниот инспекторат за труд, Државниот пазарен инспекторат и јавни претпријатија за надминување на спорни прашања и создавање можност за меѓу институционално решавање на проблемите.

Вакви работни средби во вторник на 30 јули, ќе се остварат во Кичево, а во соработка и со Комората на Северозападна Македонија, ќе продолжат и во други градови за што Управата за јавни приходи ќе ја извести јавноста дополнително.

УЈП

Во авионска несреќа загинаа членови на познатата американска госпел група

Тројца членови на познатата американска госпел група „The Nelons“ загинаа во авионска несреќа во Вајоминг, пренесува Cedar News.

Покрај нив загинаа уште четири лица. Како што е наведено на Х профилот на The news area 51, по падот на авионот имало и пожар во шумата.

Окружниот шериф ги пронашол остатоците од авионот.

Малиот авион Пилатус PC-12 NG бил забележан на FR24 како спирално паѓа надолу со брзина од повеќе од 10.000 стапки (околу 3.000 метри) во минута.

Газа: За четири дена борби околу Кан Јунис раселени 180.000 луѓе

 Повеќе од 180.000 луѓе се раселени за четири дена колку што траат борбите околу Кан Јунис, град во јужниот дел на Појасот Газа, соопштија Обединетите нации по израелската операција за извлекување на телата на заробениците.

„Околу 182.000 Палестинци беа принудени да го напуштат централниот и источниот дел на Кан Јунис од понеделникот бидејќи интензивирањето на непријателствата поттикна нови бранови на внатрешно раселување низ Газа“, соопшти Канцеларијата за хуманитарни прашања во Газа, додавајќи дека „стотици други останале без можност да се преселат некаде во источниот Кан Јунис“.

Израелската војска соопшти дека „елиминирала околу 100 терористи“ во Кан Јунис во последните четири дена.

Таа, исто така, објави дека пронашла тела на петмина Израелци во Кан Јунис, вклучително и двајца војници и двајца резервисти кои беа убиени во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври и одведени во Појасот Газа.

притисни ентер