Претседател на Италија ќе биде или 85- годишниот Берлускони или 74-годишниот Драги ?!

Италијанскиот парламент во понеделник го започнува изборот на нов претседател со гласање што наликува на игра на „музички столчиња“.

Како главни кандидати најчесто се споменуваат актуелниот премиер Марио Драги и поранешниот Силвио Берлускони.

И додека преговорите на маргините се вжештуваат од недела во недела, милијардерот Силвио Берлускони води енергична кампања на шарм, не се воздржува да се фали за она од што другите би се срамеле - неговите развратни забави „бунга бунга“. Поранешниот премиер (85) долго време се обидува да ја круниса својата кариера како претседател, но повеќето набљудувачи не веруваат дека тој ќе собере доволно гласови.

Општо познато е дека исходот од тајното гласање за седумгодишниот мандат на претседателот на Италија е тешко да се предвиди. Иако е главно церемонијална должност, италијанскиот претседател има значителни овластувања во време на политичка криза - од распуштање на парламентот до избор на нов премиер и отфрлање на мандатите од кревките коалиции.

А Италија има потреба од стабилна личност повеќе од кога било, бидејќи различните партии во коалициската влада на премиерот Драги веќе се борат за изборите следната година и можниот хаос лесно може да ја загрози употребата на вредните пари од Европскиот фонд за закрепнување.

„Ова се клучни и многу сложени избори бидејќи сите политички партии се слаби и екстремно фрагментирани“, рече Џовани Орсина, директор на Факултетот за јавна политика и менаџмент на Факултетот Луис во Рим.

Водечкиот италијански дневен весник „Кориере дела сера“ во четвртокот предупреди дека гласањето може „да ја потресе владата како земјотрес“ додека Италија се бори со новиот бран на коронавирус, заканувајќи се со закрепнување од рецесијата во 2020 година.

Нешто повеќе од 1.000 сенатори, пратеници и претставници на регионите ќе почнат да гласаат во понеделник, а кандидатите мора да обезбедат две третини од гласовите во првите три круга или апсолутно мнозинство потоа. Заради мерки за одржување на физичка дистанца, секој круг ќе трае по еден ден и ќе нема официјални кандидати.

Поранешниот претседател на Европската централна банка, Марио Драги (74) посочи дека е заинтересиран, но доколку успее да влезе во римската палата Квиринале - некогашното папско седиште, ќе мора да ја напушти владата во многу чувствителен момент.

Драги, кој беше избран за премиер од страна на актуелниот претседател Серџо Матарела во февруари 2021 година, направи голема работа со обединување на владата која ги вклучува речиси сите италијански политички партии и поттикнувајќи пост-пандемски раст.

Тој го надгледуваше спроведувањето на клучните реформи потребни за користење на европските пари за закрепнување од пандемијата, а Италија е најголемиот корисник од скоро 200 милијарди евра.

Но, повеќето италијански експерти веруваат дека Драги би бил посоодветен за претседателската функција бидејќи тоа ќе обезбеди политичка стабилност и добри односи со Брисел, особено ако екстремната десница победи на следните парламентарни избори.

Воопшто не е сигурно дека Драги би можел да продолжи со реформите како премиер, а таа функција би можел да ја загуби на изборите во 2023 година. „Ова е предизборна година, нема тоа да го направи по летните одмори“, вели Орсина.

Постои можност за договор како премиер да ја преземе најстариот министер во владата, 71-годишниот Ренато Брунета, а лидерите на водечките италијански партии да ги преземат раководните позиции во министерствата до следната година..

Доколку Драги остане премиер, има многу други имиња во групата кои би можеле да му бидат доделени на шефот на државата, вклучително и европскиот комесар и поранешен премиер Паоло Џентилони, поранешниот социјалистички премиер Џулијано Амато и поранешната министерка за правда Марта Картабија кои би можеле да бидат прва жена на чело на Италијанската Република.

Фото: Британска манекенка ужива на одмор во Дубровник

Британската манекенка Ферне МекКан веќе одлучила да замине на одмор. Деновиве таа ги покажа своите фотографии од Хрватска. Како што откри таа е на одмор во Дубровник и околината.

„Верувајте си дека ќе го изберете она што е соодветно за вас. Најубавиот ресторан на островот. Каков прекрасен, посебен ден во Хрватска“, напиша таа во описот на фотографијата на која позира во црн костим за капење.

Дејли мејл известуваше за нејзиниот летен одмор во Хрватска. „Ферне МекКан ја истакнува својата неверојатна фигура во црно бикини додека се сонча во Хрватска“, гласи насловот на нивната статија.

Ферне неодамна изјави дека ослабела многу откако ја родила ќерката Финти, а многумина ја фалат затоа што покажала реален поглед на нејзиното тело. „Сакам да гледам реални фотографии, сите имаме целулит и маани кои попрво би ги немале, но добро е да ги славиме. Благодарам Ферне за искрената објава“, гласи пофалбата на еден следбеник.

Од 2022 година, Ферне е во врска со бизнисменот Лори Хејнс, со кој ја има ќерката Финти. Тој има уште една ќерка, од претходната врска.

Бајден настапи пред дипломците на Морхаус колеџот во Џорџија

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

Претседателот на САД, Џо Бајден во денешното обраќање пред дипломците во Морхаус, високообразовна установа од Џорџија каде мнозинството студенти се афроамериканци, прати пораки од неговата предизборна кампања за зацврстување на врските со младите од етничките малцинства.

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

- Сакам сите да запаметите, кога не избраа први ни велеа дека нема да направиме ништо значајно. Но ние направивме се. Благодарејќи вам … Мошне многу ценам што ми дадовте можност за повторен настап тука, изјави претседателот во обраќањето до дипломците на Морхаус.

Тој говореше и за својот соперник на претстојните избор – поранешниот претседател Доналд Трамп.

- На овие избори многу е ставено на коцка, мошне многу. Станува збор не за мене, туку за алтернативата … Работата е во тоа што тој (Трамп) изложи што имено планира да прави (ако биде избран). И републиканците во Претставничкиот дом ќе кажат и моите колеги ќе кажат, што тие имено ќе прават ако победат, рече Бајден.

Колеџот Морхаус е основан во 1867 година како машки колеџ за школување на црномурести кои скоро биле ослободени од ропство. Еден од они кои дипломирале тука е и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Морхаоус е голем град во Џорџија со има значајна улога во претседателската трка во 2024 година. Бајден овде во 2020 година стана првиот кандидат за претседател од Демократската партија кој доби поддршка од оваа држава по Бил Клинтон во 1992 година.

Бајден денеска попладне патува во посета на Мичиген, каде ќе учествува на настан организиран од Детроитски фонд за борба за слобода. /МИА

Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија

Ракометарите на Алкалоид се победници во Купот на Македонија, откако вечерва во финалето одиграно во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа фаворитот Еурофарм Пелистер со 25:23 по изведувањето пенали.

Ова е прв трофеј во својата куса историја за младиот тим на Алкалоид кој на завршниот турнир ги совлада најголемите две имиња во македонскиот ракомет, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Во финалето двете екипи во повеќе наврати се менуваа во водство, највисокото беше четири голови разлика, за на крај победникот да биде решен по пенал-рулетот во кој се истакна голманот на скопскиот тим Иван Галевски.

Токму Галевски беше прогласен за најдобар голман на завршниот турнир, наградата за најдобар стрелец отиде кај Богдан Радивојевиќ, а за МВП Филип Кузмановски (двајцата од Еурофарм Пелистер).

Претходно во текот на денот, во женското финале, Ѓорче Петров го победи Чаир со 36:24. /МИА

притисни ентер