Премиерот Заев во посета на Тиквешијата: Остануваме партнер на лозарите и за поголема откупна цена

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за земјоделие, Љупчо Николовски и советничката за земјоделие, Ленче Николовска и други, денеска во Кавадарци присуствуваше на одбележувањето на празникот на лозарите и винарите, Св. Трифун.

Според соопштението од Владата , премиерот Заев во Кавадарци, заедно со Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, и со претставници на дипломатскиот кор, им го честитаа празникот на граѓаните од Кавадарци.
При посетата на Кавадарци, премиерот Заев оствари средба со присутните граѓани на централниот плоштад во Кавадарци.

По повод денешниот празник Претседателот на Владата на РМ го посети и Неготино, каде што беше пречекан од градоначалникот Тони Делков.

За време на посетата на Неготино, премиерот Заев, министерот Николовски и градоначалникот Делков, остварија средба со присутните граѓани на градскиот плоштад, и во изјавата за медиумите порача дека со посебно внимание се решаваат проблемите на лозарите, дека се води грижа за навремено исплаќање на субвенциите и тоа дека во тек се и разговори со винариите и откупувачите за откупот на годинешната реколта.

- Среќен сум што можам да објавам, на стартот на сезоната, дека субвенциите се исплатени. Веќе почнавме разговори со винарниците и откупувачите за да може да обезбедиме колку може поповолна цена за производителите. Убеден сум дека со новите мерки што ги прави Владата, посебно за стимулирање на нови насади, отварањето на нови пласмани и со освојувањето нови пазари, цените на грозјето ќе растат. Сакам граѓаните да знаат дека Владата осветено работи во обезбедувањето на сигурниот пласман, но секако ќе бидеме и нивен партнер во преговорите за откупните цени – изјави Претседателот на Владата на Република Македонија Заев.

Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство, Љупчо Николоски, во изјава дадена за медиумите ги информираше лозарите за новите мерки во програмата за поддршка на земјоделството и руралниот развој.

- Оваа година со програмата предвидуваме зголемување на субвенциите за сите лозари кои имаат помеѓу 1 и 10 хектари под лозови насади. Нашата интенција како политика ќе биде да ги стимулираме да го модернизираат производството, и да даваме уште поголема поддршка на категоријата на земјоделци кои што навистина може да го донесат развојот – рече министерот Николовски во изјава за медиумите.
Во текот на денот Премиерот Заев ќе ги посети и винариите Лепово, на локалитетот Црвени Брегови, винарницата Попова Кула и винарницата Кралица Марија во Демир Капија, каде ќе учествува на хуманитарна акција, и на традиционалното закројување на лозјето.

Следува период на променливо облачно време со локален дожд

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре, во ноќта кон петок и во петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Дневната температура од утре до сабота ќе биде во постепено опаѓање, а во недела ќе се покачи за 2 до 4 степени.

По ерупцијата на вулканот Руанг во Индонезија, се уште трае евакуацијата на населението

 Стотици жители на индонезискиот остров Тагуланданг денеска чекаа на пристаништето на островот да бидат евакуирани, додека сив чад продолжи да излегува од кратерот на вулканот Руанг.

Вулканот на островот Руанг еруптираше вчера и исфрли лава, поради што властите евакуираа повеќе од 12.000 луѓе од блискиот остров Тагуланданг.

По вчерашната ерупција, индонезискиот Центар за вулканологија и геолошки опасности го подигна нивото на тревога за вулканот Руанг на највисоко ниво и ги предупреди жителите на островот Тагуланданг дека паѓањето на карпите и лавата во океанот може да предизвика цунами.

„Персоналот за пребарување и спасување од Манадо евакуира 109 жители на Тагуландан до пристаништето Мунте, додека стотици се уште чекаат во пристаништето Минанга да бидат евакуирани“, соопшти денеска Националната агенција за пребарување и спасување.

Жителите ќе бидат евакуирани во областа Северна Минахаса на индонезискиот остров Сулавеси. Властите го продолжија прекинот на работењето на аеродромот „Сем Ратуланги“ во Манадо до утре во 12 часот. /МИА

Штербик преживеа срцев удар

Поранешниот ракометен голман на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар, објави унгарскиот клуб Веспрем.

Во информацијата на клупската страница на Веспрем стои дека Штербик вчера наутро имал срцев удар и веднаш бил хоспитализиран.

- Нашиот тренер на голманите Арпад Штербик не патуваше со тимот за мечот од ЛШ со Алборг. Арпи се чувствуваше лошо утрото, отиде во болница каде што му беше дијагностициран срцев удар. Благодарение на брзата лекарска интервенција, Штербик денеска се чувствува подобро и веќе утре би требало да го напушти одделението за интензивна нега. Му посакуваме на Арпи брзо опоравување и со нетрпение го очекуваме неговото враќање, објави Веспрем.

Штребик беше дел од тимот на Вардар кој го освои првиот трофеј во Лигата на шампионите.

притисни ентер