Премиера: Новата Opel Astra пристигна во Македонија

На 24.6.2022 во салонот на Opel Македонија – Еуроимпекс, се одржа промоцијата на најновиот модел во гамата на Opel – Новата Opel Astra!

Новата Opel Astra успеа да предизвика реакции и бројни позитивни коментари уште пред пристигнувањето. Сето тоа доведе до уште поголемо нетрпение кај потенцијалните клиенти и зголемен интерес за новиот модел.

На настанот беа претставени 6 возила секој во различна верзија, боја, мотор и опременост.

Промотивната жолта боја беше поставена во фокусот на импортерскиот салон, каде беа презентирани сите новитети и карактеристики на Новата Opel Astra.

Продукт менаџерот за Opel - Драган Јовев ја започна својата презентација и изјави:

„Сосема новата ASTRA....Зборува сама за себе.Дизајнирана, развиена и произведена во Германија.

Новата ASTRA изгледа сега подобро (можеби и одлично).со чист и смел дизајн...со интересен детаљ од својот славен предок Opel Kadett D.“

А потоа ги нагласи сите елементи/новитети кај овој модел кои го прават возењето уште подобро:

Со новата ASTRA се гледа подобро на пат со унапреденото INTELLI-LUX LED PIXCEL предно осветлување составено од 84 модули во само еден преден фар....дури 4 пати повеќе од ривалите.

Во новата ASTRA се дише подобро со INTELLI-AIR системот за автоматска размена на воздухот меѓу кабината и околината со негова филтрација со високо-ефикасниот филтер дури и против вируси.

Во новата ASTRA, внатрешното чувство е подобро со детоксификација до максимум од информациите кои го одвлекуваат вниманието на возачот на двата 10” дисплеи: Pure Panel или целосно застаклениот Pure Panel Pro.

Во новата Astra се седи подобро со AGR предните седишта (подесување на возачко седиште во 10-насоки опционално за почетното ниво, стандард од второто нагоре)... масажа на возачко седиште или вентилација на предните седишта.

Во новата Astra се вози дефинитивно подобро на третата еволуција на EMP2 V3 мултиенергетска платформа со 50% подобрени компоненти. Погонувана со докажаните мотори од Stellantis групација: турбо бензински 1.2 110ks и 1.2 130ks, вториот покрај 6 степен мануелен впарен и со 8-степен автоматски менувач...и дизел 1.5 со 130ks и АТ8. Денес, дополнително со plug-in hybrid-на технологија и вкупна хибридна снага од 180кс или 225кс ....а идната 2023 година целосно електрична.

Новата Opel Astra ќе биде со почетна цена од 21.700 еур.

Дизајнирана со прецизност и произведена во Германија новата Astra ву дава гаранција дека ќе го добиете само најдоброто.

Нема потреба од компромиси за да добиете секојдневно возбудливо возење, стилски изглед, ниски трошоци и иновативна технологија.

Повеќе информации за моделот можат да се добијат на следниов линк: и на дилерските страници.

Минесота го исфрли Феникс од НБА плеј-офот

Минесота рано утрово го совлада Феникс со 122:116 на гостински терен во четвртиот натпревар од серијата од првото коло на плејофот во НБА.

Тимбервулвс со максимални 4:0 ги совладаа Санс и обезбедија пласман во четвртфиналето во разигрувањето за шампионскиот трофеј.

Најефикасен играч на средбата беше Девин Букер со 49 поени, но и тоа не беше доволно домаќините да го избегнат поразот.

Следен противник на Минесота ќе биде победникот од мечот Денвер нагетс – Лос Анџелес лејкерс (резултатот во серијата е 3-1 во корист на Нагетс). /МИА

Јанкоски од Народната банка: Работиме на нова регулатива за јакнење на киберотпорноста

Народната банка постојано работи на унапредување на регулативата за осигурување на дигиталната отпорност во финансискиот сектор. 

Започнати се активности за усогласување на домашната регулатива со европскиот Закон за дигиталната оперативна отпорност (англ. Digital Operational Resilience Act − DORA), со што ќе се воспостават унифицирани стандарди за заштита, пријавување и справување со сигурносните инциденти, обезбедување непрекинатост во работењето, поголема контрола на надворешните лица кои обезбедуваат важни оперативни функции и засилена комуникација и координација на сите институции во финансискиот сектор на нашата држава, пишува Горан Јанкоски, главниот супервизор за информациските системи на Народната банка во колумна за билтенот на Македонската банкарска асоцијација.

Јанкоски наведува дека дигиталната отпорност се дефинира како способност за заштита, справување и брзо обновување на деловните процеси на финансиската институција од настани коишто може да предизвикаат нивен прекин. „Законот треба да обезбеди поддршка на процесот на дигитална трансформација, правилна примена на новата технологија и поттикнување на иновативноста во новото време на дигитални финансии. Народната банка во моментов подготвува нова Одлука за Методологија за сигурноста на информативниот систем, усогласена со насоките на Европскиот банкарски орган (ЕБА) за управување со ризиците поврзани со сигурноста. Оваа одлука би била вовед во активностите за подготовка и воведување нов закон за унапредување на дигиталната оперативна отпорност во финансискиот сектор, усогласен со ДОРА“, посочува Јанкоски.

Клучните области коишто се опфатени со Законот за дигиталната оперативна отпорност се управувањето со ИТ-ризикот, управувањето со ризикот од пренесување на извршувањето оперативни функции или услуги од надворешни лица и нивен надзор, тестирањето на дигиталната отпорност, управувањето со ИТ-инциденти, споделувањето (размена) информации итн. „Законот создава регулативна рамка и воведува стандардизирани и хармонизирани принципи за заштита од заканите од дигиталниот простор, коишто треба да бидат исполнети од институциите во финансискиот сектор со примена на потребните контроли за заштита, соодветно управување со сигурносните инциденти и нивно пријавување до надлежните тела во земјата и ЕУ. Како новитет се воведува барањето за спроведување тестирање на дигиталната отпорност, во согласност со кое финансиските институции треба да спроведуваат редовни тестирања на своите ИТ-системи и услуги, за што треба да се известат и регулаторните органи. Исто така, со Законот се воспоставува рамка за соработка и комуникација помеѓу институциите во секторот, домашните и меѓународни надлежни тела и други учесници со цел да се унапреди оперативната отпорност“, пишува Јанкоски.

Поради засиленото присуство на банките на современите канали, дигитализацијата на банкарските производи и услуги и постојаниот пораст на ризиците поврзани со заканите во дигиталниот простор почнувајќи од 2003 година, Народната банка активно работеше на дефинирање на потребната регулатива во подрачјето, којашто постојано се надградува во согласност со најдобрите стандарди и практики на ЕУ.

На преговорите во Каиро поканета и израелска делегација

На преговорите во Каиро заедно со делегацијата на Хамас „за да се забрза процесот“ била поканета и израелска делегација, пренесува Тајмс оф Израел. 

Претходно вчера, висок функционер на Хамас потврди дека делегација на Хамас денеска ќе го посети Каиро за да преговара за прекин на огнот во Газа.

Тој, исто така, истакна дека немаат „поголеми проблеми“ со најновиот предлог на Израел и Египет за прекин на огнот во Газа. /МИА

притисни ентер