Премиера на „Сомнително лице" во Велешкиот театар

 На големата сцена на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот" вечерва  премиерно ќе биде изведена претставата „Сомнително лице" од Бранислав Нушиќ во режија на Венцислав Ристов.

Инаку оваа е петта постановка на оваа претстава за 70-годишното постоење на Велешкиот театар.

Како што информира Александар Ивановски нов в.д директор на Велешкиот театар, првата премиера на „Сомнително лице" била во 1950 година. Втората била во 1955, а третата во 1984 година, a во главната улога на Јеротије Пантиќ бил Петре Прличко. Во 2005 година на сцената на Велешкиот театар била поставена и четврттата премиера на „Сомнително лице" во која главната улога на Јеротије Пантиќ ја играл Младен Крстевски, а кој после петнаесет години во оваа улога повторно ќе настапи и во петтата премиера на „Сомнително лице"

-.Многу е тешко една претстава да има пет премиери за 68 години, а секоја да биде поразлична од претходната и да ја привлекува публиката. На Велешкиот театар тоа му успева сите овие години, а е и еден од малкуте во земјава кој досега поставил пет премиери на популарната „Сомнително лице", појаснува Ивановски.

Основата на приказната е иста, а сепак режисерот Ристов прави осовременување на познатата комедија на Нушиќ која е жестока сатира на државниот чиновнички апарат и бирократските процедури, потенцира Ивановски.

Во претставата играат познати актери од велешкиот и скопски театари како Ѓорѓи Тодоровски-Трупче, Васил Зафирчев, Младен Крстевски, Кирил Гравчев, Александар Ѓорѓиев, Драган Миладиновски, Мане Ташев, Жарко Спасев, Кире Ацевски и актерките Кети Борисовска и Талија Настова.

Сценографијата е на Весна Богојевска, костимографијата на Невенка Тодоровска и музиката на Сашко Костов.

Претставата е дел од годинашната програма на велешкиот театар финансирана од Министерството за култура.

„Златаната топка“ на Марадона од Мексико во јуни оди на аукција

„Златната топка“ која поранешниот аргентински фудбалски репрезентативец Диего Армандо Марадона ја доби во 1986 година за најдобар играч на Мундијалот во Мексико, ќе се најде на аукција во јуни оваа година, објави денеска аукциската куќа Агутес.

Аукцијата треба да се одржи на 6 јуни, а вредноста на Златната топка се уште не е проценета. Претставници на аукциската куќа најавија дека од продажбата на Златната топка очекуваат милиони евра.

Во финалето на Светското првенство во 1986 година, Аргентина ја совлада Западна Германија со резултат 3:2.

Марадона ја доби „Златната топка“ за најдобар играч на Светското првенство во Мексико. На СП во Мексико постигна пет гола.

Диего Армандо Марадона, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, почина во ноември 2020 година.

МВР: Лични документи може да се подигнат и утре

Од 8 до 19 часот утре, на денот на Претседателските и Парламентарните избори, ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при Министерството за внатрешни работи. 

-Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат, информира МВР.

Украинската служба за безбедност спречи обид за атентат врз Зеленски

Украинската служба за безбедност (СБУ) приведе двајца полковници на Управата за државна безбедност (УДО), кои се осомничени дека заедно со уште тројца обвинети дека подготвувале атентат врз претседателот Володимир Зеленски и други функционери.

Според дел од украинските медиуми приведени се полковниците на УДО, Андреј Гук и по инструкции на руските специјални служби.

Тие планирале атентат и врз началникот на СБУ Василиј Маљук, шефот на Главната управа за разузнавање Кирил Буданов. Кај нив е извршен претрес при што е пронајдено и одземено оружје и други предмети.

Осомничените барале воен персонал близок до обезбедувањето на претседателот, „кој би можел да го земе шефот на државата како заложник, а потоа да го убие“.

Од СБУ наведуваат дека сакале да го убијат Буданов пред Велигден со ракетен напад врз куќата во која престојува, за што набавил беспилотни летала и муниција за нападот.

Директорот на СБУ, Васил Маљук, изјави дека нападот требало да биде „подарок на Путин пред инаугурацијата“ што се одржа денеска. /МИА

притисни ентер