Предвремени избори нема да има, приоритети се пописот и локалните избори

Премиерот Зоран Заев вчера уште еднаш го повтори ставот дека предвремени избори нема да има. Тоа што мора да се спроведе, рече Заев, е пописот, а приоритет се и редовните локални избори.

Вонредните парламентарни избори нема да сменат ништо, само може да ги закочат развојните процеси на државата, оцени претседателот на Владата и порача дека избори треба да има, но во опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како што има во СДСМ. Земјава сега, потенцира, треба да се фокусира на пописот и да го реализира без одлагање, од 1 до 21 април како што е предвидено, зашто во лето, напомена, никаде не се прави попис, во септември ќе биде кампањата за локалните избори, а во октомври се локалните избори.

Но, ако евентуално партиите се договорат, Државната изборна комисија е подготвена да ги спроведе двата процеса – и редовните локални и вонредните парламентарни избори. Како што оцени претседателот на ДИК, Александар Даштевски, тоа би ги скратило и трошоците.

-Тврдам дека нема да има предвремени парламентарни избори. Не знам кои космонаути гледаат од Месечината и како тоа ќе се случува, но јас тврдам дека вонредни парламентарни избори нема да има, зашто не носат ништо добро на државата. Впрочем и да има тие нема ништо да променат само можат да ги закочат развојните проекти, рече Заев, според кој, избори треба, мора и ќе се случат, но во 2024 година.

Земјава, додаде Заев, помина низ неколку фази на вонредни парламентарни избори и само изгуби.

-Кога се случуваат вонредни избори застанува буквално се во државата, највеќе економијата. Се случија огромни работи во државата со сериозни историски одлуки и сето тоа е заради убавата економска иднина која сакаме да ја доживеат нашите граѓани. Повисок економски стандард, повисоки плати, нови работни места, раст на севкупниот бруто домашен производ, нови инвестиции, буквално нов квалитет на живот. Ова мора сите заедно да го изработиме за да го постигнеме. А може и да го прекинеме со вонредни парламентарни избори. Зошто?, праша Заев.

Тој подвлече дека избори треба да има, но редовни.

-Ако има избори сега ние наместо 46 ќе имаме 50 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ ќе има 40 пратеници и веројатно ќе ми е полесно како претседател на Владата, но ќе изгуби државата најмалку шест месеци, рече Заев.

Во однос на тврдењата за ново мнозинство во Собранието, премиерот истакна дека дали некој ќе оди со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски зависи од тоа во чии заложби верува.

– Дали некој ќе оди со господинот Мицкоски тоа зависи од тоа дали верува во заложбите за кои тој се залага, а тоа е блокирање, мрчење, одложување, кочење или слично и последиците и конекциите од режимот. Кој тоа од коалициските партнери на Заев верува во тоа? Нека го каже. Нема таков. Истовремено дали од неговите коалициски партнери и неговите пратеници веруваат во ваквите политики и проекти, тоа е исто така гаранција дали некој ќе помине од опозоцијата во владејачкото мнозинство. Од тоа зависат работите дали пратеници ќе се одлеат од власта во опозоцијата или од опозицијата во власта, рече Заев.

Осврнувајќи се на локалните избори, премиерот напомена дека некои од актуелните градоначалници може повторно да бидат кандидирани. Тој лично, рече, ќе застане зад нивните кандидатури.

-СДСМ ќе излезе со најдобрите можни кандидати. Лично јас имам свои ставови. Она што можам да кажам во моментот е лично како претседател на СДСМ ќе застанам зад неколку кандидати заради тоа што имам свој личен впечаток, што не значи дека ќе биде и конечна одлука бидејќи имаме јасни и статутарни определби како се прави тоа, рече Заев.

Тој е исклучително задоволен од работата на градоначалниците на Валандово, Богданци, Демир Капија, Конче, Кочани, од новиот градоначалник на Штип, на Старо Нагоричане, Крушево, Маврово Ростуше...

– Сигурно има и други општини. Но, тоа е само мој личен став. Ова го кажувам за да ги охрабрам да продолжат успешно да работат, но и да испратам порака до сите други да си ги завршат своите програмски ветувања кои им се дадени, рече премиерот и лидер на СДСМ.

Тој исто така рече дека постапките за селекција и избор на кандидати за локалните избори во СДСМ ќе се одвиваат во мај и јуни и оти тогаш конечните одлуки ќе ги носат органите на партијата, за оние кандидати што ќе бидат од СДСМ.

Заев потенцираше дека крајната одлука сепак ја имаат граѓаните на изборите.

Во врска со пописот, потсети дека тоа е граѓанска обврска и должност, но и огромна потреба за натамошен развој на земјата, базиран на реални бројки и показатели. Ако сме држава, потенцира, тогаш треба така и да се однесуваме. Во Македонија, потсети, 20 години нема попис.

-Работиме овде во Владата, во општините, градоначалниците, сите јавни државни и локални претпријатија, сите приватни фирми, па дури и целиот наш народ во магла, во матно. Не ги знаеме бројките, не знаеме колку сме, каде сме распоредени, како сме поставени соодветно, кои ни се индустриските параметри, кои ни се основните ресурси и каде тоа дава сериозни индиции за максимилизација на економскиот раст и развој на државата. Пописот е статистичка операција што мора да ја направиме, тоа е наша должност. Пописот е од 1 до 21 април како што е предвиден и тој треба да се заврши. Иако се испрати апел дали треба нешто да се промени, уште еднаш повторувам – летото никаде не се прави попис, септември е кампања за избори, октомври се редовните локални избори. Ако одложуваме, кога? До мај да одложуваме? Што ќе смени тоа? Така што треба да се фокусираме сите одговорно да излеземе да го завршиме пописот, нагласи премиерот.

Заев дополни и дека власта е отворена за сите прашања, низ дијалог да се решаваат работите, како и дека е добро секогаш да се гради консензус каде што е возможно.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека власта во пописот гледа политичка операција која е коалициски договор и надвор од ЕУ стандардите.

-Власта го политизира пописот по два основи. Прво самите претставници на власта почнаа со лицитирање проценти кој и колкав процент треба да биде за пописот да биде признаен или непризнаен и второ, власта, по директива на Заев ја одби и граѓанската иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ за собирање потписи за поништување на овој неевропски Закон за попис. Со тоа власта на Заев покажува дека се плашат од граѓански потписи бидејќи Заев и неговите министри се многу свесни дека големото мнозинство на граѓани во Македонија се сомнева дека овој попис ќе биде политички фалсификат наместо да биде веродостојна статистика. Во спротивно, ќе прифатеа граѓаните на регуларен начин преку Министерството за правда да ги соберат потписите за спротивставување на ваквиот Закон, рече пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

ВМРО-ДПМНЕ, сепак, нагласи Милошоски, ќе ја почне иницијативата на собирање потписи.

-И покрај ваквите институционални пречки, ќе ја почнеме натпартиската иницијатива. Ќе може да се потпише секој граѓанин што се залага за фер, европски и веродостоен попис и секој граѓанин што е против политички попис што води кон фалсификат. Кога ќе дојде време, ќе ги соопштиме и пунктовите и местата каде што секој граѓанин ќе може да го даде својот потпис. Потписите заедно со иницијативата на пратениците ќе значат сериозна, легитимна операција, проект што ќе биде доставен до Собранието со сериозна граѓанска тежина преку која ќе се утврди дека власта има сериозна опозиција кај самите граѓани кои што не и веруваат на власта дека е спремна да спроведе статистички и европски попис, напомена Милошоски.

Иницијативниот одбор вчера закажа вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ за 28 март, со две главни точки: отчет за сработеното на актуелниот претседател Христијан Мицкоски и гласање доверба, но, вечерта, Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која ја отфрли ваквата иницијатива и одлучи редовниот партиски конгрес да се одржи во ноември.

Најсмешен крадец во обид: Панталоните ѝ останаа на оградата, се покри со дуксер (ВИДЕО)

Следната приказна доаѓа од чилеанската општина Маипу, каде надзорните камери снимија бизарна сцена.

Во преден план гледаме жена која се обидува да прескокне метална ограда и да влезе во луксузен станбен комплекс. Сепак, работите брзо тргнаа наопаку.

Таа не очекуваше дека панталоните ќе ѝ се зафатат на металните шилци, па следеше „мачна борба на обидот за кражба“, пишува Прото тема.

По две минути останала без делови од облеката и обувките, а интимните делови морала да ги крие со дуксерот.

Локалните медиуми јавуваат дека таа го пребарала дворот и по извесно време заминала.

Останува нејасно што се обидувала да направи, а некои извори наведуваат дека „имала соучесник“.

Прв пат отишла кај момчето на гости, па направила хаос- го парчосала тоалетот (ВИДЕО)

На мрежите повторно се ажурираше приказната за Кенеди Калвел од Ванкувер, а во неа се опишува нејзиното „фијаско“ по првата посета на нејзиното момче.

Девојката објави неколку видеа на TikTok кои „собраа“ милиони прегледи и станаа вирални, пишува New York Post.

@kennedyallegedly Great first impression #boyfriend #poopoo #fml

Кенеди дошла во куќата на своето момче Ник во Торонто за заедно да ги поминат празниците, а недолго потоа побарала да оди во тоалет.

Проблемот настанал кога таа не можела да пушти вода во тоалетот.

„Го отворив резервоарот и ја повлеков рачката. Сепак, ништо не се случи. Кога сфатив дека не можам да го решам проблемот, почна да ме фаќа паника“, рекла таа.

Додека се вртела околу бањата, обидувајќи се да се извлече од непријатната ситуација - и паднал керамичкиот капак! Се разбира, се скрши, а парчиња летаа на сите страни.

„Во шок стоев сред бањата. Се најдов во непријатна, глупава ситуација. Што би можела да направам освен да направам видео на TikTok“, објасни таа.

@kennedyallegedly But seriously what do I do #embarrassing #plumber #awkward #helpme ♬ Monsters, Inc - Gustav Lundgren & Unit

Родителите на нејзиното момче не биле дома, но Кенеди го почувствува притисокот без оглед на тоа.

„Сфатив дека морам да го известам Ник за сѐ што се случи. Не можев да избегам низ прозорецот, ниту да го обвинам миленичето“.

Кога му кажала на момчето што се случило, тој почнал да се смее. Веднаш им се јавил на родителите и рекол дека „случајно го скршил капакот на казанчето“.

Таткото и мајката не се налутиле, а ситуацијата ја дочекаа со насмевка.

„И тие се смееја. Имаат четири сина и се навикнати на дефекти во куќата. Сепак, рекоа дека Ник морал да купи нов капак со свои пари“, изјавила девојката и додала дека се понудила да ја плати штетата.

Студенти исвиркаа холивудска ѕвезда поради неговата поддршка за Израел (ВИДЕО)

Познатиот комичар Џери Сајнфелд доби почесна диплома од Универзитетот Дјук во Северна Каролина, а по тој повод одржа говор пред студентите.

Меѓутоа, во моментот кога беше најавен неговиот говор, дел од студентите почнаа да свиркаат и да извикуваат „слободна Палестина“, а некои демонстративно го напуштија стадионот веејќи палестински знамиња.

Имено, иако комичарот во својот говор не го спомна Израел, некои студенти протестираа поради неговата отворена поддршка за Израел по нападот на Хамас на 7 октомври минатата година.

притисни ентер