Министерот за здравство во техничката влада, Илир Демири го разреши медицинскиот директор на Токсикологија Данил Петровски. Економската директорка Бесије Иљази, која подолго време беше во отворен судир со Петровски, пак останува на клиниката.
Причина за разрешувањето од директорската позиција според министерството за здравство е неправилности во работата, но ќе остане да работи на клиниката.
Петровски во телефонски разговор за Канал 5 вели дека се сомнева дека е разрешен поради тоа што за време на годишен одмор дошол на вонредно дежурство, поради дефицит на кадар, нешто што со закон според него е дозволено.
„Имам право да дежурам според закон за работни односи, каде што сам се откажувам од правото на одмор и сам се пријавувам кога има потреба од дежурство. “
На разрешувањето реагираа и вработените од токсикологија.
Случувањата на токсикологија со недеи беа во фокусот на јавноста поради низата скандали поврзани со функционирањето на клиниката. Министерот за здравство уште пред изборите најави разрешување на Петровски затоа што не ги продолжил договорите на 18 те хонорарци.