Пред ЕСЧП во Стразбур 339 предмети од Македонија чекаат на пресуда

Од вкупно 1.014 пресуди на Европскиот суд за човекови права во 2018 година, 12 се однесуваат на Република Македонија и во сите е констатирано кршење, односно непочитување на Европската конвенција за човекови права.

Според статистиките на Судот од Стразбур, една од пресудите се однесува на отсуство на ефективна истрага, за слобода на изразување, заштита на сопственост, три пресуди за непочитување на правото на слобода и сигурност, правото на правично судење и правото за собирање и здружување и една од пресудите е за констатирано кршење на другите членови на Конвенцијата.

Од вкупните статистики на Судот од неговото основање до денес, ЕСЧП има донесено 21.651 пресуда, од нив 153 се однесуваат на Република Македонија која пристапи во Судот во 1995 година со членството во Советот на Европа и пристапувањето во Европската конвенција за човекови права.

Од 153 пресуди, во 136 е констатирано кршење на Конвенцијата, во 12 немало кршење на Конвенцијата, три предмети биле решени со спогодба на тужителите и државата или нивно отпишување од постапката и уште три пресуди биле со правично задоволување, ревизија, прелиминарни исклучоци или ненадлежност.

Пред ЕСЧП од Стразбур во текот на 2018 година пристигнаа 43.100 предмети, односно -32 отсто помалку во споредба со 2017 година кога пристигнале 63.350 предмети. Овој дел од статистиките беше коментиран непосредно пред нивното објавување од Генералниот секретар на Советот на Европа, кој објасни зошто ланската година имаше толку големо и драстично намалување на предметите кои пристигнале во Стразбур од сите 47 земји членки на Советот на Европа.

Генералниот секретар на Советот на Европа, Торборн Јагланд не го криеше изрази задоволство што Европскиот суд за човекови права сега се заснова на посилна основа од таа кога тој беше избран во 2009 година. Во тоа време, кредибилитетот на конвенционалниот систем беше доведен во прашање поради заостанати 160.000 предмети. До крајот на минатата година оваа бројка беше сведена на 56.000. Овој развој беше во голема мера постигнат со пренамена на ресурси на теренот за да се донесат закони во земјите-членки во согласност со Конвенцијата и како и за обучување на судии и адвокати.

Во текот на 2018 година 7.644 од пристигнатите жалби до Судот им биле доставени на владите, односно +6 отсто во споредба со 2017 кога биле доставени 7.225 жалби.

Истовремено донесени се вкупно 42.761 одлуки или пресуди од Судот (-50 отсто во споредба со 2017 кога беа донесени 85.951 пресуди и одлуки) од нив 2.738 биле пресуди (-82 отсто во споредба со 2017 кога имало 85.951 пресуда), донесени се и 40.023 одлуки за отпишување од постапка или неприфаќање на жалбите (-43 отсто во споредба со 2017).

На 31 декември 2018 година пред ЕСЧП на разгледување чекале 56.350 предмети, скоро исто колку и на 1 јануари 2018 кога чекале на одлука 56.250. Во детали 22.250 се наоѓале пред Големиот судски совет (-15 отсто), 29.350 се пред Комитетот +25 отсто и кај еден единствен судија 4.750 пресуди +10 отсто.

На 31 декември 2018 имало 339 предмети кои се однесуваат против Република Македонија, а чекале на пресуда или одлука од Судот од Стразбур, три од нив биле прифатени (1 отсто), 106 предмети (31 отсто) биле доставени до владата, 35 од предметите се наоѓаат пред еден единствен судија или Комитет на Судии од категоријата 6 и 7 (или 10 отсто од предметите), а 195 од предметите (58 отсто) чекаат на прво разгледување од Советот или Комитетот од категоријата 1-5.

Од графиконот за тоа како биле разгледувани предметите од Македонија се гледа дека само за 2018 година имало 305 предмети кои биле дадени на разгледување на судска инстанца на ЕСЧП, 263 предмети биле прогласени за неприфатливи или избришани, 36 биле доставени до владата, а за 15 предмети имало пресуда или одлука. /МИА

Ковачевски: Македонија со раст на индексот на слобода на медиуми

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска упати честитка до медиумите и медиумските работници по повод Светскиот ден на слободата на медиумите го поздрави растот кој го бележи земјата на согласно извештајот на „Репортери без граници” .

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска упати честитка до медиумите и медиумските работници по повод Светскиот ден на слободата на медиумите го поздрави растот кој го бележи земјата на согласно извештајот на „Репортери без граници” и позиционирањето на Македонија на 36-то место заедно со останатите развиени европски демократии.

„Денешниот Светски ден на слободата на медиумите го одбележуваме како земја која повторно постигнува раст во медиумската слобода. Ние денес сме на 36-то место и сме најдобро позиционирани во регионот, а и пошироко, согласно извештајот на “Репортери без граници”. Ова е директна потврда дека со СДСМ, Македонија чекори по вистинскиот пат, дека ние сме земја во која се почитуваат демократските и европските вредности.” - посочи претседателот Ковачевски во својот пост на социјалните мрежи.

Ковачевски воедно се заблагодари до новинарите и медиумските работници, за нивната посветена работа посочувајќи дека стекнатиот статус беше партнерска и заедничка заложба на СДСМ, граѓаните и медиумите, како и медиумските организации.

„Пред само седум години бевме сведоци дека загорзената слобода на медиумите е вратата кон автократско владеење. Тоа време не смееме да дозволиме да се врати.” - истакна Ковачевски.

Ковачевски истакна дека СДСМ е, секогаш била, е и ќе биде страната на медиумите, на страната на демократијата и го насочи вниманието на важноста на продолжувањето на процесот на евроинтеграции со цел обезбедување подобар квалитет, професионалност и заштита за медиумите и новинарите.

„Единствено со продолжувањето по европскиот пат, ќе се продолжи и подобрувањето на квалитетот, заштитата и професионалноста на медиумите и ќе се продлабочи нашата заедничка борба против дезинформациите.” - порача Ковачевски по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, се наведува во партиското соопштение.

Направано е најголемото тирамису на светот, влезе во Гинисовата книга (ВИДЕО)

Нема некој што не сака тирамису, омилениот италијански десерт, а во чест на Светскиот ден на Тирамису, што се одбележуваа секоја година на 21 март, италијански ресторан во Лондон го направи највисокото тирамису на светот.

Тимот од ресторанот Луси во лондонскиот Ковент Гарден го помина целиот ден градејќи го највисокото тирамису на светот. И кога го „изградиле“, го измериле и бил висок два метри – повисок од просечниот маж – и така влегол во Гинисовата книга на рекорди.

Од страна на персоналот во ресторанот љубезно наречен „Торемису“ (доаѓа од италијанскиот збор „торе“, што значи кула), овој џиновски десерт е направен од сите класични состојки на тирамису и е целосно јадлив. Биле потребни пет часа за да се состави, но дури 24 часа за да се подготват сите состојки.

„Торемису“ стана толкав хит што тимот направил уште една реплика неколку дена подоцна, а тој ден решија сите што вечераат во овој ресторан да ги почестат со бесплатно тирамису.

@viziesfizii #CapCut ♬ suono originale - Viziiesfizii

Инаку, италијанскиот ресторан Luci во Ковент Гарден е познат по широкиот избор на италијански колачи, меѓу кои најмногу се издвојува тирамисуто. Но, освен десерти, овде наутро може да се купи свеж леб и пецива, а од пладне во понудата има фокача, чабата и италијанска пица.

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите

Коносителката на ИЕ5 и министерка за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, честитајќи го Светскиот ден на слободата на медиумите потсети дека СДСМ во целиот свој мандат поттикнува демократска и слобода атмосфера во општеството.

„Направивме законски измени со кои нападот врз новинар се квалификува како напад на службено лице, заради поголема заштита на луѓето кои ја вршат оваа значајна општествена професија“, вели Костадиновска-Стојчевска.

Таа додава дека наспроти децениската репресија и прогон кон медиумите и новинарите, насилното затворање медиуми и користење на институциите за пресметка со новинарите, СДСМ значително го подобри медиумскиот амбиент и критичкото новинарство.

„Не приведуваме новинари за искажан збор, не тужиме редакции за објавени текстови, не затвораме медиуми кои не критикуваат“, вели Костадиновска-Стојчевска на Светскиот ден на слобода на медиумите кога „Репортери без граници“, во својот извештај забележа прогрес за Северна Македонија.

Според овој извештај, државата годинава има напредок и е рангирана на 36 место на Индексот за слобода на медиумите, што е за две места подобор од 38 место лани. Во 2016 бевме на 118 место.

„СДСМ е демократска партија која на дело покажува како се почитува слободата на медиумите и новинарската мисла. Остануваме лидери во регионот по слободата на новинарското изразување“, вели Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека актуелните времиња носат и нови предизвици за медиумите и медиумските работници, а технолошкиот развој носи и бројни ризици за самата професија.

Според Костадиновска-Стојчевска, слободата на новинарската мисла и подобрување на условите за медиумските работници остануваат приоритет на социјалдемократите кои остануваат силни поддржувачи на професионалното и непречено изразување, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер