Познатиот комичар обвинет е од колешките за сексуално вознемирување

Американскиот комичар Луис С.К (50) обвинет е од пет жени за сексуално вознемирување.

Четири од нив за „Њујорк тајмс“ изјавиле дека комичарот мастурбирал во текот на разговорите со нив, додека петтата изјавила дека од неа побарал да го направи истото.

Комичарките Дана Мин Гудман, Џулија Волов, Ребека Кори и Еби Шакнер отворено зборувале за Луис С.К., додека петтата побарала да остане анонимна.

Гудман и Волов изјавиле дека нивниот колега во 2002 година ги повикал во хотелска соба во текот на фестивалот на комедијата во Аспен и притоа мастурбирал пред нив. Уште три жени раскажале за слични искуства.

Кори изјавила дека комичарот во 2005 година бил гостин во ТВ емисија во која и таа се појавила и побарал од неа да влезе во просторијата во која таа се пресоблекувала, за да може да ја гледа додека се самозадоволува.

Додала дека остро му одговорила додавајќи дека има ќерка и трудна жена, пишува „БиБиСи“.

Шакнер навела дека колегата во 2003 година го повикала телефонски за да биде гостин во нејзината емисија и тогаш забележала дека во разговорот со неа мастурбира.

„Се почувствував многу засрамено“ – изјавила за Њујорк тајмс.

Петтата жена наводно ја вознемирувал во деведесеттите години на минатиот век додека заедно работеле на една шоу програма. Како што истакнува, Луис побарал да ја гледа додека се самозадоволува. Таа потоа додала дека се согласила на неговото барање иако знаела дека е погрешно.

„Ја злоупотреби својата моќ“ – изјавила таа.

Комичарот ги отфрли сите обвиненија и ги нарече “гласини“, кога го прашале за коментар во текот на промоцијата на неговиот филм „I love you Daddy” во Торонто.
Инаку, вчера е откажана промоцијата на споменатиот филм непосредно откако е објавена сторијата.

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите

Коносителката на ИЕ5 и министерка за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, честитајќи го Светскиот ден на слободата на медиумите потсети дека СДСМ во целиот свој мандат поттикнува демократска и слобода атмосфера во општеството.

„Направивме законски измени со кои нападот врз новинар се квалификува како напад на службено лице, заради поголема заштита на луѓето кои ја вршат оваа значајна општествена професија“, вели Костадиновска-Стојчевска.

Таа додава дека наспроти децениската репресија и прогон кон медиумите и новинарите, насилното затворање медиуми и користење на институциите за пресметка со новинарите, СДСМ значително го подобри медиумскиот амбиент и критичкото новинарство.

„Не приведуваме новинари за искажан збор, не тужиме редакции за објавени текстови, не затвораме медиуми кои не критикуваат“, вели Костадиновска-Стојчевска на Светскиот ден на слобода на медиумите кога „Репортери без граници“, во својот извештај забележа прогрес за Северна Македонија.

Според овој извештај, државата годинава има напредок и е рангирана на 36 место на Индексот за слобода на медиумите, што е за две места подобор од 38 место лани. Во 2016 бевме на 118 место.

„СДСМ е демократска партија која на дело покажува како се почитува слободата на медиумите и новинарската мисла. Остануваме лидери во регионот по слободата на новинарското изразување“, вели Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека актуелните времиња носат и нови предизвици за медиумите и медиумските работници, а технолошкиот развој носи и бројни ризици за самата професија.

Според Костадиновска-Стојчевска, слободата на новинарската мисла и подобрување на условите за медиумските работници остануваат приоритет на социјалдемократите кои остануваат силни поддржувачи на професионалното и непречено изразување, се наведува во партиското соопштение.

ФАЗ: Балканот останува без население

Германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ пишува за тешкотиите што во балканските земји ги предизвикува од една страна емиграцијата и падот на наталитетот, а од друга имиграцијата од Азија, за која овие земји не се подготвени.

Авторот на текстот, Мајкл Мартенс, споменува анегдота од конференција на која се разговарало за опасноста од избувнување на војна во Југоисточна Европа, каде еден од учесниците тврди дека нема опасност бидејќи во тие земји има недостиг од војници.

Авторот на текстот не смета дека опасност од војна не постои, тврдејќи дека дури и добро вооружените специјалци можат да направат многу штета, но дека овие земји се уште страдаат од недостаток на војници. Тој како пример ја наведува Србија.

„Србија, на пример, веќе неколку години силно се вооружува со ракети, беспилотни летала и противвоздушни системи од Кина и Русија, кои наскоро треба да бидат дополнети со француски борбени авиони Рафал, тоа е еден дел од сликата дека на Србија, како и другите земји и регионот, ѝ недостигаат војници кои знаат да управуваат со оваа скапа техника, така што српската армија има, всушност, повеќе од 300 тенкови, но најмногу една третина има обучени екипажи. “

Тој како пример го наведува тоа што офицерите често преминуваат во стопанството и што има малку млади луѓе, бидејќи воената служба повеќе не е толку привлечна и затоа што се раѓаат сѐ помалку деца. Дополнително, се наведува дека емиграцијата го влошува проблемот, бидејќи „земјите од регионот не се доволно атрактивни да го задржат своето младо население или да привлечат мигранти“.

Авторот на написот ја споредува ситуацијата во Србија со онаа во Романија или Бугарија, наведувајќи дека во тие земји понекогаш е можно да се забави емиграцијата од големите градови или дури и да се смени трендот, но забележува дека овие земји се членки на Европската унија. .

„Во шесте земји од Западен Балкан, кои сè уште не се членки на Европската унија и немаат еднаков пристап до нејзиниот пазар, ситуацијата не изгледа толку добро“, пишува FAZ, наведувајќи дека за многу млади луѓе во тие земји , се чини дека емиграцијата сепак е најдобрата опција.

Намалувањето на бројот на жители влијае и на однесувањето на западните инвеститори, забележува ФАЗ, објаснувајќи дека нема доволно работна сила за големи проекти во трудоинтензивните индустрии. „Еден западен концерн, кој сака да изгради голема фабрика во една балканска земја, пред почетокот на работата се согласи две третини од вработените да бидат увезени од Филипините.“

Се зборува дека политичарите во тој регион доцна ја сфатиле сериозноста на демографската состојба и дека сега се натпреваруваат да донесат странски работници. „Во меѓувреме, градскиот превоз на Белград вработува возачи на автобуси од Индија или Шри Ланка, бидејќи нема локални заинтересирани лица. Најсиромашната земја во Европа, Косово, донесе работници од Бангладеш со авиони за големи проекти.

Оваа нова реалност ќе ги стави општествата во балканскиот регион пред тешки предизвици, предупредува ФАЗ, бидејќи имигрантите од Азија и Африка ќе имаат деца, ќе купуваат недвижнини, ќе ги негуваат своите традиции и религии и ќе го променат изгледот на градовите во југоисточниот дел на Европа, нешто на што не се навикнати во тој регион.

„Потенцијалот за конфликт е очигледен. Балканот, точно е, е мултиетнички со векови. Но, да се признае дека областа е имигрантски регион или дека мора да стане таков, за да се одржи економски, е тешко за оние со моќ да прифатат“, заклучува Frankfurter Allgemeine Zeitung.

Филипче: Овозможивме слободни и независни медиуми и сме први во регионот

Позитивните политики и пристап на СДСМ кон медиумите, се потврдија со тоа што Македонија е најдобро рангирана земја во регионот по слобода на медиуи, истакна д-р Венко Филипче  носител на листа во Изборната единица 4 од СДСМ и Коалицијата.

,,Македонија во 2024 година го постигна сопствениот рекорд во последните 15 години во Индексот на слободата на медиумите според „Репортери без граници“. Годинава се наоѓа на 36-то место и е најдобро рангирана од сите земји во регионот. Ова е потврда за позитивните политики и пристап на СДСМ кон медиумите. Слободни медиуми се слика на секое демократско општество",смета Филипче.

Тој посочи дека граѓаните не треба да дозволат да ја изгубиме демократијата и слободата.

,,Без слобода, без независни медиуми, без професионални новинари ќе го изгубиме и развојот и напредокот на државата. Уште многу треба да се направи за подобрување на општата медиумска ситуација во земјата, но курсот кој го поставивме е правилен"вели д-р Филипче.

Носителот на листата во Изборната единица 4 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Филипче истакна дека во следниот мандат СДСМ мора да се фокусира на повисок животен стандард на новинарските и медиумските работници.

,,Тоа директно ќе влијае на објективност во известувањето, во служба на граѓаните, а не во политичките и бизнис елити"-рече Филипче, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер