Според познатиот НБА инсајдер Шемс Чарани меѓу резрервите на Ол Стар мечот на 16 февруари во Чикаго ќе биде и српскиот центар од Денвер Никола Јокиќ.
Гласањето за првите петорки беше завршено минатата недела по што се познати кошаркарите кои ќе го започнат мечот на сите ѕвезди во НБА.
Во првата петорка на Западот ќе бидат Леброн Џејмс, Лука Дончиќ, Кавај Ленард, Џејмс Харден и Ентони Дејвис. На клупата за резерви ќе бидат Никола Јокиќ, Демијан Лилард, Расел Вестбрук, Крис Пол, Донован Мичел, Руди Гобер и Брендон Инграм.
Стартери на Истокот ќе бидат Јанис Адетокумбо, Треј Јанг, Паскал Сијакам, Џоел Ембид и Кемба Вокер.
Како резреви на Истокот се избрани Џими Батлер, Кајл Лаури, Бен Симонс, Крис Мидлтон, Џејмс Тејтум, Бем Адебајо и Домантас Сабонис.
Домаќин на годинешиот Олс Стар викенд во НБА од 14 до 16 февруари ќе биде Чикаго.