Позната е состојбата на повредените во сударот на товарен и патнички во тунел во Белград

Четири лица се повредени во судар на возови во подземен тунел во Белград.

Тие поради видот на повредите се пренесени во Ургентниот центар, на клиниката за реанимација. Повредени се една жена и тројца мажи, објави Телеграф.

Уште девет лица биле прегледани, но не им било потребно болничко лекување.

За четворицата повредени кои се пренесени се смета дека се тешко повредени, но за среќа не се во животна опасност.

Според првичните информации, во патничкиот воз кој денеска се судри со товарниот воз во подземниот тунел во Белград имало шест патници, како и машиновозачот и кондуктерката. Сите се изнесени од тунелот.

Бајден ја поддржа одлуката за забрана на огнено оружје во случаи на семејно насилство

Американскиот претседател Џо Бајден ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд со која се поддржува забраната за поседување оружје на лица на кои им е наложена забрана за семејно насилство.

Во исто време, Бајден рече дека ќе продолжи да врши притисок врз Конгресот да ја зајакне заштитата на жртвите на семејно насилство.

„Никој што бил малтретиран не треба да се грижи дали неговиот насилник ќе добие пиштол. Како резултат на денешната одлука, преживеаните на семејно насилство и нивните семејства ќе можат да продолжат да се потпираат на заштита, исто како што тоа го правеа во изминатите три децении“, додаде Бајден. /МИА

Над еден милион странци живеат во Истанбул, од кои половина се Сиријци под привремена заштита

Повеќе од еден милион странци живеат во Истанбул, а половина од нив се Сиријци под привремена заштита во земјата, покажуваат податоците објавени од турското Министерство за внатрешни работи.

Според регистрите на Генералниот директорат за миграциски прашања, во градот на Босфор живеат вкупно 1.087.017 странски државјани со дозволи за престој.

Речиси половина од странците кои живеат во Истанбул се Сиријци - 530.612 лица. Тие се под привремена заштита на турската држава.

Под меѓународна заштита во метрополата се вкупно 3.252 странци, покажуваат податоците./МИА

Ребров: Многу важна победа за тимот и за државата

Селекторот на Украина, Серхи Ребров, беше исклучително задоволен од духот што го покажаа неговите играчи за победа од 2:1 против Словачка.

-Многу сум среќен за играчите. Реагиравме многу добро откако примивме гол. На полувремето променивме некои работи во однос на високиот пресинг. Играчите кои дојдоа од клупата ни помогнаа да ја подобриме нашата игра. Најважно е дека го покажавме нашиот дух. Мора да се фокусираме на следниот натпревар, но тоа беше многу важна победа за тимот и за земјата. Не викав на полувремето, само требаше да реагираме. Знаевме дека не притискаме доволно високо и ова беше нашата единствена шанса. Така им кажав на играчите“, изјави Ребров.

Ребров зборуваше и за својата одлука да стартува со Анатолиј Трубин на голот.

-Мило ми е што имаме добра конкуренција меѓу голманите. Мислам дека Трубин заслужи шанса по настапот против Германија. Беше многу мирен и можеше да започне пред овој натпревар, истакна тој. /МИА

притисни ентер