Пожарникар фатил бебе фрлено од зграда зафатена од пожар (видео)

Американскиот пожарникар Роберт Сатон беше првиот кој оваа недела одговорил на повик, после дојавата за пожар во една зграда во сојузната држава Џорџија.

Не ни претпоставувал дека ќе стане светски познат јунак откако успеал да дофати бебе фрлено од вториот кат на зградата зафатена со пожар.

Тој изјавил дека по доаѓањето видел многу чад и пламен, но пожарникарите на самиот почеток не знаеле дали има граѓани кои е потребно да се спасат.

Раскажал како на еден од прозорците видел човек кој очајнички се обидува да го спаси своето дете од пожарот кој го зафатил и неговиот стан.
„Му реков да го фрли бебето и тој тоа и го направи. Благословен сум што ја имав таа можност да го фатам“ – изјави Сатон.

Капетанот на противпожарната единица Том Барел изјавил дека се надева оти храбриот потег на Сатон ќе помогне во спасувањето луѓе, но и разбирањето дека пожарникарите имаат навистина тешка работа.

Маск пристигна на Бали поради планираната достапност на интернет услугата Старлинк

Маск беше пречекан од индонезискиот министер за инвестиции Лухут Бинсар Панџаитан.

Американскиот милијардер Илон Маск денеска пристигна на индонезискиот остров Бали поради планираната достапност на интернет услугата Старлинк на Спејс Икс за индонезиската Влада, која се надева дека со тоа ќе го зголеми продорот на интернет и здравствените услуги во оддалечените делови на огромниот архипелаг.

Маск беше пречекан од индонезискиот министер за инвестиции Лухут Бинсар Панџаитан и најави дека ќе разговараат за соработка, вклучително и достапност на Старлинк.

Панџаитан истакна дека еднаквиот пристап до Интернет низ Индонезија, островска држава во Југоисточна Азија со повеќе од 270 милиони луѓе кои живеат во три временски зони, ќе им овозможи на луѓето во оддалечените области да уживаат во истата удобност на Интернет со голема брзина, како и оние во урбаните области.

„Старлинк доби лиценца за работа во Индонезија како давател на интернет сервис провајдер“, потврди Панџаитан.

Маск попладне ќе присуствува на промоцијата на Старлинк со индонезискиот претседател Џоко Видодо. Индонезија е третата земја во Југоисточна Азија каде што ќе функционира Старлинк, по Филипините и Малезија./МИА

Путин одржа состанок за поплавите и пожарите во Русија

 Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со министерот за вонредни состојби Александар Куренков и министерот за природни ресурси и животна средина Александар Козлов за да разговараат за поплавите и пожарите.

„Имаме неколку теми. Да почнеме со главната, актуелната, најжешката во буквална смисла на зборот“, рече Путин.

Тој рече дека додека поплавите се уште траат во еден дел од земјата, во некои региони има и пожари или опасни состојби од пожари.

„Властите мора веднаш да ги проценат штетите од поплавите за да почнат со обнова на станбениот фонд до крајот на летната сезона. Мораме веднаш да ја процениме штетата на домаќинствата. Сето тоа треба да се исуши - и тоа на време. Летото брзо ќе помине, а во текот на летото треба да направиме што повеќе за да го вратиме станбениот фонд“, нагласи Путин. /МИА

Украинското воздухопловство ги соборило сите 37 дронови лансирани од Русија

Украина ги уништи сите 37 беспилотни летала лансирани синоќа од Русија против цели на многу места во земјата, соопшти украинското воздухопловство.

Во соопштението се наведува дека уништените беспилотни летала „Шахед“ биле насочени кон главниот град Киев и украинските градови Одеса, Миколаив, Суми и Виница, како и цели во регионите Житомир, Черкаси и Херсон./МИА

притисни ентер