Потрагата по телото на Данка продолжува, осомничените не ја откриваат локацијата каде е телото

Деноноќната потрага по телото на малата Данка Илиќ, се уште не дава резултати. 

Сто дваесет и осум истражители со придружба од 20 кучиња трагачи и денеска го чешлаат теренот. Зошто убијците не ја откриваат локација каде го однеле телото, а го признале убиството останува енигма и по шестиот ден од апсењето на осомничените за убиството на деојчето. Потрагата продолжува на терен во населбата Бор, а пребарана е втората половина на Кањонот Лазарев, откако полицијата и спасувачите ги пребараа првите 3,5 километри. Се пребаруваше и јамата над кањонот длабока 70 метри. За потрагата се користи специјалистичка опрема за спасување. Целиот простор на кањонот е прегледан со дрон опремен со термо камери и можност за 3Д мапирање, но не е забележано ништо. И осомничените за убиството се уште не ја откриваат локацијата на телото. Првично едниот посочи пет можни локации, другот се брани со молчење и не сака да соработува со истражителите. Според експертите речиси неверојатно е осомничените да не знаат каде е телото.

„Тие ги сокриваат трагите. Оди ваму, оди таму оди онаму. Мала е веројатноста да дојде до некакво заборавање. Мислам дека тоа што тие се обидуваат да ги сокријат трагите мислејќи дека ако нема тело, нема ниту дело.“- Радослав Радосавлевиќ, судски вештак

Сите очи се вперени кон таткото на Дејан Драгијевиќ, кој беше уапсен откако при испрашувањето признал дека имал помош од брат му и од татко му. Меѓувреме неговиот брат, Далибор почина срцев удар во притвор и од тука се претпоставува дека можеби таткото на осомничениот е клучен сведок. Двајцата осомничени кои се во 30 дневен притвор се товарат за кривично дело тешко убиство во соизвршителство. Коментирајќи го убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека ќе и предложи на Владата повторно да се воведе смртната казна за најтешките кривични дела.

По четири децении светлоста на денот ќе ја види заборавен докуметарен филм за „Битлси“ (ВИДЕО)

Заборавениот документарен филм за Битлси „Let It Be“, кој го носи името на големиот хит на групата, повторно ќе ја види светлината на денот, по реставрацијата, на 8 мај на платформата „Дизни плус“.

Инаку, документарниот филм „Let It Be“ првично бил објавен во 1970 година. Бил недостапен четири децении. Последното издание било на VHS во осумдесеттите години на минатиот век.

Според извештаите, зад новата верзија на документарецот стои Питер Џексон, кој претходно работеше на уште еден документарец на Битлси „Get Back“.

„Let It Be“ е многу различен од биографиите контролирани од уметникот што вообичаено ги гледаме денес. Битлси беа длабоко незадоволни од тоа како изгледаа на екранот во тоа време, што делумно објаснува зошто филмот толку долго беше недостапен.

Сепак, „Нека биде“ денес може да се смета за класика, некои го пофалија, некои го критикуваа. Она што е сигурно е дека станува збор за документарец кој на Битлси првенствено гледа како на музичари.

„Let It Be“ пренесува не само голема енергија, туку и дел од свечената мистерија што ја придружуваше милениумската соработка на Битлси, пишува Techradar.com.

НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции

Северноатлантскиот совет (НАК) денеска изрази солидарност со Германија по злонамерната кибер кампања против Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и со Чешка, која се соочува со злонамерни кибер активности против нејзините институции.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во соопштението на НАК се наведува дека одговорноста за овие злонамерни кибер активности, Германија и Чешка му ја припишаа на актерот АПТ28, кој е спонзориран од Русија, а пред се од руската воена разузнавачка служба - Главната дирекција на Генералштабот на руските Вооружени сили (ГРУ).

НАК додава дека со загриженост забележува дека истиот актер упатува закани насочени и кон други национални владини ентитети, оператори со критична инфраструктура и други ентитети низ Алијансата, вклучително и во Литванија, Полска, Словачка и Шведска.

- Силно ги осудуваме злонамерните кибер активности насочени кон поткопување на нашите демократски институции, националната безбедност и слободното општество. Злонамерните кибер активности насочени против Германија и Чешка потврдуваат дека кибер просторот е под ризик во секое време. Актерите на кибер заканата упорно се обидуваат да ја дестабилизираат Алијансата, се наведува во соопштението на Северноатлантскиот совет.

Во реакцијата натаму се посочува дека НАТО останува посветени на спротивставување на суштинската, континуираната и зголемена кибер закана, вклучително и кон демократските системи и критична инфраструктура на неговите членки.

- Ние сме решени да ги искористиме потребните потенцијали со цел да го одвратиме, да се одбраниме и да се спротивставиме на целиот спектар на кибер закани со меѓусебна поддршка, вклучително и со разгледување на координирани одговори. Промовираме слободен, отворен, мирен и безбеден кибер простор. Ги повикуваме сите земји, вклучително и Русија, да ги почитуваат своите меѓународни обврски и меѓународното право и да дејствуваат во рамката на одговорно однесување на една држава во кибер просторот, како што е потврдено од сите членки на Обединетите нации, се додава во соопштението на НАК.

Студениот бран не предизвика штети во земјоделието, дождот добредојден за пролетната сеидба

Студениот бран кој не зафати изминатиов период не предизвика оштетувања во земјоделството. 

Студениот бран кој не зафати изминатиов период не предизвика сериозни оштетувања во земјоделството иако падот од 10 до 15 степени предизвика негативни состојби кај растенијата. Падот на температурите сепак не беше драстичен и под нулата заради тоа што беше проследен со доста облачнсот и не предизвика мрзнење туку можни се само мали проредување кај одредени овошни видови. Спроед агро метролозите земјоделците полека се навикнуваат на климатските промени и сите негативни последици.

Засега врнежиет кои ги имаме како последица на овој бран се исклучително добре дојдени. Со овие врнежи кои дојдоа по сушниот период се создадоа идеални услови за пролетната сеидба а се во последен момент и за есенските посеви за да имаат добар принос.

Можноста за појава на доцни пролетни мразеви полека одминува речиси за сите земјдоелски региони според податоците за апсолутна појава на доцни пролетни мразеви.

притисни ентер