Последната долга суша причина за најголемото опаѓање на Преспанското Езеро

Последната долга суша е одговорна за досега најголемото опаѓање на нивото на водата на Преспанското Езеро, кој е во постојан пад од 1951 годинаа.

Тоа укажува дека во споредба со ефектот на климатските промени, истекот во Охридското Езеро и употребата на водата за наводнување од Преспанското Езеро, незначително придонесуваат кон намалувањето на неговото ниво. На ова укажуваат податоците за нивото на Езерото мерени од УХМР од 1951 до 2004 година.

– Сметаме дека ефектите од климатските промени за жал во иднина ќе бидат се повидливи во нашата земја особено на водните и влажните живеалишта. Затоа одговорноста треба да ја бараме во сите нас. Да размислуваме за нашите секојдневни активности и да покажеме свесност дека ниту една акција не поминува без реакција. Односно, нашето неодговорно однесување денес (од неодговорно одлагање на смет, па се до уништување на мочуриштата и другите влажни живеалишта кои сепак сè уште некако го одржуваат езерото живо), порано или подоцна ќе биде платено со висока цена. Во овој случај со многу скратена и блага пролет и сушни, долги лета, полни со непопустлива жега на која не е навикнато нашето Преспанско Езеро, вели Драган Арсовски, претставник на подрачната канцеларија на Македонското еколошко друштво (МЕД) од Ресен.

Годишните промени во нивото на водата на Преспанското Езеро се директен резултат, прво на комплексната геолошка постава на регионот, а потоа и на следните фактори: дотокот на вода од реките и подземните води, количеството на врнежи, степенот на испарување од Езерото, искористената вода за наводнување и карстниот истек на водата низ планината Галичица во Охридското Езеро.

Првите три фактори ги отсликуваат просечните климатски услови во водниот слив на Езерото, бидејќи сите речни текови и подземните води се полнат од врнежите во езерскиот басен, односно во неговиот стрмен воден слив и како такви имаат голем удел врз количеството на вода во Преспанското Езеро, се наведува во извештајот на НОА.

Историски гледано од кога се вршат мерења од страна на Управата за хидрометеоролошки работи од 1951 година нивото на водата во Преспанското Езеро е во постојан пад, со изразено опаѓање од 1987 до 1995 година.

До сега се покажало дека значителните зголемувања и намалувања на волуменот на Езерото се главно резултат на кумулативната преципитација (град, дожд или снег) за време на т.н. „влажна сезона" (од октомври до март), односно при големите суши. Од друга страна пак, езерската вода е искористувана директно за наводнување, како и преку бунари во трите држави уште од 50-тите години на минатиот век.

Двата начини имаат директен негативен ефект на нивото на Езерото и се во голема мера одговорни за неговото долгорочно намалување од 70-тите години на минатиот век до 2004 година.

Опсервираниот волумен на карстен истек низ Галичица, пак е стабилен независно од нивото на езерската вода и како таков не допринел значително кон интензивното намалување на Езерото, се вели во извештајот. /МИА

Фото: Британска манекенка ужива на одмор во Дубровник

Британската манекенка Ферне МекКан веќе одлучила да замине на одмор. Деновиве таа ги покажа своите фотографии од Хрватска. Како што откри таа е на одмор во Дубровник и околината.

„Верувајте си дека ќе го изберете она што е соодветно за вас. Најубавиот ресторан на островот. Каков прекрасен, посебен ден во Хрватска“, напиша таа во описот на фотографијата на која позира во црн костим за капење.

Дејли мејл известуваше за нејзиниот летен одмор во Хрватска. „Ферне МекКан ја истакнува својата неверојатна фигура во црно бикини додека се сонча во Хрватска“, гласи насловот на нивната статија.

Ферне неодамна изјави дека ослабела многу откако ја родила ќерката Финти, а многумина ја фалат затоа што покажала реален поглед на нејзиното тело. „Сакам да гледам реални фотографии, сите имаме целулит и маани кои попрво би ги немале, но добро е да ги славиме. Благодарам Ферне за искрената објава“, гласи пофалбата на еден следбеник.

Од 2022 година, Ферне е во врска со бизнисменот Лори Хејнс, со кој ја има ќерката Финти. Тој има уште една ќерка, од претходната врска.

Бајден настапи пред дипломците на Морхаус колеџот во Џорџија

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

Претседателот на САД, Џо Бајден во денешното обраќање пред дипломците во Морхаус, високообразовна установа од Џорџија каде мнозинството студенти се афроамериканци, прати пораки од неговата предизборна кампања за зацврстување на врските со младите од етничките малцинства.

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

- Сакам сите да запаметите, кога не избраа први ни велеа дека нема да направиме ништо значајно. Но ние направивме се. Благодарејќи вам … Мошне многу ценам што ми дадовте можност за повторен настап тука, изјави претседателот во обраќањето до дипломците на Морхаус.

Тој говореше и за својот соперник на претстојните избор – поранешниот претседател Доналд Трамп.

- На овие избори многу е ставено на коцка, мошне многу. Станува збор не за мене, туку за алтернативата … Работата е во тоа што тој (Трамп) изложи што имено планира да прави (ако биде избран). И републиканците во Претставничкиот дом ќе кажат и моите колеги ќе кажат, што тие имено ќе прават ако победат, рече Бајден.

Колеџот Морхаус е основан во 1867 година како машки колеџ за школување на црномурести кои скоро биле ослободени од ропство. Еден од они кои дипломирале тука е и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Морхаоус е голем град во Џорџија со има значајна улога во претседателската трка во 2024 година. Бајден овде во 2020 година стана првиот кандидат за претседател од Демократската партија кој доби поддршка од оваа држава по Бил Клинтон во 1992 година.

Бајден денеска попладне патува во посета на Мичиген, каде ќе учествува на настан организиран од Детроитски фонд за борба за слобода. /МИА

Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија

Ракометарите на Алкалоид се победници во Купот на Македонија, откако вечерва во финалето одиграно во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа фаворитот Еурофарм Пелистер со 25:23 по изведувањето пенали.

Ова е прв трофеј во својата куса историја за младиот тим на Алкалоид кој на завршниот турнир ги совлада најголемите две имиња во македонскиот ракомет, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Во финалето двете екипи во повеќе наврати се менуваа во водство, највисокото беше четири голови разлика, за на крај победникот да биде решен по пенал-рулетот во кој се истакна голманот на скопскиот тим Иван Галевски.

Токму Галевски беше прогласен за најдобар голман на завршниот турнир, наградата за најдобар стрелец отиде кај Богдан Радивојевиќ, а за МВП Филип Кузмановски (двајцата од Еурофарм Пелистер).

Претходно во текот на денот, во женското финале, Ѓорче Петров го победи Чаир со 36:24. /МИА

притисни ентер