Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат од половина до еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). 

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 отсто.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за половина денар и ќе изнесува 71 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за еден денар и ќе изнесува 70,5 денари за литар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму останува 76,5, а ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе продолжи да се продава за 79 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,058 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 45,823 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,841 отсто и кај мазутот за 0,485 отсто, додека кај дизелот има зголемување за 1,628 отсто, а кај Екстра лесното масло за 1,794 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е повисок за 0,5411 отсто.

Мажот кој со автомобил влета меѓу ученици во Кина, е осуден на условна смртна казна (ВИДЕО)

Маж од кинеската провинција Хунан, Хуанг Вен, е осуден на условна смртна казна бидејќи со својот автомобил влетал во ученици од основно училиште, објави кинеската новинска агенција Ксинхуа.

Нападот се случил на 19 ноември во седум часот наутро, кога Хуанг со своето возило прегазил 18 основци. Возилото застанало поради техничка грешка, а пријавениот излегол од возилото и продолжил да ги напаѓа луѓето во близина.

Во инцидентот повредени се вкупно 30 лица, а причинета е и голема материјална штета на јавен и приватен имот.

Според судот, Хуанг го сторил делото бидејќи претходно изгубил пари и се скарал со семејството.

Условната смртна казна значи дека казната може да се одложи или укине врз основа на одредени околности како што се нови докази или жалба.

СДСМ: Власта на ВМРО-ДПМНЕ е неспособна и во лето и во зима

Секој ден се повеќе станува јасно дека неспособноста на оваа власт не само што е алармантна, туку и опасна за безбедноста и секојдневниот живот на граѓаните.

Патиштата ширум државата се целосно неисчистени, граѓаните остануваат заглавени во снегот, а државните служби повторно се „изненадени“ од временските услови, како да е јули а не декември.

Превојот Стража е блокиран и не може да се помине. Автопатот Скопје-Тетово-Гостивар, кој е од клучно значење, не е исчистен, а движењето по превојот Плетвар е отежнато, со сериозни ризици за возачите. Патот до Галичник е непрооден веќе еден месец, оставајќи го локалното население во целосна изолација. Граѓаните се оставени сами на себе, додека Македонија пат и Министерството за внатрешни работи не покажуваат никаква координација или способност за решавање на проблемите.

Летото зад нас го обележаа катастрофални пожари, при што изгореа десет проценти од територијата на државата, поради несоодветно управување и задоцнета реакција. Наместо да научи од своите грешки, власта продолжува со истата епска неспособност и денес, во зимски услови, го доведува населението во сериозен ризик.

СДСМ уште еднаш укажува дека ВМРО-ДПМНЕ мора веднаш да престане да ги игнорира своите обврски кон граѓаните и да почне да работи, да управува со државата со сериозност и одговорност. Ако не се способни да го направат тоа, нивното место е надвор од власта, бидејќи државата и нејзините граѓани заслужуваат подобро!, се наведува во партиското соопштение.

Британските возачи ги избегнуваат автомобилите со ознака „Б“– знак дека зад воланот е лош возач

Кога возачите ќе го положат возачкиот испит, се претпоставува дека ги совладале сите вештини потребни за безбедно возење.

Сепак, секојдневно на улиците наидуваме на оние на кои одредени основни маневри, како што е паркирањето, сè уште се предизвик, објави Ауто Клуб.

Инспирирани од постоечките налепници како белата „L“ која се користи за означување на возилата на кандидатите кои се на обука и зелената „P“ наменета за новите возачи, во Велика Британија е воведена нова налепница - „Б“ за лошо паркирање.

Овој знак е наменет да го привлече вниманието на другите возачи за да обезбедат дополнително трпение и простор за возачите кои имаат проблеми со маневрирањето при паркирање.

Според Scrap Car Comparison, која ја потекна идејата, налепницата „B“ е достапна бесплатно во ограничен број преку нивната веб-страница. Широка примена се очекува следната година.

Од компанијата велат дека целта на оваа иницијатива е да се поддржат возачите кои имаат вознемиреност или несигурност при паркирање, со надеж дека дополнителниот знак ќе им помогне да стекнат доверба.

Сепак, мислењата се поделени. Додека некои сметаат дека идејата е корисна, сообраќајните експерти ја критикуваат нејзината имплементација. Според нивното мислење, наместо да користат налепница, возачите треба да бараат дополнителна обука за да ги подобрат своите возачки способности.

Лансирањето на оваа налепница следи по истражувањето на Scrap Car Comparison, спроведено на 1.390 возачи кои признале потешкотии при паркирање. Резултатите покажуваат дека сопствениците на германските премиум брендови најчесто го нагласуваат овој проблем.

Најголем процент од испитаниците кои имаат проблеми со паркирањето се сопственици на BMW - дури 68% од нив веруваат дека би можеле да ги подобрат своите вештини. Следат возачите на Audi (64%) и Mercedes (63%). Проблемот не им избега на сопствениците на јапонски автомобили, како Honda (63%) и Toyota (51%), додека Kia (48%) и Citroen (47%) се нешто подолу на листата.

Ова се марките со најголем процент на возачи кои признаваат дека имаат потешкотии при паркирање:

• BMW: 68%

• Audi: 64%

• Mercedes-Benz: 63%

• Хонда: 63%

• Тојота: 51%

• Kia: 48%

• Citroen: 47%

• Форд: 47%

• Hyundai: 46%

• Fiat: 45%

Дали налепницата „Б“ е решение или уште еден проблем? Останува да се види дали оваа идеја навистина ќе им помогне на возачите или ќе предизвика дополнителни контроверзии меѓу експертите и јавноста.

притисни ентер