Поранешниот претседател на Перу, Толедо осуден на 20 години затвор за корупција

Поранешниот перуански претседател Алехандро Толедо вчера беше осуден на 20 години и шест месеци затвор за примање мито во врска со корупцискиот скандал во кој е вмешан бразилскиот градежен гигант „Одебрехт“.

Судот во Лима утврди дека Толедо, кој управуваше со Перу од 2001 до 2006 година, прифатил мито од 35 милиони долари во замена за договор за изградба на делот Меѓуокеански автопат кој го поврзува Рио де Жаниеро со Лима.

Притоа 78-годишникот и нанел финансиска штета на државата, пресуди судот. Случајот, познат како афера „Одебрехт“, се смета за најголемиот корупциски скандал во Латинска Америка.

Перу имаше издадено налог за апсење на Толедо во 2017 година и побара негова екстрадиција од Соединетите држави, каде што побегна откако ја напушти функцијата. Тој беше приведен во САД во 2019 година и следеше долготраен правен процес. Минатата година Толедо им се предаде на американските власти и беше екстрадиран во Перу.

Толедо ги отфрли обвинувањата и рече дека е жртва на политички прогон.

Американското Министерство за правда соопшти дека градежниот гигант, основан од германски имигранти, платил речиси 800 милиони долари мито на поединци во 12 земји.

Градежните проекти често завршуваа со експоненцијално повеќе од планираното. На пример, делот од автопатот Меѓуокеански во Перу на крајот чини 2,1 милијарда долари наместо планираните 850 милиони долари.

Купиле стара куќа, па добиле мистериозно писмо од кое дознале голема тајна (ВИДЕО)

Младиот пар Кортни и Мет се вселиле во нов дом - куќа стара 130 години, чија локација не е откриена. Планирале реновирање, а потоа добиле мистериозно писмо од Канада.

Тие решиле да го споделат необичното откритие на TikTok, веројатно не сфаќајќи го интересот што ќе го создаде.

@living_in_history We have secret rooms!?!? #secretroom #secretroomcheck #historichome #livinginhistory #hiddencompartment ♬ original sound - Courtney & Matt

Така, сѐ започнало со писмо адресирано до новите станари, додека испраќачот се потпишал како „последниот член на семејството Медисон“, поранешните сопственици на куќата и имотот.

„Дозволете ми да се претставам. Јас сум единствениот преживеан член на семејството кој израснал во таа куќа. Би сакал да ги откријам нејзините тајни и работи кои не ви ги кажале пред да се преселите“, пишувало во мистериозното писмо.

Некои веројатно би се исплашиле, но не Кортни и Мет. Тие решиле да ја истражат енигмата и започнале филмска авантура, пренесува New York Post.

Следејќи ги упатствата, тие почнаа да ја истражуваат куќата во викторијански стил и откриле тајни простории и прегради!

Прво, тие отвориле скриен шкаф над каминот во големата дневна соба. Старински , правливи пијалоци биле скриени зад лизгачкиот панел со огледало.

Пронашле бурбон, лименки пиво, шери, како и стари, неотворени шишиња француско вино од 1970 година и Каберне Совињон од 1989 година.

@living_in_history Part 2! #secretroom #secretcompartments #prohibition #hiddenbar #historichome #livinginhistory #thewatcherhouse ♬ original sound - Courtney & Matt

Потоа пронашле и тајна соба во која можело да се влезе од бањата.

„Изгледа морничаво, не знаевме за што се користела претходно“, рече Кортни.

Спроти бањата нашле друга врата зад која имало простран магацин.

„Се обидуваме да се договориме како да го користиме во иднина“, додаде таа.

@living_in_history Part 3! #secretroomcheck #historichome #oldhousetiktok #historichomes #wegotaletter ♬ original sound - Courtney & Matt

Младиот брачен пар подоцна открил дека поранешните сопственици оставиле старински мебел и други уреди во куќата, вклучително и музичка кутија која „емитува“ необична мелодија.

После сѐ што поминале, тие се воодушевени од необичното откритие и богатата историја на куќата во која живеат.

Само во Јапонија: Шефот на полицијата се поклони пред неправедно осуден човек (ВИДЕО)

Началникот на јапонската полиција лично му се извини и му подари подарок на човек кој поминал 58 години во затвор за злосторство што не го направил.

Ивао Хакамада (88) чекал погубување повеќе од 50 години пред да биде ослободен на повторното судење минатиот месец.

Окружниот суд во Шизуока утврдил дека полицијата и обвинителството работеле заедно на фабрикување и подметнување докази против поранешниот боксер и употребиле насилство за да го принудат да признае. Такајоши Цуда, началникот на полицијата на префектурата Шизуока, го посети Хакамада во неговиот дом за лично да му се извини.

Стоејќи пред Хакамада, Цуда длабоко се поклони и рече: „Жал ни е што ви предизвикуваме неискажана болка и товар цели 58 години. Ужасно ни е жал“.

Хакамада, кој е во лоша здравствена состојба, одговорил: „Што значи да се има авторитет... Кога имаш моќ, не треба да мрмориш“.

Хидеко Хакамада, 91-годишната сестра која во текот на судскиот процес беше покрај својот брат и сега живее со него, му се заблагодари на началникот на полицијата што ги посетил. Таа им рече на новинарите дека нема смисла да му се жали по сите овие години, бидејќи Цуда „не бил вклучен во случајот и ги посетувал само како дел од неговата должност“.

Да потсетиме дека Хакамада беше осуден на смрт во 1968 година. Тој беше прогласен за виновен за убиство на сопругата и нивните две деца и неговиот поранешен шеф. Тој избегнал егзекуција поради долгиот процес на жалба. Поминал 27 години во затвор кога неговата прва жалба била одбиена.

Втората жалба, поднесена во 2008 година од неговата сестра, била усвоена во 2014 година и било наредено повторно судење. Хакамада станал светски рекордер затоа што никој не чекал толку долго на извршување на смртната казна како тој.

За време на новото судење, се појавија прашања за облеката обоена со крв за која иследниците рекоа дека му припаѓала и била пронајдена повеќе од една година по неговото апсење. Анализата утврдила дека примероците од крвта не му припаѓаат на Хакамада, а панталоните кои обвинителите ги доставиле како доказ, му биле премали.

Се појавија нови снимки на севернокорејски војници во Русија, стигнале во базата (ВИДЕО)

На социјалните мрежи денеска се појавија нови видеа на кои наводно се гледаат севернокорејски војници кои дошле на обука во Русија.

Како што објави Киев пост, на снимката наводно се гледа пристигнувањето на севернокорејските војници во руската воена база во Сергеевка, на Далечниот исток.

Воената база Сергеевка се наоѓа на околу 200 километри од границата со Северна Кореја.

„Сојузниците пристигнаа од Северна Кореја. Се надеваме дека ова ќе стави крај на војната“, рече лицето кое го снимало видеото на јакутски јазик.

притисни ентер