Поранешниот евроамбасадор во Македонија, Аиво Орав ја добива истата функција во соседството

Европската унија денеска назначи нов специјален претставник на ЕУ во Косово, естонскиот дипломат Аива Орав (59), која ќе ја преземе функцијата на 1 септември 2024 година, за почетен период од две години.

Орав, кој во изјавата на Советот на ЕУ е опишан како естонски дипломат со големо национално искуство и искуство во ЕУ на широк спектар позиции, ќе го наследи Томас Суниог, кој е шеф на Канцеларијата на ЕУ во Приштина од 2020 година. .

Како што се наведува во соопштението на Советот на ЕУ, Орав „ќе игра водечка улога во промовирањето на стабилно, мирно, демократско и мултиетничко Косово кое соработува со регионот“.

„Тој, исто така, ќе ја поддржи европската перспектива на Косово и приближувањето кон ЕУ и ќе го следи, помага и олеснува напредокот во однос на политичките, економските и европските приоритети“, се вели во соопштението.

Орав во моментов е постојан претставник на Естонија во ЕУ, а од 2016 до 2020 година беше шеф на делегацијата на ЕУ во Црна Гора и од 2012 до 2016 година шеф на делегацијата на ЕУ во Македонија.

Како што е наведено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Естонија, Орав бил амбасадор во Либан, со резиденција во Турција, амбасадор во Азербејџан со резиденција во Турција, амбасадор во Турција, политички директор на Министерството за надворешни работи на Естонија, амбасадор во Македонија со резиденција во Полска, Естонија и Турција, амбасадор во Бугарија со резиденција во Полска.

Бил и амбасадор во Романија со резиденција во Полска, амбасадор во Полска, директор на Одделот (безбедносна политика и меѓународни организации) во Политичкиот оддел во Министерството за надворешни работи на Естонија, прв секретар (НАТО, ЕУ) во политичкиот Оддел во Министерството за надворешни работи на Естонија, прв секретар на Постојаната мисија на Република Естонија при ОБСЕ во Виена, втор секретар (ОБСЕ) на Политичкиот оддел во Министерството за надворешни работи на Естонија и наставник во Гимназија бр. . 1 „Образование и обука на Куресааре“.

Дипломирал на Универзитетот во Тарту на Факултетот за физика и хемија.

Зборува англиски, руски, француски и бугарски.

Оженет е и има три деца.

Струмичките пожарникари транспортираа повреден велосипедист од планината Беласица

-Тим од четворица струмички пожарникари со теренско возило транспортираа повреден велосипедист од планината Беласица, кој претпладнево излетал во провалија на планината Беласица, на местото „Ѓаволски мост“, соопштија попладнево од ТППЕ Струмица.

-Тим од четворица струмички пожарникари со теренско возило транспортираа повреден велосипедист од планината Беласица, кој претпладнево излетал во провалија на планината Беласица, на местото „Ѓаволски мост“, соопштија попладнево од ТППЕ Струмица.

-Велосипедистот спуштајќи се по патеката излетал во провалија и се здобил со повреди при што од неа бил извлечен од други велосипедисти. Со теренското возило на ТППЕ Струмица заедно со тим на брза помош е префрлен до село Борисово каде е преземен од возило на брза помош и пренесен во Медицински центар Струмица, се наведува во информацијата од струмичките пожарникари.

Тие апелираат до граѓаните на крајна внимателност кога престојуваат или се движат во планина со цел да се избегнуваат такви несреќни случаи.

Македонските ракометари поразени во Литванија

 Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби на гости од Литванија со 29:27 во 2. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2026.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров не успеаја да одговорат на агресивната, на моменти и груба игра од домаќините. Во неколку наврати словачките судии не ги санкционираа прекршоците на Литванците и им овозможија лесни голови во транзиција.

Најефикасни во македонскиот состав беа Филип Кузмановски со осум, Мартин Серафимов и Жарко Пешевски со пет погодоци.

На другиот натпревар од Групата-1, Словенија ја победи Естонија на гости со 29:28.

Табела: Словенија 4 бода, Македонија 2, Литванија 2, Естонија 0.

Директен пласман на ЕП 2026 ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации по завршување на групната фаза.

Фото: Наследничката Наоми Кембел!

Убавата Анок Јаи е американски модел по потекло од Јужен Судан. 

26 годишната манекенка забрзано чекори во модниот свет и соработува со многу светски дизајнери.

Атрактивната Анок во светот на моната веќе ја носи и титулата „наследничка на славниот топ модел Наоми Кембел“.

Таа денес е една од најпопуларните манекенки во светот и најинтересните појави на модната сцена.

За Анок многумина велат дека е најубавата меѓу манекенките – девојката со најубави нозе на модната писта.

Анок Јаи има посебен сензибилитет.

Како професионален модел од 2017 година, Анок соработува со куќите Mugler, Versace и Saint Laurent. Таа беше првата афроамериканка по Наоми Кембел која отвори ревија за Прада на модната недела во Милано 2018 година.

Анок, инаку, често ја споредуваат со познатата Наоми Кембел. Има слична енергија, но и дива страна.

Минатата година Јаи ја освои наградата за модел на годината на models.com, во конкуренција на познати имиња како Бела и Џиџи Хадид, Ирина Шајк и Кендал Џенер. Таа беше и главната ѕвезда на овогодинешната „Модна недела“ во Париз.

притисни ентер