Поранешен лидер на банда е убиецот на раперот Тупак Шакур пред 30 години

Дваесет и седумгодишната истрага доведе до осомничениот за убиството на раперот Тупак Шакур, кој стана легенда.

На 13 септември 1996 година го загуби животот во пукање - од возило во движење, на 25-годишна возраст.

Тупак бил ранет додека возел. Тој бил во БМВ, управуван од музички продуцент, во колона од десет автомобили.

Бел кадилак застанал на црвено на семафор и почнало пукањето.

Со неколку рани од куршуми, Шакур починал седум дена подоцна во болница во Лас Вегас.

Дуан Кит Дејвис, кој сега има 60 години, е роден во Калифорнија. На многумина во светот на забавата им е познат како „Кефе Д“, тој е самопрогласен член на банда со седиште во Калифорнија.

Дејвис се прославил како еден од ретките живи сведоци на убиството на Шакур откако бил прикажан во телевизиски специјали на мрежите како A&E, USA Network и Fox.

Во 2018 година, во интервју за BET, тој призна дека бил во Кадилакот кога Шакур бил убиен. Тој го вмеша својот внук, покојниот Орландо „Бејби Лејн“ Андерсон, велејќи дека тој е едно од двете лица на задното седиште од каде што пукале.

Дејвис е обвинет за едно убиство со смртоносно оружје и намера за помагање на криминална банда, изјави окружниот обвинител на округот Кларк, Стивен Б. Волфсон за новинарите за време на прес-конференцијата.

Дејвис треба да се појави на суд во следните неколку дена по обвинението за убиство.

Долгоочекуваниот прекин во случајот доаѓа два месеци откако властите во Невада добија налог за претрес и упаднаа во дом поврзан со Дејвис на 18 јули 2023 година.

Домот ѝ припаѓал на сопругата на Дејвис, објави АП, а полицијата во Лас Вегас ги запленила следниве предмети: мобилен телефон, лаптопи, хард диск, фотографии, списание со Шакур, куршуми од калибар 40 и копија од биографијата на Дејвис од 2019 година. , „Legend of Compton Street.“ пишува US Today.

Според неговите мемоари, достапни на Амазон, Дејвис бил „поранешен платен убиец“ и главен командант на мултимилионска операција за дрога со седиште во Комптон.

„Озлогласениот Суџ Најт, поранешен извршен директор на Death Row Records и јас сме единствените живи очевидци на смртоносната престрелка на Лас Вегас Стрип меѓу патниците во нашите две возила“, напиша Дејвис во резимето, нарекувајќи го инцидентот „насилна пресметка“.

„Тоа доведе до смрт на две од најголемите ѕвезди на хип-хопот (Тупак Шакур и Кристофер Валас, познат како B.I.G.) и ја промени историјата на хип-хопот засекогаш“.

Борел: Потребен е напредок на учесниците во дијалогот за состојбите во Западен Балкан

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, објави дека шефовите на дипломатиите на членките на НАТО на синоќешната средба во Брисел имале важна размена на мислења за состојбите во Западен Балкан.

-Ги информирав шефовите на дипломатиите за актуелната ситуација во однос на дијалогот што се води под покровителство на ЕУ. Потребен е напредок на учесниците во дијалогот, напиша Борел на социјалната мрежа „Х“.

Тој укажа на важноста БиХ да го искористи моментот за одлучувачки напредок на патот кон членството во ЕУ.

Пред почетокот на министерскиот состанок на НАТО во Брисел, чија агенда го вклучува Западен Балкан, Борел рече дека мисијата ЕУЛЕКС на Косово ќе продолжи да соработува со КФОР за обезбедување стабилност и безбедност на северот на Косово, соопшти Европската служба за надворешна политика.

Борел додаде дека стабилноста и просперитетот на земјите од Западен Балкан и нивното усогласување со надворешната политика на Унијата се од витално значење за ЕУ.

Мбапе: Мора да победиме во Дортмунд, бидејќи сакаме да го заземеме првото место во групата

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе не се откажува од првото место во групата во Лигата на шампионите и покрај „киксот“ со Њукасл во 5. коло.

Парижаните синоќа на домашен терен одиграа 1:1 спасувајќи се од пораз со пенал во осмата минута од судиското надополнување.

- Резултатот е тешко да се прифати, имавме толку многу шанси за гол. Во фудбалот може да се биде подобар, но не и да се победи. Така се случи вечерва. Во Дортмунд треба да победиме бидејќи сакаме да го заземеме првото место во групата. Мојата работа е да постигнувам голови и да им помагам на моите момци. Сепак, можев повеќе да му помогнам на мојот тим бидејќи имав многу шанси. Во Лигата на шампионите треба да постигнете гол кога имате можност. Имавме 9-10 шанси, но не ги реализиравме, з ана крај да се спасиме со пенал, изјави Мбапе за „TNT Sports“.

На едно коло пред крајот во Ф-групата, Борусија Дортмунд е лидер со 10 бода, ПСЖ има седум, Њукасл и Милан собраа по пет бода.

Потрагата по 14 годишната Вања се уште трае, но нема информации каде е девојчето

Потрагата по 14 годишната Вања од Скопје се уште трае, но засега нема никакви информации каде е девојчето.

Полицијата објави нејзина фотографија и опис во билтенот за исчезнати.. МВР ги истражува сите можни мотиви и причини за нејзиното исчезнување.

Фотографии од девојчето се залепени во центарот на градот со надеж дека некој од минувачите ќе се присети на било каква информација.

Последниот сигнал кој бил забележан од нејзиниот телефон бил лоциран на Партизанска спроти Универзалната сала.

Вања во училиште заминала завчера изутрина во 7.20 часот а веќе во 7.35 била недостапна. Според мајката девојчето пред заминување било расположено и не се пожалило на никаков проблем.

притисни ентер