Помали земјотреси во близина на севернокорејски полигон за нуклеарни проби

Најмалку четири земјотреси, од кои сите природни, ја погодија областа во последните пет дена, според Корејската метеоролошка агенција (КМА) во Сеул.

Серија помали земјотреси се случија во близина на севернокорејски полигон за нуклеарни проби, соопшти денеска Јужна Кореја, што укажува на геолошката нестабилност на областа во време кога Северна Кореја сугерира дека може да продолжи со нуклеарни проби за првпат од 2017 година.

Најмалку четири земјотреси, од кои сите природни, ја погодија областа во последните пет дена, според Корејската метеоролошка агенција (КМА) во Сеул.

Последниот се случил денеска претпладне и бил со јачина од 2,5 степени со епицентар на околу 36 километри од полигонот за нуклеарни проби Пунгје-ри.

Пунгје-ри во североисточна Северна Кореја е единствениот познат полигон за нуклеарни проби. Последната позната проба беше извршена во септември 2017 година кога беше активирана шестата и најголема нуклеарна бомба досега. Пјонгјанг објави дека се работи за термонуклеарна бомба и тврди дека со тоа ја комплетирал својата нуклеарна сила.

Во следните недели, во близина на базата се случија серија земјотреси и лизгање на земјиштето.

Северна Кореја го затвори полигонот во 2018 година пред помала група странски новинари и не им дозвола на меѓународни експерти да го проверат тоа.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун вели дека повеќе не е обврзан да се придржува до самонаметнатиот мораториум на нуклеарни проби, а земјата во јануари соопшти дека размислува да продолжи со тестирање на нуклеарно оружје со долг дострел и балистички ракети затоа што преговорите со САД и сојузниците не напредуваат.

Никовски: Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава

„Проширување, ви тврдам со најголема одговорност, нема да има наредни 15 години“

Проширување, ви тврдам со најголема одговорност нема да има наредни 15 години може ќе ја примат само Црна Гора колку да покажат дека не се затворени. И веројатно ќе нема втора лига која веќе се подготвув преку европската политичка заедница која веќе функционира и она што рече Фон Дер Лајен преку 4 -те столба заедничкиот пазар преку кој ќе не уништат економски, регионална економска соработка, реформи и четврто се овие пари што ги ветуваат. Ќе даваат повеќе пари за да не' држат како приврзок. Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава, рече Ристо Никовски во Само Вистина.

Несреќно селфи- се качил на воз, го удрила струја и завршил со изгорени гениталии (ВИДЕО)

Неименуваниот тинејџер бил хоспитализиран во тешка состојба откако се качил на воз и дошол во контакт со жици.

Инцидентот се случил во Електроугли, на околу 50 километри од Москва. Сакал да направи видео за социјалните мрежи, но работите тргнале наопаку.

Додека се качувал на локомотивата, случајно допрел пантограф, што предизвикало силен струен удар, пишува Дејли мејл.

„Наместо видео и лајкови, тој се здоби со повреди кои ќе ги памети цел живот, доколку лекарите го спасат“, се вели во еден од извештаите.

Струјата го удрила 15-годишникот во препоните, а тој завршил со тешки изгореници на гениталиите.

На социјалните мрежи се објавени видеа од момчето како се грче во агонија, додека предниот дел од панталоните му е изгорен. Може да се види како добива помош пред да биде однесен во болница.

Тиктокер фрлал 24.000 евра од дрон, во хаосот е повредено дете (ВИДЕО)

Тиктокер кој себеси се нарекува Oracle предизвикал метеж во парк во Цирих откако исфрлил 24.000 евра од дрон.

Претходно на интернет ги откри своите планови, па се собраа значителен број граѓани. Во општиот метеж и тепачка за пари е повредено 12-годишно момче.

Споменатиот тиктокер го крие лицето зад златна маска, а на популарната мрежа покажал огромна вреќа со пари што ја закачил на дрон.

„Нешто пред 20 часот над паркот беше подигнат дрон. Во настанатата гужва со остар предмет е повредено момче од Доминиканската Република“, соопштија од полицијата.

Тој е префрлен во болница, а на снимката од паркот се гледа најмалку едно возило на брза помош, пренесува Билд.

Полицијата не објаснила за каков „остар предмет“ станува збор, а не се знае ни што се случило со дронот.

@oraclecomicsschweiz

💸 für e goldigi zuekunft

♬ Originalton - Oracle Comics

Тиктокер може да се најде во голема неволја, бидејќи овој „настан“ не бил одобрен. Неговиот идентитет им е познат на властите, но не е објавен.

„Сакаме да дознаеме за каква цел е организирана акцијата“, изјави портпаролот на полицијата.

притисни ентер