Семјуел Чен е физикален терапевт од Њујорк, кој открива на што задолжително треба да внимавате.
Како што старееме, вежбањето е сè поважно, особено истегнувањето, кое многу луѓе го занемаруваат. Ова е голема грешка бидејќи флексибилноста е вистински показател за здравјето. Многу едноставна вежба, која подразбира да се наведнете и да се обидете да си ги достигнете прстите на нозете, може да биде првиот сигнал дека нешто можеби не е во ред.
Редовното истегнување може да ви помогне да го подобрите вашето држење, да се ослободите од мускулната напнатост и да го намалите ризикот од повреда.
Одличен показател за флексибилноста е оваа едноставна вежба. Обидете се да се наведнете и да ги допрете прстите на нозете споени една до друга и исправени во колената.
Ако не можете да го направите тоа, крајно време е да работите на вашата флексибилност.
Овој физиотерапевт од Њујорк, открива што вашето тело се обидува да ви каже доколку не можете да ја направите оваа вежба.
Чувствувате грчеви во задниот дел на нозете и листовите
Можеби вашето тело ви вели: Имате слаби потколеници.
– Понекогаш слабоста во телото може погрешно да се протолкува како слаба флексибилност – вели Чен.
Во некои случаи, чувството на стегање или затегнатост во задниот дел на нозете додека се обидувате да ги допрете прстите, всушност може да укажува на слаби потколеници наместо на недостаток на флексибилност.
Чувствувате затегнување во долниот дел на грбот
Можеби вашето тело ви вели: Имате проблем со слаба подвижност и оштетување на нервите.
Вежбите за подвижност, како што е активното истегнување на потколениците, можат да помогнат во ублажување на оваа непријатност.
Сепак, освен на вежбањето, важно е да внимавате и на вашето држење, како и на тоа како седите.
- Бидејќи ишијасот доаѓа од 'рбетниот столб, седењето е многу важно, обидете се да имате потпора на долниот дел од грбот - советува Чен.
Покрај тоа што целото стапало треба да го допира подот доколку седите подолго време, ставете перница на столчето за да дополнителна поддршка, пренесува livestrong.com.