Потребни состојки: 2 црвени пиперки, 2 модри патлиџана, 2 тиквички, 2 домата, 200 гр. презла, неколку чешни лук, малку магдонос, неколку печурки и сол по вкус.
Постапка:
Во подлабок сад со презла се додава: ситно сечкан лук, малку магдонос и малку вода.
Состојките треба добро да се промешаат.
Зеленчукот се сече на половина и заедно со печурките се реди во тава со пекарска хартија.
Зеленчукот се посолува и се полни со смесата од презла, лук и магдонос.
Се полева со масло, се додава малку вода и се покрива со алуминиумска фолија.
Се пече во загреана рерна околу 25 минути на температура од околу 180 степени.