Политичарите во САД бараат од Бајден јасна демонстрација на сила за руските постапки

Мајк Помпео, поранешен државен секретар, во коментар за Фокс њуз укажа дека САД треба да направат исчекор и да одговорат на заканите од Владимир Путин. 

Претседателот Џо Бајден планира да го притисне Владимир Путин да се зауздаат кибер нападите организирани од руска територија, се очекува да побара повлекување на руските воени формации од Украина и сигурно ќе му каже да запре со мешањето во изборите на САД.

Средбата Бајден-Путин доаѓа по постојаните злонамерни активности на Русија против САД, меѓу кои се низата кибер напади со штетен софтвер врз државни и приватни ентитети во САД, затворот за опозицискиот лидер Алексеј Навални или принудното слетување на авионот на „Рајанер" за апсење на белоруски опозициски новинар. Поради сето ова, јавноста во САД се прашува дали има потреба од средба со Путин и зошто самитот не е откажан.

Рускиот претседател, според познавачите, само може да ќари од фотографирањето со Бајден.

-Претседателот се среќава со претседателот Путин не наспроти, туку токму заради овие работи. За да може да разговара со него директно, и јасно, за овие продлабочени разлики. И да се види дали може да имаме попредвидиливи и стабилни односи, изјави државниот секретар Ентони Блинкен во интерву синоќа за телевизијата Еј-Би-Си.

Според него, „ако Русија одбере да продолжи со своето агресивно и неодговорно однесување, ние ќе одговориме со многу сила, како што претседателот веќе направи, кога одговори на мешањето во изборите, на нападот на Навални, на кибер нападите на СоларВиндс".

Според Макл Мекаул, републикански конгресмен од Тексас, „претседателот треба да му демонстрира, да му каже на Путин дека ако продолжи да го прави тоа, ќе има последици на неговите акции".

-Тие го подготвуваат ова одамна. Тоа е неверојатно. Мислам дека е време да започнеме да мислиме за одговор. Кога се дава атрибуција, тие треба да знаат дека ќе има последици на нивните акции и дека ќе возвратиме со удар. Сѐ додека не го направиме тоа, тие ќе продолжат со своето лошо однесување, изјави конгресменот за Еј-Би-Си.

Мајк Помпео, поранешен државен секретар, во коментар за Фокс њуз укажа дека САД треба да направат исчекор и да одговорат на заканите од Владимир Путин.

-Дали тоа се кибер или кинетички или какви и да било други информациски напори кои Путин се обидува да ги наметне на Америка, ако претседателот Бајден е слаб, изјави Помпео.

На средбата со Путин, „претседателот Бајден доаѓа од НАТО самит, и после тој самит НАТО се очекува да се произнесе за тоа како би изгледал Членот 5 во дигиталниот свет. Бајден треба да ја истаке таа позиција пред него", истакна Вил Херд, републикански конгресмен од Тексас.

-Имаме поранешен претседател кој поради разни причини – лични, политички, финасиски, Русите врз него имаа влијание, кој само се повинуваше на Путин, му правеше услуги, на начин мошне понижувачки за САД. И кога Путин слуша за нарушените права на своите луѓе, тој се смее. Тој е разбојник. Но тој е шеф на важна држава и поради наведените проблеми, претседателот треба да се сретне со него. И мислам дека тој ќе сретне многу поинаков претседател отколку оној кој беше во негова милост, демократката Ненси Пелоси, спикер на Претставничкиот дом, изјави синоќа за Си-Ен-Ен.

Вашингтон пост јавува дека некои руски официјални лица ја спремаат сцената за исмејување на умствените способности на претседателот Бајден.

Тој повеќепати досега укажа дека ќе се презамат одлучни акции ако Русија продолжи со „штетните активности", но призна дека и неговата моќ не е безгранична, пишува весникот.

-Нема гаранции дека може да се смени поведението на некоја личност или поведението на неговата држава. Автократите имаат огромна моќ и тие не прават отчет на својата јавност дома. И факт е дека најверојатно така и ќе биде, ако одговорам на начин кој нема да го разубеди и тој да продолжи со тоа што го прави, изјави Бајден во неделата.

Спречен е терористички напад во Истанбул- уапсени се судуммина осомничени

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја денеска соопшти дека во Истанбул се приведени седуммина осомничени за подготовка на терористички напад во име на терористичката група Исламска држава.

Тој на платформата Х изјави дека експлозивите запленети при апсењето можеле да предизвикаат експлозија од „големи размери“.

Според неговите зборови, во истанбулскиот кварт Бејкоз е приведен К.

Јерликаја неодамна објави дека од 1 јуни 2023 година до 22 април годинава биле приведени речиси 3.000 осомничени за соработка со Исламската држава.

Столтенберг ненајавено пристигна во Украина: Не го исполнивме ветувањето, оружјето ќе пристигне

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска за време на ненајавената посета на Украина изјави дека земјите членки на таа алијанса не ги исполниле ветувањата за воена помош за Киев во последните месеци.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска за време на ненајавената посета на Украина изјави дека земјите членки на таа алијанса не ги исполниле ветувањата за воена помош за Киев во последните месеци, но вети дека сега ќе се зголемат испораките на оружје и муниција.

„Ќе бидам многу искрен со претседателот Зеленски и во парламентот и ќе кажам дека сојузниците во НАТО не го исполнија она што го ветивме во последните месеци. САД потрошија шест месеци за да се договорат за пакетот, а европските сојузници не ја доставија муницијата што ја ветивме Но, сега сум убеден дека тие ќе ги променат работите“, рече тој во возот со кој отиде во Киев.

Тој рече дека очекува други „нови обврски“.

„Тоа ќе направи разлика - исто како што недостатокот на поддршка направи разлика“, рече тој, алудирајќи на неуспесите на Украина на бојното поле, според Ројтерс.

Тој исто така изјави дека „Русите платиле висока цена за маргинална територијална придобивка“ и оцени дека Украина сепак може да ги „сврти работите“.

„Не е доцна Украина да надвладее и затоа е толку итно сојузниците од НАТО да го сторат она што го ветивме и да ги претворат тие обврски во вистински испораки на оружје и муниција“, рече тој.

Столтенберг се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а треба да се обрати и во парламентот.

Ова е негова трета посета на Украина од почетокот на војната.

Николоски: Планираме гарантирани цени на откуп за клучните сорти грозје

Денеска сме во посета на Винскиот музеј во Кавадарци, ќе имаме средба со производителите на вино, за жал состојбата не е добра од сето она што можам да го прочитам како анализа и како податоци производството е намалено, извозот е намален.

Производството е намалено некаде за околу 8 милиони литри, а додека извозот е намален за околу 4 милиони евра годишно, така да тоа се лоши цифри. Споредувам 2023 година со 2016 година и тоа се лоши цифри кои говорат дека не се води правилно политика во делот на производството на вино.

Тука мислам дека една од причините е лошата политика на субвенционирање, ниските откупни цени на грозјето, но исто така и монополот кој го имаме во производството на вино и на пазарот, ќе треба сериозно да работиме во однос на поправање на работите на секторот.

Она што планираме да го направиме е да имаме гарантирани цени на откуп, во однос на клучните сорти на грозје, исто така промена на системот на субвенции кој ќе значи повеќе субвенции за производителите.

Возобновување на водоснабдителните системи и изградба на нови. И секако, можеби најзначајното, возобновување на Повардарие со цел да се зголеми конкуренцијата и да, исто така, се подобрат цените и се подобри производството.

Во однос на малите и средните винарии, планираме целосно нов систем на субвенционирање со цел да ги поттикнеме да растат, да извезуваат и да се борат и на домашниот пазар, но секако и на меѓународниот пазар, затоа што сметаме дека малите и средни винарии, она што се нарекува семејни винарии, средни винарии се иднината на Македонија и таму што ќе можеме да понудиме најдобар производ.

Еве ќе поразговараме сега, ќе можеме да ги видиме и другите детали, но ова е она што во суштина на нашата политика,рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4.

притисни ентер